Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.175/2023
Скопје, 20.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, бр.12.1-72212/1 од 06.12.2012 година, донесено од страна на министерот за внатрешни работи.
Образложение
I
Синдикатот на македонската полиција од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на актот означен во диспозитивот на ова решение.
Во иницијативата се укажува дека оспореното упатство било донесено спротивно на член 52 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија поради тоа што не бил испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави тоа упатство. Во иницијативата се укажува дека оспореното упатство воопшто не било објавено и дека со непочитување на највисокиот правен акт, упатството се наметнува на вработените во Министерството за внатрешни работи како правно-обврзувачки акт и се користи за изигрување на правните прописи со цел да се вршат притисоци врз работените, да се нанесува економска штета и да се руши професионалниот интегритет. Со иницијативата се бара Судот да го поништи упатството.
II
На седницата Судот утврди дека Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, e донесено од страна на министерот за внатрешни работи врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Тоа е донесено на 6 декември 2012 година и е заведено под бр. 12.1-72212/1 од 06.12.2012 година.
Упатството има 13 члена распределени во 4 глави со наслови: Општи одредби, Начин на користење на социјалните мрежи, Посебни одредби и Завршни одредби.
Според член 1 од Упатството, со ова упатство се пропишува начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи.
Во член 2 од Упатството, утврдено е дека целта на ова упатство е запознавање на работниците на Министерството со правилата при користење на социјалните мрежи и тоа од аспект дека секое објавување на содржината на социјалните мрежи е како јавно публикување во медиумите и еднаш објавената содржина не се брише, туку секогаш останува јавно достапна на интернет.
Согласно член 3 точка 3 од Упатството, тоа се однесува на сите работници во Министерството (овластените службеници, полициските службеници и работници) согласно Законот за работни односи.
Во член 4 се утврдува кои правила е потребно да ги почитува и применува работникот при користење на социјалните мрежи (во случај кога на сопствениот профил на социјалната мрежа се претставува дека е работник во Министерството, јасно да нагласи дека одредени информации, размислувања, ставови и слично се лично негови, а не на Министерството со акцент дека изнесените ставови и размислувања се исклучиво на работникот и не претставуваат службен став на Министерството за внатрешни работи; да ги почитува другите физички лица во комуникацијата; да не навредува никого на национална, верска, полова основа или сексуална ориентација; да не изнесува ставови со кои се врши дискриминација врз основа на пол, раса, боја на кожа, јазик, државјанство, верско убедување, социјално потекло, здравствена состојба и други основи предвидени со закон; да не објавува материјали со порнографска содржина; да не објавува материјали што прикажуваат незаконски активности; да не објавува фотографии или видеа во униформа, со оружје, маскиран, со полициски значки, службени возила или други обележја кои директно или индиректно имплицираат дека е работник во Министерството; да не објавува фотографии од службените простории (кацеларии и слично) на Министерството или фотографии од извршени оперативни задачи; да не ја објавува и користи службената мејл адреса, за приватни цели; да не објавува информации со степен на класифицираност; да не објавува интерни прописи на Министерството и да не објавува лични податоци на други вработени во Министерството или други физички лица.
Во член 5 од Упатството се предвидува дека работникот секогаш кога се претставува како вработен во Министерството, на сопствениот профил на социјалните мрежи не смее да го изнесува називот на работното место, звањето, називот на организациската единица на која ѝ припаѓа, како и работните задачи кои ги извршува во Министерството.
Согласно член 6, работникот при користење на сопствениот профил на социјалните мрежи е должен да ги почитува авторските права и правата од индустриска сопственост и при користење на сопствениот профил на социјалните мрежи е должен да не објавува материјали (текст, фотографија или видеоснимка) на начин со кој се крие нивниот автор или авторските права да си ги припишува на свое име.
Во член 7 е утврдена забрана работникот на сопствените профили на социјалните мрежи да се претставува како лице задолжено за односи со јавноста и тоа за прашања кои се однесуваат на Министерството, освен ако се работи за овластени работници кои согласно Упатството за остварување комуникација со јавноста се задолжени за комуникација со јавноста, како и тоа дека работникот на Министерството при користење на сопствените профили на социјалните мрежи е должен да се воздржува од коментари за идните планови на раководните кадри на Министерството, како и за извршените оперативни акции, полициски процедури и слично, односно сѐ она што може да го доведе во прашање угледот на Министерството.
Со член 8 од Упатството, утврдено е дека работникот е должен при користење на сопствените профили на социјалните мрежи да се однесува со почит спрема сите работници кои повеќе не работат и работници кои се во работен однос во Министерството, како и кон граѓаните, полицијата и Министерството.
Со член 10 се забранува работникот да ги користи социјалните мрежи за приватни цели во текот на работното време, а врз основа на укажаната потреба, министерот за внатрешни работи може да одобри на работник користење на одреден тип на социјална мрежа во текот на работното време, врз основа на поднесено барање од страна на раководителот на организациската единица каде работи работникот.
Член 11 уредува дека за начинот на користење на социјалните мрежи се спроведуваат едукативни обуки, а во член 12 утврдено е дека за непочитување на одредбите на ова упатство работникот одговара дисциплински.
Согласно член 13, ова упатство влегува во сила наредниот ден од денот на неговото донесување.
III
Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, како и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Од називот на оспореното упатство и од неговата содржина неспорно произлегува дека станува збор за акт со кој се уредуваат конкретни правила за користење на социјалните мрежи од страна на вработените во Министерството за внатрешни работи и дека истото е донесено имајќи ги предвид спецификите на статусот и посебните должности и овластувања на вработените во Министерството за внатрешни работи. Со него особено се уредуваат прашањата поврзани со тоа кои информации вработените во Министерството не треба ги споделуваат на социјалните мрежи, како и начинот на кој треба да се однесуваат со другите физички лица во комуникацијата на интернет, а со цел да не дојде до повреда на правата на граѓаните и да не се предизвика штета на работењето и активностите на Министерството при вршење на неговите законски надлежности.
Според тоа, неспорно е дека правилата за користењето на социјалните мрежи утврдени во оспореното упатство важат и се однесуваат исклучиво на лица вработени во Министерството за внатрешни работи, и дека истото нема примена во однос на лица надвор од Министерството, што на оспорениот акт му дава карактер на интерен акт кој не претставува пропис.
Уставниот суд во досегашната уставно-судска практика во повеќе прилики укажал дека правните елементи што треба да ги содржи еден пропис по кој Уставниот суд е надлежен да одлучува во смисла на уставната норма од член 110 алинеја 1 од Уставот се следниве: актот да е донесен од орган на државната власт или од организација или институција во вршењето на јавните овластувања доверени со закон, односно донесен од јавно правен субјект, да содржи општи норми на однесување, односно со него да се уредуваат односи на субјектите во правото на општ начин и за неопределен број на субјекти во правото. Впрочем, на ова Уставниот суд укажал во решениjaта У.број.21/2021, У.бр.23/2021 и У.бр.28/2021 од 27 октомври 2021 година, со кои ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на ова исто упатство. Судот и во тие предмети утврдил дека оспореното упатство се однесува на прашања за кои министерот има надлежност да одлучува во рамки на организирање и обезбедување законито и ефикасно вршење на работите и задачите и одлучување за правата, должностите и одговорностите на работниците во Министерството.
Оттука, со оглед на тоа што Уставниот суд веќе одлучувал за оспореното упатство и оценил дека тоа не ги содржи потребните правни елементи што еден акт го прават пропис, односно дека не е акт подобен за уставно-судска оцена, Судот одлучи дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.175/2023
Shkup, 20.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
HIDHET POSHTË iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Udhëzimit për mënyrën e përdorimit të rrjeteve sociale nga punonjësit në Ministrinë e Punëve të Brendshme, nr.12.1-72212/1, datë 06.12.2012, miratuar nga Ministri i Punëve të Brendshme.
Arsyetim
I
Sindikata e Policisë së Maqedonisë nga Shkupi i ka dorëzuar Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të përcaktuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.
Në iniciativë theksohet se udhëzimi i kontestuar është miratuar në kundërshtim me nenin 52 paragrafin 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut për shkak se nuk është respektuar afati kushtetues në të cilin është dashur të publikohet ai udhëzim. Në iniciativë theksohet se udhëzimi i kontestuar nuk është publikuar fare dhe se duke mos e respektuar aktin më të lartë ligjor, udhëzimi u shqiptohet punonjësve të Ministrisë së Punëve të Brendshme si akt ligjërisht detyrues dhe përdoret për të anashkaluar dispozitat ligjore me qëllim që të ushtrohet presion mbi punonjësit, duke shkaktuar dëme ekonomike dhe duke shkatërruar integritetin profesional. Me iniciativën kërkohet Gjykata ta anulojë udhëzimin.
II
Gjykata në seancë konstatoi se Udhëzimi për përdorimin e rrjeteve sociale nga punëtorët në Ministrinë e Punëve të Brendshme është miratuar nga ministri i Punëve të Brendshme në bazë të nenit 55 paragrafit 1 të Ligjit për organizimin dhe punën organeve të administratës shtetërore. Është miratuar më 6 dhjetor 2012 dhe është regjistruar me nr. 12.1-72212/1 më datë 06.12.2012.
Udhëzuesi i ka 13 nene të shpërndara në 4 kapituj me tituj: Dispozita të përgjithshme, Metoda e përdorimit të rrjeteve sociale, Dispozita të veçanta dhe Dispozita përfundimtare.
Sipas nenit 1 të Udhëzimit, ky udhëzim parasheh mënyrën e përdorimit të rrjeteve sociale nga punonjësit në Ministrinë e Punëve të Brendshme.
Në nenin 2 të Udhëzimit, është përcaktuar se qëllimi i këtij udhëzimi është njohja e punonjësve të Ministrisë me rregullat e përdorimit të rrjeteve sociale, nga pikëpamja se çdo publikim i përmbajtjes në rrjetet sociale është si publikimi publik në media dhe përmbajtja pasi publikohet nuk fshihet, por mbetet gjithmonë e disponueshme për publikun në internet.
Sipas nenit 3 pika 3 e Udhëzimit, zbatohet për të gjithë punonjësit në Ministri (nëpunës të autorizuar, zyrtarë policorë dhe punëtorë) sipas Ligjit për Marrëdhëniet e Punës.
Neni 4 përcakton se cilat rregulla duhet të respektojë dhe zbatojë punonjësi gjatë përdorimit të rrjeteve sociale (në rast se në profilin e tij në rrjetin social ai paraqitet si punonjës i Ministrisë, ai duhet të theksojë qartë se disa informacione, mendime, qëndrime janë personale të tij dhe jo të Ministrisë me theksimin se qëndrimet dhe mendimet e shprehura janë ekskluzivisht të punonjësit dhe nuk përfaqësojnë pikëpamjen zyrtare të Ministrisë së Punëve të Brendshme; të respektojë personat e tjerë fizikë në komunikim; të mos ofendojë askënd në bazë të kombësisë, fesë, gjinisë ose orientimit seksual; të mos shprehë pikëpamje që diskriminojnë në bazë të gjinisë, racës, ngjyrës së lëkurës, gjuhës, shtetësisë, besimit fetar, përkatësisë sociale, gjendjes shëndetësore dhe arsyeve të tjera të parashikuara me ligj; të mos publikojë materiale me përmbajtje pornografike; të mos publikojë materiale që paraqesin aktivitete të paligjshme; të mos publikojë foto ose video me uniformë, me armë, të maskuar, me distinktivë policor, automjete zyrtare ose shenja të tjera që në mënyrë direkte ose indirekte nënkuptojnë se është punonjës i Ministrisë; të mos publikojë fotografi të ambienteve zyrtare (zyrave, etj.) të Ministrisë ose foto të detyrave të kryera operative; të mos publikojë dhe të përdorë adresën zyrtare të e-mailit për qëllime private; të mos publikojë informacion të klasifikuar; të mos publikojë rregullore të brendshme të Ministrisë dhe të mos publikojë të dhënat personale të punonjësve të tjerë të Ministrisë apo personave të tjerë fizik.
Neni 5 i Udhëzimit parashikon se sa herë që një punonjës paraqitet si punonjës i Ministrisë, në profilin e tij në rrjetet sociale, nuk guxon të shfaqë titullin e vendit të punës, titullin, titullin e njësisë organizative të cilës i përket, si dhe detyrat e punës që i kryen në Ministri.
Sipas nenit 6, punonjësi, kur përdor profilin e tij në rrjetet sociale, është i detyruar të respektojë të drejtat e autorit dhe të pronësisë industriale, dhe kur përdor profilin e tij në rrjetet sociale, detyrohet të mos publikojë materiale (tekst, foto ose video) në një mënyrë që kush fsheh autorin e tyre ose ia atribuon të drejtën e autorit emrit të tij.
Në nenin 7, punonjësit i ndalohet të paraqitet në profilet e tij në rrjetet sociale si person përgjegjës për marrëdhëniet me publikun dhe për çështje që kanë të bëjnë me Ministrinë, përveç rasteve kur janë punonjës të autorizuar të cilët, sipas Udhëzimit për komunikim me publikun, janë përgjegjës për komunikimin me publikun, si dhe për faktin se punonjësi i Ministrisë, kur përdor profilet e tij në rrjetet sociale, është i detyruar të përmbahet nga komentimi i planeve të ardhshme të personelit drejtues të Ministrisë, si dhe për veprimet operative të kryera, procedurat policore e të ngjashme, përkatësisht për gjithçka që mund të vërë në dyshim reputacionin e Ministrisë.
Me nenin 8 të Udhëzimit, përcaktohet se punonjësi është i detyruar gjatë përdorimit të profileve të tij në rrjetet sociale të trajtojë me respekt të gjithë punonjësit që nuk punojnë më dhe të punësuarit që janë të punësuar në Ministri, si dhe qytetarët, policinë dhe Ministrinë.
Neni 10 i ndalon punonjësit të përdorë rrjetet sociale për qëllime private gjatë orarit të punës dhe në bazë të nevojës së treguar, ministri i Punëve të Brendshme mund të autorizojë punonjësin të përdorë një lloj rrjeti social gjatë orarit të punës, në bazë të kërkesës së paraqitur nga drejtuesi i njësisë organizative ku punon punonjësi.
Neni 11 përcakton se për mënyrën e përdorimit të rrjeteve sociale zhvillohen trajnime edukative ndërsa në nenin 12 përcaktohet se për mosrespektim të dispozitave të këtij manuali, punonjësi i nënshtrohet masës disiplinore.
Sipas nenit 13, ky udhëzim hyn në fuqi një ditë pas miratimit të tij.
III
Sipas nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën, si dhe për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 alineja 2 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për një vendim tjetër.
Nga titulli i udhëzimit të kontestuar dhe nga përmbajtja e tij, në mënyrë të padiskutueshme rezulton se ai është një akt që rregullon rregulla specifike për përdorimin e rrjeteve sociale nga punonjësit e Ministrisë së Punëve të Brendshme dhe se i njëjti është miratuar duke i marrë parasysh specifikat e statusit dhe të detyrave dhe kompetencave të veçanta të punonjësve të Ministrisë së Punëve të Brendshme. Ai rregullon veçanërisht çështjet që kanë të bëjnë me atë se çfarë informacioni punonjësit e Ministrisë nuk duhet t’i ndajnë në rrjetet sociale, si dhe mënyrën se si duhet të sillen me personat e tjerë fizikë në komunikimin në internet, për të mos cenuar të drejtat për qytetarët dhe të mos i shkaktojë dëme punës dhe aktiviteteve të Ministrisë gjatë kryerjes së kompetencave të saj ligjore.
Prandaj, është e padiskutueshme se rregullat për përdorimin e rrjeteve sociale të përcaktuara në udhëzimin e kontestuar vlejnë dhe zbatohen ekskluzivisht për personat e punësuar në Ministrinë e Punëve të Brendshme dhe se e njëjta nuk vlen për personat jashtë Ministrisë, që aktit të kontestuar i jep karakter të një akti të brendshëm që nuk është rregullore.
Gjykata Kushtetuese në praktikën e deritanishme kushtetuese-gjyqësore në disa raste ka theksuar se elementet juridike që duhet të përmbajë një rregullore sipas së cilës Gjykata Kushtetuese është kompetente për të vendosur në kuptim të normës kushtetuese nga neni 110 alineja 1 e Kushtetutës janë si më poshtë: akti është miratuar nga një organ i qeverisjes shtetërore ose i një organizate ose institucioni në ushtrimin e kompetencave publike që i janë besuar me ligj, përkatësisht i miratuar nga një person juridik publik, për të përmbajtur norma të përgjithshme sjelljeje, përkatësisht për të rregulluar marrëdhëniet e personave juridikë në mënyrë të përgjithshme dhe për një numër të pacaktuar subjektesh në drejtësi. Në fakt, Gjykata Kushtetuese e ka vënë në dukje këtë në aktvendimet U. nr.21/2021, U. nr.23/2021 dhe U. nr.28/2021, të datës 27 tetor 2021, me të cilat e ka hedhur poshtë iniciativën për të filluar një procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së të njëjtit udhëzim. Gjykata gjithashtu ka përcaktuar në ato raste se udhëzimi i kontestuar ka të bëjë me çështjet për të cilat ministri ka kompetencë të vendosë në kuadër të organizimit dhe sigurimit të kryerjes së ligjshme dhe efikase të punëve dhe detyrave dhe vendosjes për të drejtat, detyrat dhe përgjegjësitë e punonjësve në Ministri.
Prandaj, duke qenë se Gjykata Kushtetuese tashmë ka vendosur për udhëzimin e kontestuar dhe ka vlerësuar se ai nuk përmban elementet e nevojshme ligjore që e bëjnë një akt rregull, përkatësisht se nuk është akt i përshtatshëm për vlerësim kushtetueso-gjyqësor, Gjykata vendosi se janë plotësuar kushtet që të hidhet poshtë iniciativa në pajtim me nenin 28 alinenë 2 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska