Во периодот октомври и ноември 2023 година до Уставниот суд се поднесени 25 иницијативи по коишто се формирани нови предмети предмети за работа. Уставниот суд за одредени предмети објави посебни соопштенија во моментот на нивно формирање поради интерес во јавноста, а дел од нив веќе ја завршија и фазата на претходна постапка.
1. Реферат У.бр.176/2023
Оспорен: Член 12 од Законот за адвокатура и член 67 став 2 од Статутот на Адвокатска комора на Република Северна Македонија.
Подносител: Стевче Стојанов
Од содржина на оспорената одредба:
Член 12
Во Именикот на адвокатите може да се запише лице, кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност и ги исполнува следниве услови:
Од наводите во иницијативата:
Подносителот смета дека се нарушува владеењето на правото со тоа што се бара адвокат да биде лице кое “ужива углед и е достојно” бидејќи според него станува збор за морална, а не правна норма која не смее да биде услов и предмет на нормативно регулирање, ниту пак е нешто кое може да се утврди низ законска и правна постапка.
2. Реферат У.бр.177/2023
Подносител: Основен суд Охрид
Од наводите за решавање на судир на надлежност:
Подносителот бара од Уставниот суд да утврди чија е стварната надлежност дали на Основниот суд Охрид или на Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда за одлучување по барање за трансфер на осуденикот Б.П. во казнено-поправна установа во Република Бугарија.
3. Реферат У.бр.178/2023
Оспорен: Одлуката за времен прекин на дел од постапките со кои се спроведува ДУП Градска четврт С3 03, Општина Ѓорче Петров, бр.08-1360 од 13.07.2023 година
Подносител: Државен инспекторат за локална самоуправа
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека Одлуката со која времено се прекинуваат дел од постапките со кои се спроведува посочениот ДУП е во спротивност со Законот за урбанистичко планирање. Според подносителот спорен е терминот „времен прекин” и тој тврди дека Законот не го познава тој термин и Советите на општините на град Скопје немаат надлежност за времен прекин на дел од постапките.
Оспорен: Законот за данок за солидарност
Подносител: Подносител: Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска
Од наводите во иницијативата:
5. Реферат У.бр.180/2023
Оспорен: Одлука за времен прекин на дел од постапките со кои се спроведува ДУП Градска четврт Ц3, општина Ѓорче Петров бр.08-1360/5 од 13.07.2023 година
Подносител: Друштво за градежништво , трговија и услуги СТ Дизајн 20202 ДООЕЛ Скопје, застапуван од управител Сања Савовска
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека правото на градење произлегува од правото на сопственост и со донесувањето на оваа одлука се ограничуваат правата коишто произлегуваат од правото на сопственост а кои веќе биле стекнати со важечкиот ДУП којшто е ставен во времен прекин. Се наведува дека сопствениците на градежното земјиште и лицата на коишто им е пренесено правото на градење со донесувањето на оваа одлука се спречени да си го остварат веќе стекнатото право на градење.
6. Реферат У.бр.181/2023
Оспорен: Одлуката за основање на друштво со ограничена одговорност со бр.08-31/11 од 24.08.2023 година
Подносител: Државен инспекторат за локална самоуправа
Од наводите во иницијативата:
Одлуката за основање на друштво со ограничена одговорност од страна на Советот на општина Вевчани, според подносителот не е во согласност со членот 22 од Законот за локална самоуправа, каде се утврдени надлежностите на општините.
7. Реферат У.бр.182/2023
Оспорен: Член 115 став 1 од Закон за пензиско и инвалидско осигурување
Подносител: Мирослав Трлин
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека поврзувањето на издвојување на средства за помош по смртта на одредено лице и членување во некоја организација или како што е во случајот здружение на пензионери е спротивно на слободата на здружувањето загарантирана со Уставот.
Оспорен: Законот за данок за солидарност
Подносител: Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски
Од наводите во иницијативата:
9. Реферат У.бр.184/2023
Оспорен: Упатството за царинска вредност 01-074865/16-0002 од 01.06.2018година и Корисничкото упатство за пребарување во каталогот бр. 01-049268/18-0002 од 21.06.2018
Подносител: Адвокат Зоран Величковски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот го оспорува тоа што на физичките и правните лица им се наметнува обврска увозните давачки за употребувани возила да ги плаќаат исклучиво со примена на податоците од германскиот каталог SchwackeNet, а тие не се објавени во Службен весник на Република Северна Македонија.
10. Реферат У.бр.185/2023
Оспорен: Член 13 став 2 и член 14 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија
Подносител: Александар Петковски
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека со членот 13 од Статутот се повредува уставно загарантираното право на членовите слободно да стапува и истапува од Синдикатот, при што со членот 14 од истиот акт дополнително се условува истапувањето од членството со одредба која му наложува на работникот да мора да плаќа членарина од 3 години откако ќе истапи од членството.
11. Реферат У.бр.186/2023
Оспорен: Наредба бр.02-502/1 од 05.04.2022 година
Подносител: Сашо Негриевски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот го оспорува актот и го смета за спротивен на Законот за заштита на личните податоци, бидејќи е принуден да извршува работи опфатени со Наредбата, кои според него се обврска на друг вработен во претпријатието.
12. Реферат У.бр.187/2023
Оспорен: Закон за данок на солидарност
Подносител: ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје
13. Реферат У.бр.188/2023
Оспорен: Член 4 од Законот за измени и дополнување на Законот за облигационите односи
Подносител: Љупчо Наумоски
Од наводите во иницијативата:
Смета дека законските измени се спротивни на основните начела на владеењето на правото и еднаквост на граѓаните пред Уставот и наведува дека има ретроатктивна примена на законот која е на штета на граѓаните.
14. Реферат У.бр.189/2023
Оспорен: Член 235 став 4 од Царинскиот закон
Подносител: Адвокат Зоран Величковски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот смета дека со наведената одредба е предвидено дека известување на должникот за долгот нема да се спроведува по истекот на рокот од три години од денот на настанувањето на долгот и дека овој рок се прекинува од моментот на поведување на постапка на управен спор се до моментот на траење на постапката, но според него не е предвиден рокот кога настапува апсолутна застареност за известување на должникот за долгот, што создава правна несигурност кај субјектите на правото.
15. Реферат У.бр.190/2023
Оспорен: Законот за данок за солидарност
Подносител: Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека се повредени неколку уставни одредби, основно владеењето на правото, правната заштита на сопственоста, слободата на пазарот на претприемништвото и според него никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Се наведува дека има повратно дејство овој закон и дека не може да се оправда со некоја социјална причина која е поповолна за граѓаните, ниту може да се утврди за кои категории на граѓани ќе се однесува.
16. Реферат У.бр.191/2023
Оспорен: Дел од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Подносител: Ристо Гоговски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека АВМУ ги пречекорила надлежностите и ги диктира формата и статусот кон работникот како страна и договарач, при што се врши дискриминација и нарушување на владеењето на правото. Смета дека не може АВМУ да дефинира каков ќе биде договорот помеѓу вработените во радио или телевизиските медиуми, туку тоа е меѓусебен договор.
17. Реферат У.бр.192/2023 и 193/2023- (Судот веќе поведе постапка по овој предмет и објави посебно известување при неговото формирање)
Оспорени: Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети
Подносител на иницијативите: Mирослав Драганов
Од наводите во иницијативите:
Подносителот наведува дека не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30%, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток. Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.
Според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.
19. Реферат У.бр.194/2023
Оспорен: Дел од Закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи
Подносител: ДПИТ Хидротерма дооел
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со овие одредби се нарушува владеењето на правото и потенцира дека оневозможувањето на извршувањето се однесува на побарувањата спрема јавните претпријатија за што доколку не се извршат, ќе бидат со тешки финансиски последици врз претпријатијата. Во иницијативата се наведува дека има нерамноправност на учесниците во облигациониот однос.
20. Реферат У.бр.195/2023
Оспорен: Правилникот за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители упис во регистар бр.0202/366 од 29.06.2023 година
Подносител: Сашо Цветановски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот укажува дека одредбата содржи технички грешки кои создаваат конфузија.
21. Реферат У.бр.196/2023
Оспорен: Член 13 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар
Подносител: Адвокат Виктор Божиновски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот смета дека оспорениот акт содржи насоки како може да се издава лиценца за работа на сметководител кои не се пропишани во Законот за трговски друштва, ниту во Законот за работни односи.
22. Реферат У.бр.197/2023
Оспорен: Член 6 т. 14 во дел „или 2021“ од Законот за данок на солидарност
Подносител: Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зекири + Партнер ДОО
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека со овој закон директно се повредуваат принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, кои се основни начела на кои се темели законот. Подносителот смета дека законот има дискриминирачка основа за компаниите основани во 2021 гфодина наспроти другите компании.
23. Реферат У.бр.198/2023
Оспорен: Член 93 од Законот за извршување
Подносител: Здружение на граѓани „Но Пасаран”, КСОМ
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека сите граѓани се дискриминирани бидејќи им е одземено правото на застарување, без оглед дали се должници или доверители и дека законот се коси со европските рокови на застареност. Притоа подносителите наведуваат повеќе европски држави со примери за роковите на застареност изразена во години.
24. Реферат У.бр.199/2023
Оспорен: Член 46 став 1 и член 62 став 1 од Законот за вештачење
Подносител: Оливер Давидовски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со оспорената одредба се ствара забуна при примената и се нарушува правната сигурност на граѓаните.
25. Реферат У.бр.200/2023
Оспорен: Член 38-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите
Подносител: Адвокат Зоран Стојановски
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека законодавецот ги пречекорил уставните овластувања со тоа што предвидел преместување на судија од еден во друг суд против негова волја.