Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.182/2023
Скопје, 20.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 71 и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20.12.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 115 став 1 во делот „и за членување во здружение на пензионери (членарина)“ и член 116 став 1 во делот „и членарината“, став 2 во деловите „и членарина“ и „начинот на распределба на членарината“ и став 4 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 53/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 27/2018, 35/2018, 220/2018, 245/20018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/2019, 275/2019, 31/2020, 94/2020, 267/2020, 67/2022 и 79/2023).
Образложение
I
Мирослав Трлин од Куманово, на 19.09.2023 година, поднесе иницијатива со која ја оспорува одредбата од член 115 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а како спорна ја наведува согласноста за запирање на дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство, условена со задолжително членување во здружението на пензионерите. Имено, според подносителот, условувањето за задолжително членување и плаќање членарина на Здружението на пензионери со писмена согласност дадена во Фондот за ПИОМ, како услов за запирање на дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на семејството, значи задолжителна членарина и тоа во линеарен износ без оглед на висината на пензијата и истото претставува скриена пирамидална организација под покровителство на таканареченото пензионерско здружување кое впрочем треба да е граѓанско, непартиско, невладино и непрофитабилно во кое со законска обврска се пропишува и обезбедува сигурна уплата на членарина на ниво на цела држава.
Самата бројка на членови на пензионерски здруженија која е идентична со бројката на пензионери кои прифатиле да издвојуваат во Солидарниот фонд, според подносителот, укажува на условеност на пензионерите да мора да прифатат плаќање на членарина иако најголемиот број воопшто не учествуваат во таканаречените активности на здруженијата. Од тие причини подносителот смета дека треба да се раздвои запирањето на дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на помош за членовите на неговото семејство од износот за членување во здружение на пензионери (членарина), и тие износи да бидат одделени и независни еден од друг.
Според подносителот, безусловното и раздвоено членување во Солидарниот фонд со членувањето во пензионерски здруженија има за цел да го реорганизира самото граѓанско здружение да им припадне на пензионерите – членови, кои би влегле во здружението по сопствена определба, одлучувајќи слободно и доброволно со давање изјава во самото здружение каде што сакаат да членуваат и активно да учествуваат во организирањето и работењето на истото здружение во правец на остварување на статутарните определби и реализација на усвоените програми и планови, како што впрочем е одредено и со Законот за граѓански здруженија и фондации.
По претходно укажување за дополнување на иницијативата, на 10.10.2023 година, од страна на подносителот доставено е дополнување во кое истиот смета дека поврзувањето на издвојување на средствата за посмртна помош со членувањето во одредена организација во овој случај граѓанско здружение на пензионери е спротивно на слободата на здружување утврдена во член 20 од Уставот, што би значело дека зачленувањето во здружение на пензионери и плаќање членарина треба да биде посебно уредено и регулирано и надвор од државните органи и институции, и истото да се огради и декларира како здружение на граѓани кое е невладино, непартиско и непрофитно и во кое треба да се дава лично изјаснување за прифаќање на членување во граѓанско здружение, а не тоа да се прави во државна институција како во овој случај во подрачните единици на ПИОМ кој е државен фонд, под Министерството за труд и социјална политика.
На 28.11.2023 година, подносителот достави ново дополнување на иницијативата со кое врши и допрецизирање на истата. Имено, во врска со поднесената иницијатива со која се оспорува член 115 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, подносителот предлага бришење на делот од член 115 став 1 „и за членување во здружение на пензионери (членарина)“, како и поради поврзаноста на делот од одредбата од член 115 став 1 со член 116 од Законот се предлага и бришење на член 116 став 1 во делот „и членарина“, деловите „и членарина“ и „начин на распределба на членарината“ во став 2 од истиот член, како и став 4 од истиот член.
Според подносителот, со бришењето на наведените делови од одредбите од членовите 115 и 116 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување на граѓаните би им се создале услови согласно член 20 од Уставот, односно, секој што сака да членува во која било граѓанска организација слободно и по своја волја и убедување вклучувајќи ги и здруженијата на пензионерите, да може тоа свое право да го оствари со потпишување на изјава или пристапница за зачленување во избраното здружение или повеќе членови да регистрираат ново здружение кое само ќе одлучува за своето работење и здружување во сојузи или други асоцијации. Исто така, подносителот смета дека посебно треба да се нагласи дека висината на членарината и начинот на нејзината распределба не може да биде предмет на регулирање на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, туку на Законот за здруженија и фондации.
II
На седницата Судот утврди дека оспорените одредби од член 115 став 1 и член 116 ставови 1, 2 и 4 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се со следната содржина:
Согласно член 115 став 1 од Законот, на корисник на пензија, со негова согласност, му се запира дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство и за членување во здружение на пензионери (членарина).
Според член 116 став 1 од Законот, издвојувањето на посмртната помош и членарината се врши од пензијата на корисникот на пензија, месечно, при исплата на пензијата, освен од семејната пензија на дете остварена по основ на школување. Согласно ставот 2 од член 116, висината на задршката за посмртна помош и членарина, висината на исплатата за посмртна помош во зависност од акумулираните средства и смртноста на корисниците на пензија, начинот на распределба на членарината, начинот и постапката за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд во единствен износ за сите корисници на пензија, како и начинот на располагање со слободните, а неискористени средства од посмртна помош, со акт ги утврдува регистрирана организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија. А според ставот 4 од истиот член, средствата по основ на членарина Фондот ги дозначува на сметката што ја определува регистрираната организација составена од сојузите на здруженијата на пензионерите.
III
Според член 110 став 1 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите
со Уставот.
Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Поаѓајќи од анализата на наводите во конкретната иницијатива, притоа имајќи ја предвид уставно-судската пракса, Судот утврди дека овој суд веќе во два наврати постапувал и се произнел по однос на согласноста на целината на оспорените одредби од член 115 и член 116 од Законот со Уставот.
Уставниот суд, со Решението У.бр.15/2013 од 25.09.2013 година, одлучувал за уставноста на одредбите од член 115, член 116 и член 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012) и утврдил дека оспорените членови од Законот, не се во спротивност со одредбите од член 8 став 1 алинеи 3, 6 и 8, член 30 и член 51 од Уставот.
Понатаму, со Решението У.бр.157/2017 од 17.10.2018 година, Судот не повел постапка за оценување на уставноста на член 116 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016 и 132/2016) бидејќи утврдил дека не може да се постави прашање за согласноста на оспорениот член 116 од Законот со член 8 алинеја 6 и со член 30 став 3 од Уставот.
Дополнително, Судот со Решението У.бр.5/2022 од 11.05.2022 година, ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Имено, во наведеното решение, Судот утврдил дека во Решението У.бр.15/2013 од 25.09.2013 година, предмет на уставно-судска оценка биле наводите за несогласноста на оспорените одредби од членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување со член 20 од Уставот, и при мериторното одлучување по наведениот предмет, Судот оценил дека оспорените одредби не се во спротивност со член 20 од Уставот, поради што и не повел постапка.
Врз основа на наведеното, Судот утврди дека содржината на оспорените одредбите од член 115 и член 116 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (во целина) во неколку наврати била предмет на оценување на Уставниот суд од различни уставни аспекти, вклучително и од аспект на член 20 од Уставот на којшто се повика подносителот во предметната иницијатива, како што е претходно наведено. Оттука, имајќи предвид дека во конкретниот случај нема основи за поинакво одлучување, Судот оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.182/2023
Shkup, 20.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 dhe nenit 28 alineja 2 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20.12.2023, miratoi
A K T V E N D I M
HIDHET POSHTË iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 115 paragrafit 1 në pjesën „dhe për anëtarësim në shoqatën e pensionistëve (tarifa e anëtarësimit)“ dhe nenit 116 paragrafit 1 në pjesën „dhe tarifa e anëtarësimit“, paragrafit 2 në pjesët „dhe tarifa e anëtarësimit “ dhe „mënyra e ndarjes së tarifës së anëtarësimit“ dhe paragrafit 4 të Ligjit për Sigurim Pensional dhe Invalidor („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 53/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 27/2018, 35/2018, 220/2018, 245/20018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.180/2019, 275/2019, 31/2020, 94/2020, 267/2020, 67/2022 dhe 79/2023).
Arsyetim
I
Mirosllav Tërlin nga Kumanova, më 19.09.2023, ka parashtruar iniciativë me të cilën e konteston dispozitën e nenit 115 paragrafit 1 të Ligjit për Sigurim Pensional dhe Invalidor, dhe si kontestues e potencon pëlqimin për ndalimin e një pjese të pensionit për sigurimin e mjeteve të nevojshme për pagesën e mjeteve për ndihmë për rast vdekjeje për anëtarët e familjes së tij, me kusht anëtarësimin e detyrueshëm në shoqatën e pensionistëve.
Konkretisht, sipas parashtruesit, kushtëzimi për anëtarësim të detyrueshëm dhe pagesën e anëtarësimit në Shoqatën e Pensionistëve me pëlqim me shkrim të dhënë në Fondi për SPIM, si kusht për mbajtjen e një pjese të pensionit për sigurimin e mjeteve të nevojshme për pagesën e mjeteve të nevojshme për pagesën e ndihmës për rast vdekjeje për anëtarët e familjes, nënkupton pagesën e detyrueshme të anëtarësimit edhe atë në një masë lineare pavarësisht nga lartësia e pensionit dhe e njëjta është një organizatë piramidale e fshehur nën kujdesin e të ashtuquajturës shoqatë pensionistësh, e cila në fakt duhet të jetë qytetare, jopartiake, joqeveritare dhe jofitimprurëse në të cilën, me detyrim ligjor, përcaktohet dhe sigurohet pagesa e sigurt e tarifës së anëtarësimit në nivel të të gjithë vendit.
Sipas parashtruesit, vetë numri i anëtarëve të shoqatave të pensionistëve, i cili është identik me numrin e pensionistëve që pranuan të akordojnë mjete në Fondin e Solidaritetit, tregon kushtëzimin e pensionistëve që duhet të pranojnë pagesën e anëtarësimit, edhe pse numri më i madh nuk marrin pjesë fare në të ashtuquajturat aktivitete të shoqatave. Për këto arsye, parashtruesi vlerëson se ndalimi i një pjese të pensionit për sigurimin e mjeteve të nevojshme për pagesën e ndihmës për anëtarët e familjes së tij duhet të ndahet nga shuma për anëtarësim në një shoqatë pensionistësh (pagesa e anëtarësimit) dhe se ato shuma duhet të jenë të ndara dhe të pavarura njëra nga tjetra.
Sipas parashtruesit, anëtarësimi i pakushtëzuar dhe i ndarë në Fondin e Solidaritetit me anëtarësimin në shoqatat e pensionistëve synon të riorganizojë vetë shoqatën qytetare që t’u takojë pensionistëve – anëtarëve, të cilët do të hynin në shoqatë me vullnetin e tyre të lirë, duke vendosur lirisht dhe vullnetarisht me dhënien e deklaratës në një shoqatë ku dëshirojnë të anëtarësohen dhe të marrin pjesë aktive në organizimin dhe funksionimin e së njëjtës shoqatë në drejtim të realizimit të përcaktimeve statutore dhe realizimit të programeve dhe planeve të miratuara, të përcaktuara me Ligjin për Shoqatat Qytetare dhe Fondacionet
Pas një indikacioni të mëparshëm për plotësimin e iniciativës, më 10.10.2023, parashtruesi ka dorëzuar një shtesë në të cilën konsideron se lidhja e ndarjes së mjeteve për ndihmë pas vdekjes me anëtarësimin në një organizatë të caktuar, në këtë rast shoqatë qytetare të pensionistëve, është në kundërshtim me lirinë e asociimit të përcaktuar në nenin 20 të Kushtetutës, që do të nënkuptonte se anëtarësimi në shoqatën e pensionistëve dhe pagesa e anëtarësimit duhet të rregullohen veçmas jashtë organeve dhe institucioneve shtetërore dhe e njëjta të distancohet dhe deklarohet si një shoqatë joqeveritare qytetarësh, jopartiake dhe jofitimprurëse dhe në të cilën duhet të jepet një deklaratë personale për pranimin e anëtarësimit në një shoqatë qytetare dhe jo në një institucion shtetëror, si në këtë rast në njësitë rajonale të FSPI, që është një fond shtetëror, nën Ministrinë e Punës dhe Politikës Sociale.
Më datë 28.11.2023, parashtruesi ka paraqitur një shtesë të re në nismë, me të cilën edhe e saktëson atë. Konkretisht, lidhur me iniciativën e paraqitur me të cilën kontestohet neni 115 paragrafi 1 i Ligjit për Sigurim Pensional dhe Invalidor, parashtruesi propozon që të fshihet pjesa e nenit 115 paragrafit 1 “dhe për anëtarësim në shoqatën e pensionistëve (tarifë për anëtarësim)”, si dhe për shkak të lidhjes nga pjesa e dispozitës së nenit 115 paragrafit 1 me nenin 116 të Ligjit, propozohet të fshihet neni 116 paragrafi 1 në pjesën “dhe tarifa e anëtarësimit”, pjesët “dhe tarifa e anëtarësimit” dhe “mënyra e shpërndarjes së tarifës së anëtarësimit” në paragrafin 2 të të njëjtit nen, si dhe paragrafi 4 i të njëjtit nen.
Sipas parashtruesit, me fshirjen e pjesëve të përmendura nga dispozitat e neneve 115 dhe 116 të Ligjit për Sigurimin Pensional dhe Invalidor, do të krijoheshin kushte për qytetarët në përputhje me nenin 20 të Kushtetutës, përkatësisht për cilindo që dëshiron të jetë një anëtar në cilëndo organizate qytetare lirisht dhe me vullnet dhe bindje të tij, duke përfshirë shoqatat e pensionistëve, që të mund ta ushtrojë këtë të drejtë duke nënshkruar një deklaratë ose formular aplikimi për anëtarësim në shoqatën e zgjedhur, ose që disa anëtarë të regjistrojnë një shoqatë të re që do të vendosë për funksionimin dhe bashkimin e vet në asociacione apo shoqata të tjera. Gjithashtu, parashtruesi mendon se duhet theksuar se shuma e anëtarësimit dhe mënyra e shpërndarjes së saj nuk mund të rregullohet me Ligjin për Sigurimin Pensional dhe Invalidor, por me Ligjin për Shoqatat dhe Fondacionet.
II
Gjykata në seancë konstatoi se dispozitat kontestuese të nenit 115 paragrafit 1 dhe nenit 116 paragrafëve 1, 2 dhe 4 të Ligjit për Sigurimin Pensional dhe Invalidor kanë këtë përmbajtje:
Në bazë të nenit 115 paragrafit 1 të Ligjit, përfituesit të pensionit, me pëlqimin e tij, i ndalohet një pjesë e pensionit për të siguruar mjetet e nevojshme për pagesën e ndihmës për rast vdekjeje për anëtarët e familjes së tij dhe për anëtarësim në shoqatën e pensionistëve (tarifa e anëtarësimit).
Sipas nenit 116 paragrafi 1 i Ligjit, ndarja e ndihmës për rast vdekjeje dhe anëtarësimit bëhet nga pensioni i përfituesit të pensionit, në muaj, gjatë pagesës së pensionit, përveç pensionit familjar të fëmijës që realizohet në bazë të shkollimit. Në bazë të paragrafit 2 të nenit 116, lartësia e ndarjes së mjeteve për ndihmën për rast vdekjeje dhe tarifën e anëtarësisë, shumën e pagesës për ndihmën për rast vdekjeje në varësi të mjeteve të grumbulluara dhe vdekshmërisë së përfituesve të pensionit, mënyra e shpërndarjes së tarifës së anëtarësimit, mënyra dhe procedura e pagesës së ndihmës për rast vdekjeje për përfituesit e pensionit nga mjetet e fondit të solidaritetit në një shumë të vetme për të gjithë përfituesit e pensionit, si dhe mënyra e disponimit të mjeteve të lira dhe të papërdorura nga ndihma për rastet e vdekjes, me akt i përcakton organizata e regjistruar e Sindikatës së Shoqatave të pPensionistëve të Maqedonisë. Dhe sipas paragrafit 4 të të njëjtit nen, mjetet në bazë të anëtarësimit transferohen nga Fondi në llogarinë e përcaktuar nga organizata e regjistruar e përbërë nga sindikatat e shoqatave të pensionistëve.
III
Sipas nenit 110 paragrafi 1 alineja 1 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Sipas nenit 28 alinesë 2 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për të marrë vendim ndryshe.
Nisur nga analiza e pretendimeve në nismën konkrete, duke marrë në konsideratë edhe praktikën gjyqësoro-kushtetuese, Gjykata konstatoi se kjo gjykatë tashmë ka vepruar dhe vendosur në dy raste lidhur me pajtimin e të gjithë dispozitave kontestimore të nenit 115 dhe nenit 116 të Ligjit me Kushtetutën.
Gjykata Kushtetuese, me Vendimin U.nr.15/2013 nga 25.09.2013 ka marrë vendim për kushtetutshmërinë e dispozitave të nenit 115, nenit 116 dhe nenit 117 të Ligjit për Sigurim Pensional dhe Invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 98/2012) dhe konstatoi se nenet e kontestuara të Ligjit nuk janë në kundërshtim me dispozitat e nenit 8, paragrafit 1, alineve 3, 6 dhe 8, nenit 30 dhe nenit 51 të Kushtetutës.
Më tej, me Aktvendimin U.nr.157/2017 të 17.10.2018, Gjykata nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 116 të Ligjit për Sigurim Pensional dhe Invalidor („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016 dhe 132/2016) meqë ka konstatuar se nuk mund të shtrohet pyetja për përputhshmërinë e nenit 116 kontestues të Ligjit me nenin 8 alinenë 6 dhe nenin 30 paragrafin 3 të Kushtetutës.
Gjithashtu, Gjykata me Vendimin U.nr.5/2022 të datës 11.05.2022 e ka refuzuar iniciativën për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së neneve 115, 116 dhe 117 të Ligjit për Sigurimin Pensional dhe Invalidor. Konkretisht, në vendimin e lartpërmendur, Gjykata ka konstatuar se në Aktvendimin U.nr.15/2013 të datës 25.09.2013, objekt i vlerësimit kushtetueso-gjyqësor kanë qenë pretendimet për mospërputhjen e dispozitave kontestuese të neneve 115, 116 dhe 117 të Ligjit për Sigurimin Pensional dhe Invalidor me nenin 20 të Kushtetutës, dhe me vendimmarrjen meritore të çështjes së dhënë, Gjykata vlerësoi se dispozitat e kontestuara nuk janë në kundërshtim me nenin 20 të Kushtetutës, dhe për këtë arsye nuk ka iniciuar procedurë.
Bazuar në sa më sipër, Gjykata konstatoi se përmbajtja e dispozitave kontestuese të nenit 115 dhe nenit 116 të Ligjit për Sigurimin Pensional dhe Invalidor (në tërësi) në disa raste ka qenë objekt i vlerësimit nga Gjykata Kushtetuese nga aspekte të ndryshme kushtetuese, duke përfshirë edhe aspektin e nenit 20 të Kushtetutës, të cilit i është referuar parashtruesi në nismën në fjalë, siç u tha më parë. Prandaj, duke marrë parasysh se në rastin konkret nuk ka bazë për vendim të ndryshëm, Gjykata vlerësoi se janë plotësuar kushtet e nenit 28 alinesë 2 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për refuzimin e iniciativës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska