Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.171/2023
Скопје, 14.11.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14.11.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 5 став 2 во делот „правни” и став 3 во делот „поништени” од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/2021).
Образложение
I
Игорчо Точев од Скопје, до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 5 став 2 во делот „правни” и став 3 во делот „поништени” од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/2021), бидејќи не биле во согласност со член 8 став 1 алинeја 3, член 108 и член 110 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителот наведува дека согласно член 47 од истиот закон, Советот на Народната банка, меѓу другото, е овластен да ги донесува подзаконските прописи од надлежност на Народната банка, како и Статутот на Народната банка, коишто би можеле да бидат предмет на оценување на нивната уставност и законитост пред Уставниот суд на Република Северна Македонија кој има активен правен статус согласно податок достапен на интернет-страницата на Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Во врска со предметното оспорување, подносителот наведува дека делот „правни” содржан во член 5 став 2 од Законот, е преопшто определен, па според подносителот, како спорно се поставува прашањето дали подзаконските акти кои ги носи Советот на Народната банка, се исклучок по однос на нивната оцена пред Уставниот суд, односно дали тие воопшто можат да бидат предмет на испитување на нивната уставност и законитост, па поради тоа смета дека оспорениот дел „правни” на член 5 став 2 од Законот, не е во согласност со начелото на владеење на правото, кое подразбира дека во правниот промет мора да постојат јасни, концизни и прецизни норми и да не се дозволи арбитрарност во толувањето на истите, како не би се нарушила правната сигурност на физичките и правните лица.
За подносителот спорен е и делот „поништени” содржан во член 5 став 3 од Законот, бидејќи според него, не е јасно дали оспорениот дел подразбира изземање од надлежност на Судот, да може да донесе одлука со која одреден пропис или подзаконски акт донесен од Советот на Народната банка, ќе биде поништен, што би било спротивно на член 110 и член 111 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија.
Од наведените причини, подносителот предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените делови од законските одредби и истите да ги укине како спротивни на Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека во член 5 ставови 2 и 3 од Законот, е уредено:
(2) Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица.
(3) Одлуките на Советот на Народната банка не смеат да бидат одобрувани, престанати, поништени или изменети од органите и лицата од ставот (2) на овој член.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 60 од Уставот, Народната банка на Република Северна Македонија е емисиона банка. Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство. Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.
Согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија донесува закони и дава автентично толкување на законите.
Со член 108 од Уставот се уредува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.
Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Уставниот суд, согласно член 112 став 2 од Уставот, ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.
Имајќи ги предвид одредбите од член 60 од Уставот, според кој организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон, како и уставните овластувања да донесува закони и да дава нивно автентично толкување, законодавецот го донел Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/2021) со кој се уредуваат организацијата и работата на Народната банка, како и неговите задачи и овластувања.
Организационата поставеност и самото функционирање на Народната банка се темели на принципите на самостојност и независност во интерес на стабилноста на банкарскиот систем и мерките што се преземаат заради постигнување и одржување на неговата стабилност коишто според член 8 од Законот се од јавен интерес.
Член 5 од Законот се однесува на независноста во работењето на Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка. Во наведената смисла, член 5 од Законот уредува дека:
(1) Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите и е одговорна под услови и на начин утврден со овој закон.
(2) Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на Градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица.
(3) Одлуките на Советот на Народната банка не смеат да бидат одобрувани, престанати, поништени или изменети од органите и лицата од ставот (2) на овој член.
(4) Независноста на Народната банка се почитува во секое време и ниту еден од органите и/или лицата од ставот (2) на овој член не смее да влијае на членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка при извршувањето на нивните функции, односно работи, ниту на активностите на Народната банка.
Истовремено, законодавецот водејќи сметка за уставниот статус на Народната банка како самостојна институција со своја управувачка, финансиска и административна независност, во Законот за Народната банка го уредил и член 81 со наслов „Независност на Народната банка“ пропишувајќи „Без да е во спротивност со членот 5 од овој закон, Народната банка и членовите на Советот на Народната банка не бараат ниту примаат инструкции од институции и органи на Европската унија, од која било влада на земја членка или од кој било друг орган. Институциите и органите на Европската унија и владите на земјите членки не можат да влијаат на независноста на Народната банка, на донесувањето и имплементацијата на одлуките на Народната банка и на нејзините органи, ниту пак можат да одобруваат, отповикуваат, одложуваат, поништуваат или на каков било начин да влијаат на одлуките на Народната банка и на нејзините органи.“
Од погоре цитираните уставни и законски одредби произлегува дека законодавецот во согласност со своето уставно овластување, има обврска со закон да го уредува однесувањето на субјектите во одредена област од општествениот живот за кои ќе оцени дека тоа е потребно и оправдано, а како што тоа го сторил уредувајќи го член 5 ставови 2 и 3 од Законот, со кој предвидел норми на однесување за самата банкарска институција, за членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка, односно јасно и прецизно пропишал забрана за примање и барање инструкции од органите на државната и локалната власт, вклучително и од сите други правни и физички лица, како и забрана за нивно мешање во Одлуките коишто ги донесува Советот на Народната банка, што е во функција на операционализација на уставните одредби од член 60 од Уставот, заради заштита на самостојноста и независноста на Народната банка и заради спречување на секакви надворешни влијанија врз нејзиното работење. Ваквиот легитимитет за законодавецот има општествена оправданост, бидејќи уредувањето на таа материја е прашање од јавен интерес.
Во наведената смисла, законодавецот со член 5 став 2 од Законот, уредува дека Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на Градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица.
Исто така, законодавецот со член 5 став 3 од Законот, уредил изречна забрана одлуките на Советот на Народната банка да бидат одобрувани, престанати, поништени или изменети од органите и лицата од ставот 2 на овој член, поточно од страна на органите на: државната власт, општините, на Градот Скопје, но и од кои било други правни или физички лица. Со оваа одредба законодавецот јасно и прецизно ја доверил автономијата, независноста и самостојноста на Советот да донесува одлуки без никакви влијанија. Подносителот, делот „поништени“ од оваа одредба, го толкува како изземање од надлежност на Судот да донесе одлука со која одреден пропис или подзаконски акт донесен од Советот на Народната банка, може да го поништи.
Истовремено, законодавецот со одредбата од член 5 став 4 од Законот, уредил императивна норма дека независноста на Народната банка треба да се почитува во секое време, како и изречно забранил влијание од страна на органите на државната власт, органите на општините, органите на Градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица, насочено кон членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка при извршувањето на нивните функции, односно работи, ниту на активностите на Народната банка.
Со иницијативата се оспорува уставноста на член 5 став 2 во делот „правни” и став 3 во делот „поништени” од Законот, со наводи за нивна нејасност, а со тоа и спротивни на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како и повреда на член 108 и член 110 став 1 алинеја 2 од Уставот, бидејќи поради оспорените делови од законските одредби граѓаните не можат да бидат правно сигурни дали подзаконските акти на Советот на Народната банка можат да бидат предмет на оцена пред Уставниот суд или не, односно дали тие можат да бидат поништени поради нивната несогласност со Уставот и законите.
Конкретно, неуставноста на оспорените делови на членот од Законот, подносителот го објаснува со наводи дека делот „правни” (лица) содржан во член 5 став 2 од Законот, е преопшто определен, односно нејасен и непрецизен, па пред него се поставува прашањето дали оспорениот дел би значел дека подзаконските акти на Советот на Народната банка се исклучок по однос на нивната оцена пред Уставниот суд на Република Северна Македонија, односно дали истите може да бидат предмет на испитување на уставноста и законитоста пред Уставниот суд, а поврзано со овој оспорен дел, за подносителот спорен е и делот „поништени” содржан во член 5 став 3 од Законот, бидејќи ако подзаконските акти на Советот на Народната банка не можат да бидат предмет на уставно-судска оцена пред Уставниот суд, нема да можат да бидат ниту поништени, доколку не се во согласност со Уставот и законите.
Изнесувајќи ги причините за неуставноста на оспорените делови на членот од Законот, подносителот му предлага на Уставниот суд, истите да ги укине, што подразбира дека забраната за барање и примање инструкции, треба да важи само за органите на државната и локалната власт, и само спрема физичките лица, но, не и за правните лица, со образложение дека ако стои забраната спрема правните лица во кои според подносителот спаѓа и Уставниот суд (бидејќи е правно лице регистрирано во Централниот регистар), тогаш никој нема да може да оспори подзаконски акт на Советот на Народната банка пред Уставниот суд, а со тоа се прави директен упад во надлежностите на Уставниот суд од член 110 став 1 алинеја 2 од Уставот и член 108 од Уставот.
Анализирајќи ја содржината на член 5 став 2 од Законот во кој е содржан оспорениот дел „правни”, Судот, утврди дека овој оспорен дел не предизвикува правна нејасност за граѓаните по прашањето дали може или не може подзаконските акти на Советот на Народната банка да бидат предмет на оценка пред Уставниот суд, а поврзано со ова, и оспорениот дел „поништени” од член 5 став 3 од Законот, не предизвикува нејаснотија по прашањето дали одлуките на Советот на Народната банка можат или не можат да бидат поништени, доколку Судот најде основи за истото. Ова, дотолку повеќе што наведената законска одредба воопшто нема содржина којашто допира прашања поврзани со иницирање постапка пред Уставниот суд, туку зборува за инструкции, а не за иницијативи.
Суштината на уредувањето на законските одредби е во забраната да се примаат и бараат инструкции (упатства, задачи, напатствија) во врска со работењето на институцијата од органите на државно и локално ниво, вклучително и од сите други правни и физички лица. Предмет на забраната се примање и барање на инструкции од наведените субјекти, а инструкција во никој случај не подразбира иницијатива пред Уставен суд, следствено оспорениот дел „правни” на членот од Законот, не задира во уставно утврдените надлежности на Уставниот суд, да одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, ниту забрана за граѓаните да поднесуваат иницијативи пред Уставниот суд.
Согласно член 12 од Деловникот на Уставниот суд, секој може да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност на закон и уставност и законитост на пропис или друг општ акт, а Судот, согласно неговите надлежности од член 110 од Уставот, одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, следствено, согласно член 112 од Уставот, и да укине или поништи закон ако утврди нивна несогласност со Уставот, и да укине или поништи друг пропис или општ акт, ако најде нивна несогласност со Уставот и/или со закон. Меѓутоа со иницијативата, подносителот не може да бара мислење, објаснување, ниту да бара интервенција пред други органи, па во ваков случај, согласно член 16 став 3 од Деловникот, подносителот ќе биде известен дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува за такви прашања и барања.
По однос на одредбата од член 5 став 3 од Законот, во кој е содржан оспорениот дел „поништени”, Судот, цени дека истата не задира во надлежностите на Уставниот суд да поништи или укине подзаконски акт, во случајов донесен од Советот на Народната банка.
Неспорно е дека монетарниот систем е еден од фундаменталните столбови на државата, со посебно место на Народната банка, чија организација и работа се уредуваат со закон, но, со закон не може да се ограничи ниту да се одземе уставната надлежност на Уставниот суд како орган на Републиката да ја штити уставноста и законитоста.
Имено, уставно оправдано, законодавецот со Законот за Народната банка ја операционализирал независноста и самостојноста на Народната банка на Република Северна Македонија како носител на монетарната власт. Оттука, произлегува дека оспорените одредби се однесуваат на органите на државната власт кои се пропишани во глава III на Уставот, „Организација на државната власт“. Уставотворецот, Уставниот суд го поставил во посебна, глава IV на Уставот, кој како орган на Републиката е надвор од системот на органите на државната власт, што значи дека Уставниот суд е независен во однос на нив и не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставниот суд, има уставно овластување согласно член 112 од Уставот, да поништи или укине закон, или во случајов подзаконски акт, ако утврди дека не е во согласност со Уставот.
Согласно претходната уставно-судска анлиза, оспорените делови на член 5 од Законот, во никој случај не може да се протолкуваат дека ја ускратуваат надлежноста на Уставниот суд да оценува уставност или законитост на пропис оспорен пред Судот и истиот да го укине или поништи доколку најде основи за тоа.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот утврди дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на член 5 став 2 во делот „правни“ и став 3 во делот „поништени“ од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија со одредбите од член 8 став 1 алинеја 3, член 108 и член 110 став 1 алинеја 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.171/2023
Shkup, 14.11.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 nëntor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 paragrafit 2 në pjesën “juridikë” dhe paragrafin 3 në pjesën “anulohen” të Ligjit për Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 dhe 83/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 110/2021).
Arsyetim
I
Igorço Toçev nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese i parashtroi iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 paragrafi 2 në pjesën “juridikë” dhe paragrafin 3 në pjesën “anulohen” të Ligjit për Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 dhe 83/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 110/2021) pasi nuk kanë qenë në pajtim me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3, nenin 108 dhe nenin 110 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Parashtruesi potencon se në përputhje me nenin 47 të të njëjtit ligj, Këshilli i Bankës Popullore, ndër të tjerash, është i autorizuar të miratojë akte nënligjore në kompetencë të Bankës Popullore, si dhe Statutin e Bankës Popullore, të cilat mund t’i nënshtrohen vlerësimit të kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së tyre para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, e cila ka status juridik aktiv sipas të dhënave të disponueshme në ueb faqen e Regjistrit Qendror të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Lidhur me kontestin në fjalë, parashtruesi potencon se pjesa “juridikë” që e përmban neni 5 paragrafi 2 i Ligjit është definuar tepër përgjithësisht, kështu që sipas parashtruesit lind pyetja nëse aktet nënligjore të miratuara nga Këshilli i Bankës Popullore bëjnë përjashtim në lidhje me vlerësimin e tyre para Gjykatës Kushtetuese, gjegjësisht nëse mund t’i nënshtrohen edhe shqyrtimit të kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së tyre, prandaj mendon se pjesa e kontestuar “juridikë” e nenit 5 paragrafit 2 të Ligjit nuk është në përputhje me parimin e sundimit të së drejtës i cili nënkupton se duhet të ketë norma të qarta, koncize dhe të sakta në veprimet juridike dhe se arbitrariteti në interpretimin e tyre nuk duhet të lejohet, për të mos ua cenuar sigurinë juridike personave fizikë dhe juridikë.
Për parashtruesin kontestohet edhe pjesa e “anulohen” e nenit 5 paragrafi 3 i Ligjit, pasi sipas tij, nuk është e qartë nëse pjesa e kontestuar nënkupton përjashtim nga kompetenca e Gjykatës, për të marrë vendim me të cilin do të anulohet një rregullore apo akt nënligjor i miratuar nga Këshilli i Bankës Popullore, që do të ishte në kundërshtim me nenin 110 dhe nenin 111 paragrafi 1 alineja 2 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Për arsyet e cekura, parashtruesi propozon që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesëve të kontestuara të dispozitave ligjore dhe t’i shfuqizojë ato si në kundërshtim me Kushtetutën.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se në nenin 5 paragrafët 2 dhe 3 të Ligjit, është rregulluar:
(2) Banka Popullore, anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe të punësuarit në Bankën Popullore nuk guxojnë të marrin dhe të kërkojnë instruksione nga organet e pushtetit shtetëror, organet e komunave, organet e Qytetit të Shkupit dhe nga cilëtdo persona juridikë dhe/apo fizikë.
(3) Vendimet e Këshillit të Bankës Popullore nuk guxojnë të miratohen, ndërpriten ose anulohen nga organet dhe personat nga paragrafi (2) i këtij neni.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe ligjin. Secili është i detyruar ta respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 60 të Kushtetutës, Banka Popullore e Republikës së Maqedonisë është bankë e emisionit. Banka Popullore është e pavarur dhe mban përgjegjësi për stabilitetin e valutës, për politikën monetare dhe për likuiditetin e përgjithshëm të pagesave në Republikë dhe ndaj vendeve të jashtme. Organizimi dhe puna e Bankës Popullore rregullohen me ligj.
Në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 e Kushtetutës, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve.
Me nenin 108 të Kushtetutës përcaktohet se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut është organ i Republikës i cili e mbron kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë.
Sipas nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, Gjykata Kushtetuese vendos për përputhshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe me ligjet.
Gjykata Kushtetuese, sipas nenit 112 paragrafit 2 të Kushtetutës, do të abrogojë ose anulojë rregull tjetër ose akt të përgjithshëm, marrëveshje kolektive, statut apo program të partisë politike ose të shoqatës, nëse konstaton se të njëjtat nuk janë në përputhje me Kushtetutën ose me ligjin.
Duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 60 të Kushtetutës, sipas të cilit organizimi dhe puna e Bankës Popullore rregullohen me ligj, si dhe kompetencat kushtetuese për të miratuar ligje dhe për të dhënë interpretimin autentik të tyre, ligjvënësi e miratoi Ligjin për Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 dhe 83/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Veriut Maqedonia” nr. 110/2021) i cili rregullon organizimin dhe punën e Bankës Popullore, si dhe detyrat dhe kompetencat e saj.
Struktura organizative dhe funksionimi i Bankës Popullore bazohet në parimet e autonomisë dhe pavarësisë në interes të stabilitetit të sistemit bankar dhe në masat e marra për arritjen dhe ruajtjen e stabilitetit të tij, të cilat sipas nenit 8 të Ligjit janë të interesit publik.
Neni 5 i Ligjit ka të bëjë me pavarësinë në punën e Bankës Popullore, anëtarët e Këshillit të Banksë Popullore dhe të punësuarit në Bankën Popullore. Në kuptimin e dhënë, neni 5 i Ligjit përcakton se
(1) Banka Popullore është e pavarur në realizimin e qëllimeve dhe detyrave dhe është përgjegjëse në kushte dhe në mënyrë të përcaktuar me këtë ligj.
(2) Banka Popullore, anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe të punësuarit në Bankën Popullore nuk guxojnë të pranojnë dhe të kërkojnë instruksione nga organet e pushtetit shtetëror, organet e komunave, organet e Qytetit të Shkupit dhe nga cilëtdo persona të tjerë fizike dhe/ose juridikë.
(3) Vendimet e Këshillit të Bankës Popullore nuk guxojnë të miratohen, anulohen, abrogohen ose ndryshohen nga organet dhe personat nga paragrafi (2) i këtij neni.
(4) Pavarësia e Bankës Popullore respektohet në çdo kohë dhe asnjëri nga organet dhe/ose personat nga paragrafi (2) i këtij neni, nuk guxojnë të ndikojnë te anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe tek të punësuarit në Bankën Popullore gjatë kryerjes së funksioneve të tyre, përkatësisht punëve, e as në aktivitetet e Bankës Popullore.
Në të njëjtën kohë, ligjvënësi, duke e marrë parasysh statusin kushtetues të Bankës Popullore si institucion i pavarur me pavarësinë e vet drejtuese, financiare dhe administrative, në Ligjin për Bankën Popullore e ka rregulluar edhe nenin 81 të titulluar “Pavarësia e Bankës Popullore” duke përshkruar “Pa qenë në kundërshtim me nenin 5 të këtij ligji, Banka Popullore dhe anëtaret e Këshillit të Bankës Popullore nuk kërkojnë, e as pranojnë instruksione nga institucionet dhe organet e Bashkimit Evropian, nga cilado qoftë qeveri e vendit anëtar ose nga cilido organ tjetër. Institucionet dhe organet e Bashkimit Evropian dhe qeveritë e vendeve anëtare nuk mund të ndikojnë në pavarësinë e Bankës Popullore, në miratimin dhe implementimin e vendimeve të Bankës Popullore dhe të organeve të saj, e as nuk mund të miratojnë, revokojnë, prolongojnë, anulojnë ose në çfarëdo mënyre të ndikojnë në vendimet e Bankës Popullore dhe të organeve të saj.
Nga dispozitat kushtetuese dhe ligjore të cituara më sipër, rezulton se ligjvënësi, në përputhje me autorizimin e tij kushtetues, ka detyrimin me ligj ta rregullojë sjelljen e subjekteve në një fushë të caktuar të jetës shoqërore për të cilën ai konsideron se është e nevojshme dhe e arsyeshme, dhe siç veproi duke rregulluar nenin 5, pikat 2 dhe 3 të Ligjit, i cili parashikonte norma të sjelljes për vetë institucionin bankar, për anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe punonjësit e Bankës Popullore, përkatësisht ka përcaktuar qartë dhe saktë ndalimin e marrjes dhe kërkimin e udhëzimeve nga organet e pushtetit shtetëror dhe të pushtetit lokal, përfshirë të gjithë personat e tjerë juridikë dhe fizikë, si dhe ndalimin e ndërhyrjes së tyre në vendimet e Këshillit të Bankës Popullore që është në funksion të funksionalizimit të dispozitave kushtetuese të nenit 60 të Kushtetutës, me qëllim të mbrojtjes së autonomisë dhe pavarësisë së Bankës Popullore dhe me qëllim të parandalimit të çdo ndikimi të jashtëm në funksionimin e saj. Një legjitimitet i tillë për ligjvënësit ka një justifikim shoqëror, sepse rregullimi i kësaj materieje është çështje e interesit publik.
Në kuptimin e cekur, ligjvënësi me nenin 5 paragrafin 2 të Ligjit rregullon se Banka Popullore, anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe punonjësit e Bankës Popullore nuk mund të marrin dhe kërkojnë udhëzime nga organet e pushtetit shtetëror, organet e komunave, organet e Qytetit të Shkupit dhe nga çdo person tjetër juridik dhe/ose fizik.
Po ashtu, ligjvënësi me nenin 5 paragrafin 3 të Ligjit ka vendosur ndalim të shqiptuar që vendimet e Këshillit të Bankës Popullore të miratohen, ndërpriten, anulohen ose ndryshohen nga organet dhe personat nga paragrafi 2 i këtij neni, më saktësisht nga organet e: pushtetit shtetëror, komunave, Qytetit të Shkupit, por edhe nga çdo person tjetër juridik ose fizik. Me këtë dispozitë ligjvënësi i besoi qartë dhe saktë autonominë, mëvetësinë dhe pavarësinë e Këshillit për të marrë vendime pa asnjë ndikim. Parashtruesi i kërkesës e interpreton pjesën e “anuluar” të kësaj dispozite si përjashtim nga juridiksioni i Gjykatës për të marrë vendim me të cilin mund të anulojë një rregullore apo akt nënligjor i miratuar nga Këshilli i Bankës Popullore.
Në të njëjtën kohë, ligjvënësi me dispozitën e nenit 5 paragrafit 4 të Ligjit, ka vendosur një normë imperative që pavarësia e Bankës Popullore të respektohet në çdo kohë, si dhe të ndalohet shprehimisht ndikimi nga organet e pushtetit shtetëror, organet e komunave, organet e Qytetit të Shkupit dhe nga çdo person tjetër juridik dhe/ose fizik, të cilët kanë për qëllim anëtarët e Këshillit të Bankës Popullore dhe punonjësit e Bankës Popullore në kryerjen e funksioneve të tyre, përkatësisht punëve, dhe të aktiviteteve të Bankës Popullore.
Nisma konteston kushtetutshmërinë e nenit 5 paragrafit 2 në pjesën “juridikë” dhe paragrafit 3 në pjesën “anulohen” të Ligjit, me pretendimet për paqartësitë e tyre, dhe rrjedhimisht në kundërshtim me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës, si dhe shkeljen e nenit 108 dhe nenit 110 paragrafit 1 alinesë 2 të Kushtetutës, sepse për shkak të pjesëve të kontestuara të dispozitave ligjore, qytetarët nuk mund të jenë juridikisht të sigurt nëse aktet nënligjore të Këshillit të Bankës Popullore mund të jenë subjekt vlerësimi para Gjykatës Kushtetuese apo jo, përkatësisht nëse mund të anulohen për shkak të mospërputhjes së tyre me Kushtetutën dhe ligjet.
Më konkretisht, antikushtetutshmërinë e pjesëve kontestuese të nenit të ligjit parashtruesi e shpjegon me pretendimet se pjesa (personat) “juridikë” që është e përfshirë në nenin 5 paragrafi 2 të Ligjit është definuar shumë përgjithësisht, përkatësisht në mënyrë të paqartë dhe të pasaktë, kështu që shtrohet pyetja nëse pjesa kontestuese do të nënkuptojë se aktet nënligjore të Këshillit të Bankës Popullore janë përjashtim sa i përket vlerësimit të tyre para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, gjegjësisht nëse mund t’i nënshtrohen shqyrtimit të tyre kushtetutshmëria dhe ligjshmëria para Gjykatës Kushtetuese, lidhur me këtë pjesë të kontestuar, për parashtruesin kontestohet edhe pjesa “anulohen” e nenit 5 paragrafit 3 të Ligjit, sepse nëse aktet nënligjore të Këshillit të Bankës Popullore nuk mund t’i nënshtrohen vlerësimit kushtetueso-gjyqësor para Gjykatës Kushtetuese, nuk do të mund as të anulohen nëse nuk janë në përputhje me Kushtetutën dhe ligjet.
Duke paraqitur arsyet e antikushtetutshmërisë së pjesëve të kontestuara të nenit të Ligjit, parashtruesi i propozon Gjykatës Kushtetuese shfuqizimin e tyre, gjë që nënkupton se ndalimi i kërkesës dhe marrjes së udhëzimeve duhet të zbatohet vetëm për organet e pushtetit shtetëror dhe vendor dhe vetëm ndaj personave fizikë, por jo edhe personave juridikë, me arsyetimin se nëse ndalimi është ndaj personave juridikë, ku sipas parashtruesit përfshihet Gjykata Kushtetuese (pasi është person juridik i regjistruar në Regjistrin Qendror), atëherë askush nuk do të mund ta kundërshtojë aktin nënligjor të Këshillit të Bankës Popullore para Gjykatës Kushtetuese, dhe me këtë bëhet ndërhyrje e drejtpërdrejt në kompetencat e Gjykatës Kushtetuese nga neni 110 paragrafi 1 alineja 2 e Kushtetutës dhe në nenin 108 të Kushtetutës.
Gjykata, duke e analizuar përmbajtjen e nenit 5 paragrafit 2 të Ligjit, i cili e përmban pjesën kontestuese “juridikë”, ka konstatuar se kjo pjesë e kontestuar nuk shkakton paqartësi juridike për qytetarët lidhur me pyetjen nëse mundet apo jo aktet nënligjore të Këshillit të Bankës Popullore të jenë subjekt vlerësimi para Gjykatës Kushtetuese, dhe lidhur me këtë, pjesa kontestuese “anulohen” nga neni 5 paragrafi 3 i Ligjit, nuk shkakton paqartësi në pyetjen nëse vendimet e Këshillit të Bankës Popullore mund ose nuk mund të anulohen, nëse Gjykata gjen baza për të njëjtën gjë. Aq më tepër që dispozita ligjore e përmendur nuk ka fare përmbajtje që prek çështje që kanë të bëjnë me fillimin e procedurës në Gjykatën Kushtetuese, por flet për instruksione dhe jo për iniciativa.
Thelbi i rregullimit të dispozitave ligjore është në ndalimin e marrjes dhe kërkesës së instruksioneve (udhëzimeve, detyrave) në lidhje me punën e institucionit nga autoritetet në nivel shtetëror dhe vendor, përfshirë nga të gjithë personat e tjerë juridikë dhe fizikë. Subjekt i ndalimit është marrja dhe kërkimi i instruksioneve nga subjektet e përmendura, ndërsa instruksioni në asnjë mënyrë nuk nënkupton nismë pranë Gjykatës Kushtetuese, për rrjedhojë pjesa e kontestuar “juridikë” e nenit të ligjit nuk i cenon kompetencat e përcaktuara me kushtetutë të Gjykatës Kushtetuese, të vendosë për përputhshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për përputhshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet, as ndalimin e qytetarëve për të paraqitur iniciativa në Gjykatën Kushtetuese.
Në bazë të nenit 12 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, çdokush mund të parashtrojë iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji dhe kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulloreje ose akti tjetër të përgjithshëm, ndërsa Gjykata, në përputhje me kompetencat e saj nga neni 110 i Kushtetutës, vendos për përputhshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për përputhshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe me ligjet, për rrjedhojë, në përputhje me nenin 112 të Kushtetutës dhe për të shfuqizuar ose anuluar një ligj nëse konstaton mospërputhjen e tyre me Kushtetutën dhe të shfuqizojë ose anulojë një rregullore ose akt të përgjithshëm, nëse konstaton mospërputhje të tyre me Kushtetutën dhe/ose ligjin. Megjithatë, me iniciativën, parashtruesi nuk mund të kërkojë mendim, shpjegim apo ndërhyrje para organeve të tjera, kështu që në këtë rast, sipas nenit 16 paragrafit 3 të Rregullores, parashtruesi do të njoftohet se Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente për të vendosur për çështje dhe kërkesa të tilla.
Lidhur me dispozitën e nenit 5 paragrafit 3 të Ligjit, i cili e përmban pjesën e kontestuar “anulohen”, Gjykata vlerëson se nuk i cenon kompetencat e Gjykatës Kushtetuese për të anuluar apo shfuqizuar një akt nënligjor, në këtë rast të miratuar nga Këshilli i Bankës Popullore.
Është e padiskutueshme se sistemi monetar është një nga shtyllat themelore të shtetit, me një vend të veçantë për Bankën Popullore, organizimi dhe puna e së cilës rregullohen me ligj, por ligji nuk mund të kufizojë apo heqë kompetencën kushtetuese të Gjykatës Kushtetuese si organ i Republikës ta mbrojë kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë.
Gjegjësisht, i arsyetuar në aspektin kushtetues, ligjvënësi me Ligjin për Bankën Popullore e operacionalizoi autonominë dhe pavarësinë e Bankës Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut si bartëse e autoritetit monetar. Nga kjo rrjedh se dispozitat e kontestuara u referohen organeve të pushtetit shtetëror të cilat janë të përcaktuara në kapitullin III të Kushtetutës “Organizimi i pushtetit shtetëror”. Themeluesi i Kushtetutës, Gjykatën Kushtetuese e ka vendosur në një kapitull të veçantë IV të Kushtetutës, e cila si organ i Republikës është jashtë sistemit të organeve të qeverisjes shtetërore, që do të thotë se Gjykata Kushtetuese është e pavarur në raport me to dhe nuk i nënshtrohet parimit të ndarjes së pushtetit. Gjykata Kushtetuese, sipas nenit 112 të Kushtetutës, ka autoritetin kushtetues të anulojë ose të shfuqizojë një ligj, ose në këtë rast një akt nënligjor, nëse konstaton se ai nuk është në përputhje me Kushtetutën.
Sipas analizës së mëparshme kushtetueso-gjyqësore, pjesët e kontestuara të nenit 5 të Ligjit në asnjë mënyrë nuk mund të interpretohen se e shkurtojnë kompetencën e Gjykatës Kushtetuese për të vlerësuar kushtetutshmërinë ose ligjshmërinë e një rregulloreje të kontestuar para Gjykatës dhe për të shfuqizuar ose anuluar të njëjtën nëse gjen baza për këtë.
Duke e marrë parasysh sa më sipër, Gjykata konstatoi se çështja e përputhshmërisë nga neni 5 paragrafi 2 në pjesën “juridikë” dhe paragrafi 3 në pjesën “anulohen” të Ligjit për Bankën Popullore të Republikës së Maqedonisë së Veriut me dispozitat e nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3, nenit 108 dhe nenit 110 paragrafit 1 alinesë 2 të Kushtetutës nuk mund të shtrohet në mënyrë të bazuar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska