Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.156/2023
Скопје,14.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14.12.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр.07-1330/5 од 23.05.2012 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр.07-1330/5 од 23.05.2012 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
На работен состанок одржан на ден 14 септември 2023 година, уставните судии одлучија, врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на актот, означен во точката 1 од Решението, затоа што пред Судот, со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
II
На седницата Судот утврди дека градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, врз основа на член 50 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 24 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 5/2006) на педесет и третата седница на Советот на Општина Ѓорче Петров одржана на 23.05.2012 година, донел Решение број 08-1421/3 за објавување на Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров и истото е објавено во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012.
Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров, содржи дел со наслов „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, чиишто содржини, но со нумерација како членови 78л, 78љ, 78м и 78н, се уредени и во пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров којшто е објавен во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров”, број 8/2023.
Во член 78л од Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, граѓаните од Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи, кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење, во член 78љ се пропишува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето веднаш го доставува до Комисијата за Статут и прописи. Во член 78м се уредува дека Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на општината. Според член 78н ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Комисијата за Статут и прописи за тоа ќе поднесе Извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставувањето на владеењето на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.
Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Уставниот суд согласно член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Ѓорче Петров, повикувајќи се на член 103 ставови 1 и 2 и член 104 од Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12), на педесет и третата седница одржана на 23 мај 2012 година, донел Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров во која се наоѓа поглавје „Автентично толкување на општи акти“, а градоначалникот на Општината донел Решение број 08-1421/3 од 23.05.2012 година, за нејзино објавување.
Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Ѓорче Петров, на седница одржана на ден 12.07.2023 година, го утврдила Пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров и го објавила во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 8/23 од 13 јули 2023 година.
Во воведниот дел се наведува дека „Пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров ги опфаќа покрај другите и оспорената Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12) во кој е содржано и оспореното поглавје „Автентично толкување на општи акти“.
Оспорените членови од автентичното толкување (со нумерација како членови 78л, 78љ, 78м и 78н) уредуваат кој може да поднесе барање за автентично толкување на општ акт, каде се поднесува барањето, до кого се доставува, кој одлучува по барањето, кој изготвува предлог побарањето, кој го усвојува и кој одлучува дали барањето за автентично толкување е оправдано или не е, за што се сочинува извештај.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, Советот на Општина Ѓорче Петров како орган на локалната власт, носи Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров во кој предвидува поглавје „Автентично толкување на општи акти“ содржани во членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, како и пречистен текст на Статут на Општина Ѓорче Петров во кој е содржано оспореното поглавје.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
Согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Ѓорче Петров, ги пречекорил своите законски овластувања кога ја донел Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров, во кое предвидел поглавје „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, како и пречистен текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров во кој е содржано оспореното поглавје.
Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.
Од наведените причини, Судот цени дека пропишаните членови 78л, 78љ, 78м и 78н во Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12), се незаконити, а со тоа и спротивни на темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Врз основа на горенаведената уставно-судска анализа, Судот, утврди дека се исполнети и условите од член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за донесување решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните, односно дејствија преземени врз основа на оспореното автентично толкување.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.156/2023
Shkup,14.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dhe dr. Darko Kostadinovski, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14.12.2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së kapitullit “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78l, 78ll, 78m dhe 78n të Vendimit statutar për ndryshime dhe plotësime të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit nr. 07-1330/5 nga 23.05.2012 (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Gjorçe Petrovit” numër 6/2012).
2. NDËRPRITET ekzekutimi i akteve individuale dhe veprimet e ndërmarra në bazë të kapitullit “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78ll, 78l, 78m dhe 78n të Vendimit statutor për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës Gjorçe Petrov nr. 07-1330/ 5 të datës 23 maj 2012 (“Fletorja Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/2012).
3. Ky aktvendim do të publikohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 14 shtator 2023, gjykatësit kushtetues vendosën, bazuar në dispozitën e nenit 14 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me iniciativë vetanake, që Gjykata të ngrejë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të dhënë në pikën 1 të Aktvendimit, pasi para Gjykatës është ngritur çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
II
Gjykata në seancë konstatoi se kryetari i Komunës së Gjorçe Petrovit, në bazë të nenit 50 paragrafit 1 pikës 3 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Gjorçe Petrovit” nr. 5/2002) dhe nenit 24 paragrafit 1 pika 3 të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Gjorçe Petrovit” numër 5/2006) në seancën e pesëdhjetë të tretë të Këshillit të Komunës së Gjorçe Petrovit, të mbajtur më 23.05.2012, ka miratuar Aktvendimin numër 08-1421/3 për publikimin e Vendimit statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit të miratuar nga Këshilli i Komunës Gjorçe Petrov dhe i njëjti është botuar në “Fletoren Zyrtare të Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/2012.
Vendimi statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit përmban pjesën me titull “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë redaktuar nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n, përmbajtja e të cilave, por me numra si nene 78ll, 78l, 78m dhe 78n, janë redaktuar edhe në tekstin e konsoliduar të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili është botuar në “Fletoren Zyrtare të Komunës së Gjorçe Petrovit”, numër 8/2023.
Neni 78ll i Vendimit statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit përcakton se kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të parashtrojnë anëtarët e Këshillit, qytetarët e Komunës, një ndërmarrje publike që kryen veprimtaritë në territorin e Komunës dhe organet shtetërore, kur lindi nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre, në nenin 78l përcaktohet se kërkesa për dhënien e një interpretimi autentik të aktit të përgjithshëm i dorëzohet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia dorëzon kërkesën Komisionit për statut dhe rregullore. Neni 78m përcakton se Komisioni për statut dhe rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese të Këshillit dhe organet drejtuese dhe administrative të komunës. Sipas nenit 78n, nëse Komisioni për statut dhe rregullore vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, ai do të përgatisë një propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë Këshillit për miratim, dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e pajustifikuar, Komisioni për statut dhe Rregullore, do t’i paraqesë një Raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dorëzuar.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregulloret e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Në bazë të nenit 68 paragrafit 1 alinesë 2 të Kushtetutës, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka autoritet kushtetues të miratojë ligje dhe të ofrojë interpretim autentik të ligjeve.
Neni 110 alineja 2 e Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund ta iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulloreje ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në pajtim me nenin 27 paragrafin 1 të Rregullores, Gjykata Kushtetuese, gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të marrë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregullore tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë e të cilit përkatësisht ligjshmërinë e vlerëson, nëse me zbatimin e tij mund të krijohen pasoja të vështira për t’u hequr.
Duke u nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregulloret e tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre, dhe e gjitha kjo në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.
Nga përmbajtja e aktit kontestues, rezulton se Këshilli i Komunës së Gjorçe Petrovit, duke iu referuar nenit 103 paragrafëve 1 dhe 2 dhe nenit 104 të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Gjorçe Petrovit” “numër 6/12), në seancën e pesëdhjetë të tretë të mbajtur më 23 maj 2012, miratoi Vendim statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili përfshin kapitullin “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, dhe kryetari i Komunës ka miratuar Aktvendimin nr.08-1421/3 të datës 23.05.2012 për publikimin e tij.
Komisioni për statut dhe rregullore e Këshillit të Komunës së Gjorçe Petrovit, në seancën e mbajtur më 12.07.2023, ka përcaktuar tekstin e rishikuar të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit dhe e ka publikuar në “Fletoren Zyrtare të Komunës së Gjorçe Petrovit” numër 8/23, datë 13.07.2023.
Në pjesën hyrëse thuhet se “Teksti i konsoliduar i Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit ndër të tjera përfshin edhe Vendimin statutar të kontestuar për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit (“Fletorja Zyrtare e Komunës së Gjorçe Petrovit” nr. 6/12) në të cilën gjendet edhe kapitulli kontestues “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”.
Nenet e kundërshtuara të interpretimit autentik (të numëruara si nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n) rregullojnë se kush mund të parashtrojë kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm, ku parashtrohet kërkesa, kujt i parashtrohet, kush vendos për kërkesën, kush përgatit propozim për kërkesën, kush e miraton atë dhe kush vendos nëse kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar apo jo, për të cilën përpilohet një raport.
Një interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafin 1, alineja 2 e Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Gjorçe Petrovit, si organ i pushtetit lokal, merr Vendim statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili parashikon kapitullin “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” që përmbahen në nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n, si dhe një tekst i konsoliduar i Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili përmban kapitullin kontestues.
Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregulloreve që i miratojnë.
Në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregulloret e tjera, ndërsa sipas nenit 62 paragrafi 1 të Ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulloret e tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregulloreve që i miratojnë.
Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Gjorçe Petrovit i ka tejkaluar kompetencat ligjore me rastin e miratimit të Vendimit statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit, në të cilin ka paraparë kapitullin “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78ll, 78l, 78m dhe 78n, si dhe një tekst të konsoliduar të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili përmban kapitullin kontestues.
Duke e patur parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet me ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i pushtetit lokal, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë”. ” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik, ky institut dhe procedura e tij nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut.
Për arsyet e cekura, Gjykata konsideron se nenet e parapara 78ll, 78l, 78m dhe 78n në Vendimin statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit (“Fletorja Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/12) janë të paligjshme, prandaj dhe në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8, paragrafi 1, alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë regullore të harmonizuara juridikisht me Kushtetutën dhe ligjet.
Bazuar në analizën e lartpërmendur kushtetueso-juridike, Gjykata konstatoi se kushtet nga neni 27 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për miratimin e vendimit për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të aktit kontestues, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u hequr dhe të pariparueshme për qytetarët, gjegjësisht veprimet e ndërmarra në bazë të interpretimit autentik të kontestuar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska