У.бр.127/2022


Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.127/2022
Скопје, 05.12.2023

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021) на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство бр.12-2086 од 07.02.2013 година, донесена од Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје и точка 4 став 1 од Одлуката за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, бр.12-2076 од 06.02.2013 година донесена од Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје.

Образложение

I

Адвокатот Кирил Величковски од Делчево, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на правните акти во деловите означени во диспозитивот на ова решение.

Според наводите во иницијативата, оспорените одредби на правните акти на ГД „Гранит“ АД Скопје, се во во спротивност со член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, со член 105 ставовите 1, 2 и 3, член 110, член 116 став 1, член 117 став 2, член 248 и со член 249 од Законот за работните односи, како и одредбите од Општиот колективен договор во стопанството.

Во иницијативата се наведува дека со оспорените одредби неосновано се ограничуваат загарантирани основни човекови права како право на плата и правото на работно време со право на одмор и дека од овие права работниците не можат да се откажат.

Подносителот во иницијативата наведува дека со оспорената одредба од Правилникот за работа во странство на ГД „Гранит“ АД Скопје се ограничува правото на плата за прекувремената работа со оглед на тоа што платата на сите работни места е изразена во фиксен износ за 234 часа месечно, а во фиксната плата се пресметани и надоместокот за прекувремена работа, одвоен живот и сите додатоци и надоместоци на плата, вклучувајќи и минат труд согласно работниот стаж на работникот.

Исто така, подносителот во наводите на иницијативата наведува дека и Одлуката за организирање работна единици и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска на ГД „Гранит“ АД Скопје, е неуставна и незаконита во делот на оспорениот став, со којшто се утврдува дека работното време на работниците од работната единица е во траење од 9 часа на ден или вкупно 234 работни часа во месецот, од причина што со оваа одредба се ограничува правото на работното време од 40 часа неделно како основно човеково право.

Поради сето горенаведено, подносителот на иницијативата предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство и на точка 4 став 1 од Одлуката за организирање на работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, акти донесени од ГД „Гранит“ АД Скопје како работодавец, и истите да ги укине како спротивни на член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, како и на член 116 став 1, член 105 ставовите 1, 2, 3, член 110, член 117 став 2, член 248 и член 249 од Законот за работни односи, како и одредбите од Општиот колективен договор во стопанството.

II

На седницата Судот утврди дека во член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство бр.12-2086 од 07.02.2013 година, донесен од Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје се предвидува дека плата на работниците во работната единица во странство се определува со табеларен дел на систематизацијата, кој се изготвува и е составен дел на Одлуката за организирање работна единица во странство. Платата на сите работни места е изразена во фиксен износ за 234 часа месечно (оспорена реченица). Во фиксната плата се пресметани надоместок за прекувремена работа, одвоен живот и сите додатоци и надоместоци на плата, вклучувајќи и минат труд согласно работниот стаж на работникот, на денот на склучување на договорот за работа во странство, со исклучок на надоместокот за теренска работа.

Исто така, Судот на седница утврди дека во точка 4 став 1 од Одлуката за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, бр.12-2076 од 06.02.2013 година, донесена од Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје се утврдува работно време на работна единица во траење од 9 часа на ден или вкупно фонд на работни часови од 234 часа во месецот.

III

Според член 110 алинеjа 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје на ден 07.02.2013 година врз основа на член 57 од Статутот на ГД „Гранит“ АД Скопје, го донесе Правилникот за работа во странство бр.12-2086.

Видно од содржината, со Правилникот се регулираат: организацијата, систематизацијата, правата, обврските, одговорностите, упатувањето на работниците на работа во странство, работното време, одморите и отсуствата, платите, надоместоците на плата и други надоместоци, враќањето на работниците во земјата, здравствена заштита и заштита при работа и други прашања во врска со работењето на работниците на Друштвото во работните единици во странство.

Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје на 42-та седница одржана на ден 06.02.2013 година расправајќи за организирање работна единица во Бања Лука Р.Српска, врз основа на член 3 од Правилникот за работа во странство, а согласно член 57 од Статутот на Друштвото, донесе Одлука за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска бр.12-2076.

Со оваа одлука се организира работна единица на ГД „Гранит“ АД Скопје во Бања Лука и се утврдува организација на работењето во работната единица, заради изведување инвестициони работи врз основа на договор со инвеститорот Јавно претпријатие „Автопатишта“ Р.Српска-Бања Лука за проектот „Проектирање и изведување на работи на автопат Бања Лука-Добој, делница Прљавор-Добој“.

Оспорените Правилник и Одлука се интерни правни акти на работодавецот ГД „Гранит“ АД Скопје, па оттука произлегува дека истите немаат карактер на пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот и не се подобни за уставно-судска оцена, поради што Судот оцени дека Уставниот суд не е надлежен да ја оценува уставноста и законитоста на оспорените акти.

Имено, тие претставуваат интерни акти со кои се регулираат внатрешни прашања на градежното друштво кое се занимава со изградба на патишта и автопатишта, кое како градежно друштво учествува во постапки за јавни набавки во земјата и во странство за која цел заради вршење на градежни работи во странство ГД „Гранит“ АД Скопје како работодавец формира работна единица како посебен облик на внатрешно организирање на сопственото работење.

Оттука, произлегува дека оспорените акти не содржат општи норми на однесување и не уредуваат односи на субјектите во правото на општ начин, па како такви не припаѓаат во групата на прописи во смисла на член 110 алинеjа 2 од Уставот. Поради тоа и оспорените одредби од Правилникот и Одлуката, како нивен составен дел, не подлежат на уставно-судска оцена.

Имајќи ја предвид правната природа на актите во кои се содржани оспорените одредби, а имајќи го предвид член 110 алинеjа 2 од Уставот, Судот оцени дека се настапени деловнички претпоставки за отфрлање на иницијативата согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.127/2022
Shkup, 05.12.2023

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi

A K T V E N D I M

HIDHET POSHTË iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 30 paragrafi 1 fjalia e dytë e Rregullores së punës jashtë vendit nr. 12-2086 nga 07.02.2013, të miratuar nga Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup dhe pikës 4 paragrafi 1 të Vendimit për organizimin e njësisë së punës dhe organizimit të punës në Banja Llukë R. Sërpska, nr. 12-2076 nga 06.02.2013 të miratuar nga Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup.

Arsyetim

I

Avokati Kirill Veliçkovski nga Dellçeva, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i ka parashtruar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së akteve juridike në pjesët e përcaktuara në dispozitiv të këtij aktvendimi.

Sipas pretendimeve në iniciativë, dispozitat kontestuese të akteve juridike të SHN “Granit” SHA Shkup, janë në kundërshtim me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, me nenin 105 paragrafët 1, 2 dhe 3, nenin 110, nenin 116 paragrafin 1, nenin 117 paragrafin 2, nenin 248 dhe nenin 249 të Ligjit për marrëdhëniet e punës, si dhe dispozitat e Marrëveshjes së përgjithshme kolektive në ekonomi.

Iniciativa thekson se dispozitat e kontestuara i kufizojnë në mënyrë të pajustifikueshme të drejtat themelore të garantuara të njeriut si të drejtën për pagë dhe të drejtën për orar të punës me të drejtën për pushim dhe se punëtorët nuk mund të heqin dorë nga këto të drejta.

Parashtruesi në iniciativë thekson se dispozita kontestuese e Rregullores për punë jashtë vendit e SHN “Granit” SHA Shkup e kufizon të drejtën e pagesës për punë jashtë orarit, duke pasur parasysh se paga për të gjitha punët është e shprehur në një shumë fikse për 234 orë në muaj, ndërsa paga fikse përfshin gjithashtu kompensimin për punën jashtë orarit, jetën e ndarë dhe të gjitha shtesat dhe kompensimet e pagave, duke përfshirë punën e kaluar sipas stazhit të punës së punëtorit.

Po ashtu, parashtruesi në pretendimet në iniciativë thekson se edhe Vendimi për organizimin e njësive të punës dhe organizimin e punës në Banja Llukë R. Sërpska i SHN “Granit” SHA Shkup është jokushtetues dhe i kundërligjshëm në pjesën e qëndrimit kontestues, me të cilin përcaktohet se koha e punës së punëtorëve nga njësia e punës është 9 orë në ditë ose gjithsej 234 orë pune në muaj, për arsye se kjo dispozitë e kufizon të drejtën e punës prej 40 orë në javë si e drejtë themelore e njeriut.

Për të gjitha si më sipër, parashtruesi i iniciativës i propozon Gjykatës që të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 30 paragrafi 1 fjalia e dytë e Rregullores për punë jashtë vendit dhe pika 4 paragrafi 1 i Vendimit për organizimin e njësisë së punës dhe organizimin e punës në Banja Llukë R. Sërpska, aktet e miratuara nga SHN “Granit” SHA Shkup si punëdhënës dhe të shfuqizohen si në kundërshtim me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si dhe me nenin 116 paragrafi 1, nenin 105 paragrafët 1, 2, 3, nenin 110, nenin 117 paragrafin 2, nenin 248 dhe nenin 249 të Ligjit për marrëdhëniet e punës, si dhe dispozitat e Marrëveshjes së Përgjithshme Kolektive në ekonomi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 30 paragrafi 1 fjalia e dytë e Rregullores për punë jashtë vendit nr. 12-2086 nga 07.02.2013, të miratuar nga Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup parashihet se paga e punëtorëve në njësinë e punës jashtë vendit përcaktohet me një pjesë tabelare të sistematizimit, që përgatitet dhe është pjesë përbërëse e Vendimit për organizimin e njësisë së punës jashtë vendit. Paga e të gjitha vendeve të punës shprehet në masë fikse për 234 orë në muaj (fjali kontestuese). Paga fikse përfshin kompensimin për punën jashtë orarit, jetën e ndarë dhe të gjitha shtesat dhe kompensimet në pagë, duke përfshirë punën e kaluar sipas stazhit të punës së punonjësit, në ditën e lidhjes së kontratës për punë jashtë vendit, me përjashtim të kompensimit për punë në terren.

Gjithashtu, Gjykata në seancë konstatoi se në pikën 4 paragrafin 1 të Vendimit për organizimin e njësisë së punës dhe organizimin e operacioneve në Banja Llukë R. Sërpska, nr.12-2076, datë 06.02.2013, miratuar nga Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup, orari i punës së njësisë së punës caktohet në kohëzgjatje prej 9 orësh në ditë ose fond i përgjithshëm i orarit të punës prej 234 orë në muaj.

III

Sipas nenit 110 paragrafit 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 28 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata do ta hedhë poshtë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.

Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup më 07.02.2013, në bazë të nenit 57 të Statutit të SHN “Granit” SHA Shkup, e miratoi Rregulloren për punë jashtë vendit nr. 12-2086.

Siç shihet nga përmbajtja, me Rregulloren rregullohen: organizimi, sistematizimi, të drejtat, detyrimet, përgjegjësitë, dërgimi i punëtorëve në punë jashtë vendit, orari i punës, pushimet dhe mungesat, pagat, kompensimet në paga dhe kompensimet e tjera, kthimi i punëtorëve në vend, mbrojtja e shëndetit dhe siguria në punë dhe çështje të tjera që kanë të bëjnë me punën e punëtorëve të Shoqërisë në njësitë e punës jashtë vendit.

Këshilli Drejtues i SHN “Granit” SHA Shkup në seancën e 42-të të mbajtur më datë 06.02.2013 duke diskutuar për organizimin e njësisë së punës në Banja Llukë R. Sërpska, në bazë të nenit 3 të Rregullores për punë jashtë vendit, ndërsa në pajtim me nenin 57 të Statutit të Shoqërisë, miratoi Vendim për organizimin e njësisë së punës dhe organizimin e punës në Banja Llukë R. Sërpska nr.12-2076.

Me këtë vendim në Banja Llukë organizohet njësia e punës së SHN “Granit” SHA Shkup dhe caktohet organizimi i punës në njësinë punuese, me qëllim të kryerjes së punëve investuese në bazë të marrëveshjes me investitorin Ndërmarrjen Publike “Autopatishta” R.Sërpska-Banja Llukë për projektin “Projektimi dhe zbatimi i punimeve në autostradën Banja Llukë-Doboj, seksioni Përljavor-Doboj”.

Rregullorja dhe Vendimi i kontestuar janë akte të brendshme juridike të punëdhënësit SHN “Granit” SHA Shkup, kështu që nuk kanë karakter të rregullores në kuptim të nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës dhe nuk janë të kualifikueshëm për vlerësim kushtetueso-gjyqësor, për këtë arsye Gjykata vlerësoi se Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente për të vlerësuar kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e akteve të kontestuara.

Përkatësisht, ato përfaqësojnë akte të brendshme që rregullojnë çështjet e brendshme të kompanisë së ndërtimit që merret me ndërtimin e rrugëve dhe autostradave, e cila si kompani ndërtimore merr pjesë në procedurat e prokurimit publik brenda dhe jashtë vendit me qëllim të kryerjes së punimeve ndërtimore jashtë vendit SHN “Granit” SHA Shkup si punëdhënës formon njësinë e punës si formë e veçantë e organizimit të brendshëm të veprimtarisë së vet.

Nga kjo rrjedh se aktet e kontestuara nuk përmbajnë norma të përgjithshme të sjelljes dhe nuk rregullojnë marrëdhëniet e subjekteve në ligj në mënyrë të përgjithshme, kështu që si të tilla nuk bëjnë pjesë në grupin e rregulloreve në kuptim të nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës. Prandaj, dispozitat e kontestuara të Rregullores dhe të Vendimit, si pjesë përbërëse e tyre, nuk i nënshtrohen vlerësimit kushtetueso-gjyqësor.

Duke e marrë parasysh natyrën juridike të akteve që i përmbajnë dispozitat e kontestuara, dhe duke e marrë parasysh nenin 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata vlerësoi se janë bërë supozime procedurale për hedhjen poshtë të iniciativës në pajtim me nenin 28 alinenë 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

IV

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska