Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.46/2023
Скопје, 14.11.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеи 2 и 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14.11.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 72 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Рапублика Северна Македонија“ бр.102/2019).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 ставови 1, 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).
Образложение
I
Петар Баришиќ од Скопје, до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 72 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019). Според наводите, со оспорениот член се повредени одредбите од член 9, член 50 став 2, член 51 став 1, член 103 став 1 од Уставот, како и амандманите XXV и XXVIII на Уставот на Република Северна Македонија.
Во иницијативата е наведено дека Судскиот совет на Република Северна Македонија има статус на јавен орган како и другите државни органи во својство на правно лице, кој за својата работа користи средства од Буџетот.
Според подносителот, не може да се применува посебна –вонредна законска легислатива спрема судиите, како граѓани на Република Северна Македонија, врз основа на професијата која ја вршат.
Врз основа на член 69 од истиот закон, Советот одлучува за разрешување на судија или претседател на суд, а согласно член 72 од Законот, право на жалба во рок од осум дена има само судијата или претседателот на судот до Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија само во случај кога е повредена постапката за утврдување на одговорноста.
Подносителот наведува дека Советот за жалби претставува вонреден суд што е спротивно на член 98 став 3 од Уставот бидејќи смета дека истиот не е редовен, односно е составен наменски, па согласно член 72 став 2 од Законот, истиот го сочинуваат девет члена од кои тројца судии од Врховниот суд, по еден судија од апелационите судови и двајца судии од судот од кој е судијата против кој е водена постапката. Овластувањата на овој вонреден совет биле еднократни, или да го укинат или да го потврдат решението на Судскиот совет на Република Севрна Македонија.
Согласно одредбата од член 103 став 1 од Уставот, подносителот смета дека станува збор за вонреден суд означен како Совет за жалби, што би значело дека советот за жалби е суд. Понатаму наведува дека Законот за Судскиот совет, како закон кој е донесен со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници, не може да уредува постапка пред суд за која е потребен закон донесен со двотретинско мнозинство.
Според подносителот, разрешените судии, како граѓани на Република Северна Македонија, биле лишени од правото да го штитат својот интерес во судска постапка, како и сите граѓани.
Со иницијативата иако се оспорува член 72 од Законот, од содржината на наводите произлегува дека подносителот се осврнува на став 2 како оспорен дел од одредбата како и на став 6 од истиот член од причини што смета дека со овој став им се забранува на судијата или претседателот на судот, да изјават жалба или тужба против одлуката на Судскиот совет, што е во колизија со член 50 став 2 од Уставот, па имајќи го предвид фактот што Судскиот совет бил јавен орган во својство на друг државен орган, подносителот наведува дека оспорената одредба во целост била спротивна на Уставот и предлага истата да се поништи.
II
На седницата Судот утврди дека во член 72 став 1 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, се определува дека право на жалба до Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Советот за жалба) против одлуката на Советот, има само судијата, односно претседателот на судот за кого е поведена постапката за утврдување на одговорност, во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката. Согласно став 2 од истиот член, Советот за жалба е составен од девет члена од кои тројца судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по еден судија од апелационите судови и двајца судии од судот од кој е судијата против кој е водена постапката. Членовите се бираат јавно по систем на ждрепка на општа седница на Врховен суд на Република Северна Македонија, односно седница на сите судии на односниот суд, најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на жалбата. Според став 3 од истиот член, Советот за жалба најдоцна во рок од 30 дена од неговото формирање одлучува по жалбата, ценејќи ја законитоста на постапката. Со став 4 од истиот член се определува дека во случаите од ставот 3 на овој член, Советот за жалба може да го потврди или да го укине решението на Советот во случај на груба повреда на одредбите за постапката за одговорност на судија или претседател на суд. Согласно став 5 од член 72, доколку Советот за жалба го укине решението, Советот ќе ја повтори постапката, задолжително почитувајќи ги напатствијата од Советот за жалба и ќе донесе одлука и истата јавно ќе ја објави на својата веб-страница (оспорен дел). Став 6 на истиот член определува дека против одлуката од став 5 не е дозволена жалба или тужба (оспорен дел), а согласно став 7 на истиот член, претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и судија, односно претседател на суд, учесник во постапката пред Советот не можат да бидат членови на Советот за жалба од ставот 2 на овој член.
III
Согласно Амандманот XXV на Уставот, со кој е заменет член 98 од Уставот на Република Македонија, судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Забранети се вонредни судови. Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите како и постапката пред нив се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Според член 103 став 1 од Уставот, судот суди во совет.
Од содржината на цитираните уставни одредби јасно произлегува дека Уставот ја доверува судската власт на судовите кои се самостојни и независни, судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, а видовите, надлежноста, основањето, организацијата, составот на судовите, како и постапката пред судовите се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство, а судот суди во совет. Уставот забранува воведување на вонредни судови, односно постојат само оние судови кои се воведени со Законот за судовите или со некој друг закон донесен во редовна постапка.
Согласно член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.
Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со иницијативата се оспорува член 72 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019), меѓутоа, од изнесените наводи како спорни прашања произлегуваат содржините од одредбата содржани во ставови 2 и 6 од оспорениот член од Законот.
Член 72 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, содржи 7 става, од кои, Судот, го ценеше само став 2 од истиот член којшто уредува дека Советот за жалба е составен од девет члена од кои тројца судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по еден судија од апелационите судови и двајца судии од судот од кој е судијата против кој е водена постапката. Членовите се бираат јавно по систем на ждрепка на општа седница на Врховен суд на Република Северна Македонија, односно седница на сите судии на односниот суд, најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на жалбата.
Став 2 од оспорениот член, го уредува составот на членовите на Советот за жалба кои се бираат на општа седница на Врховниот суд јавно по систем на ждрепка. Советот брои девет члена во состав од редот на судиите на сите судови во Републиката од кои тројца членови се судии од Врховниот суд како највисок суд во државата, по еден судија од апелационите судови како непосредно повисоки судови на основните судови и двајца судии од судот од каде е судијата против кој е водена постапката, кои се бираат на седница на сите судии на односниот суд.
Во корелација со оспорената одредба е член 69 од истиот закон, кој ја пропишува постапката за одлучување по предлог одлука за изрекување на дисциплинска мерка. Донесената одлука по спроведената постапка за разрешување на судијата или претседател на суд по утврдена сторена потешка дисциплинска повреда или нестручно или несовесно вршење на судиската функција, разрешениот судија или претседател на суд може да ја обжали до Советот за жалби, кој согласно член 72 став 2 од истиот закон по систем на ждрепка се бираат членовите кои ќе постапуваат по поднесената жалба во законски утврден рок од 10 дена од приемот на жалбата.
Во врска со наводите во конкретната иницијатива дека ваквиот состав на членовите на Советот за жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија, со оглед на тоа дека не е постојан, бил составен наменски, судел во совет и како таков претставувал вонреден суд спротивно на член 103 став 1 од Уставот, Судот, оцени дека оваа темелна вредност го предвидува начелото на колегијалност во судењето. Судот суди во совет, составен од судија и поротници, при што упатува со закон да се утврдат случаите, кога суди судија поединец, а, кога во судењето треба да учествуваат и судиите поротници. Законот пропишува кога суди судија поединец односно инокосниот облик на судење кој се применува на полесни постапки или судат судии во поширок совет кога се во прашање посложени постапки, а се однесува на постапките кои се водат пред редовните судови, а судот ги суди во состав.
Оваа уставна одредба за која подносителот смета дека е повредена, не може да се доведе во корелација со оспорениот член кој се однесува на Советот за жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија и нема статус на вонреден суд.
Имено, Судскиот совет се дефинира како самостоен и независен орган на судството, со задача да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Поради уставно уредената надлежност на Судскиот совет да ги избира и разрешува судиите и судиите поротници, со Законот за Судскиот совет е формиран Советот за жалби како второстепен орган кој одлучува по жалба на судија или претседател на суд и во никој случај не претставува вонреден суд во смисла на Амандман XXV точка 1 алинеја 3 од Уставот.
По однос на ставовите 3, 4 и 5 од оспорениот член, за кои во наводите во иницијативата недостастуваат образложени причини за оспорување, како и по однос на став 6 од истиот член, овој суд, веќе се произнел по однос на уставноста на оспорените одредби.
Постапувајќи по претходно поднесена иницијатива Уставниот суд со Решението У.бр.137/2019 од 25.03.2021 година, не поведе постапка за оценување на уставноста на член 72 став 3 во делот „ценејќи ја законитоста на постапката“ и член 72 став 4 во делот „во случај на груба повреда на одредбите за постапката“ од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019). Овие одредби Судот ги ценеше од аспект на Амандман XXVIII точка 1 став 1, Амандман XXIX точка 1 став 1 алинеи 1 и 3 и Амандман XXVI точка 1 став 2 алинеја 2, Амандман XXI точка 1 на Уставот, како и од аспект на член 13 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и не најде повреда на истите.
Во правното мислење изразено во ова решение, Судот утврди дека наведените законски правила овозможуваат правото на жалба на разрешен судија или претседател на суд да се остварува во: двостепена постапка, во втор степен да одлучува судски орган, одлуката на второстепениот орган да е задолжителна, а во рамките на законитоста на постапката спроведена од Судскиот совет, Советот за одлучување по жалба може да ги опфати и прашањата поврзани со фактичката состојба и со примената на материјалното право.
Во однос на делот на иницијативата дека оспорените одредби од Законот го ускратувале правото на судија односно претседател на суд, да го заштитат своето право и интерес пред редовните судови без ограничување како и сите останати граѓани само врз основа на професијата која ја вршат, Уставниот суд веќе се има произнесено постапувајќи по предметот У.бр.42/2022 со Решението од 07.09.2022 година, не повел постапка за оценување на уставноста на член 72 став 5 во делот „и истата јавно ќе ја објави на својата веб страница“ и став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019). Оспорените одредби, Судот ги ценеше од аспект на Амандман XXI точка 1 став 1 од Уставот, како и од аспект на член 13 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.
Во правното мислење изразено во Решението, Судот утврди дека интенцијата на уставотворецот, била да ја обезбеди, да ја гарантира и да ја заштитува независноста на судството и на судиите како посебна власт, да го обезбеди уставниот статус и уставната положба, како и надлежностите на Судскиот совет како независен орган. Притоа неспорно е дека законодавецот има уставно овластување со закон да ги доразработи, односно операционализира уставните одредби кои се однесуваат на Судскиот совет, како што тоа впрочем е сторено со донесување на Законот за Судскиот совет. Меѓу останатите надлежности, со Законот за Судски совет се определени и правилата на постапката според кои Судскиот совет ја обезбедува својата исклучива надлежност да утврди одговорност и да разреши судија или претседател на суд, но истовремено ја обезбедува и правната заштита односно правата и интересите на разрешениот судија или претседател на суд.
Законодавецот водел грижа за уставната гаранција за право на жалба или друг вид на правна заштита која се однесува на разрешен судија или претседател на суд, и истата да биде операционализирана и уредена со закон, односно со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Во таа смисла, законодавецот во функција на операционализација на Амандманот XXI од Уставот, го креирал член 72 од Законот за Судскиот совет во кој се содржани оспорените одредби со оваа иницијатива, односно член 72 став 5 во делот „и истата јавно ќе ја објави на својата веб страница“ и ставот 6 од истиот член „Против одлуката од ставот 5 не е дозволена жалба или тужба”.
Имајќи предвид дека Уставниот суд одлучувал за истата работа, произлегува дека иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 во делот на ставовите 3, 4, 5 и 6 од Законот, исполнети се деловничките услови за отфрлање на иницијативата во овој дел согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот, според кој Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
По однос на ставовите 1 и 7 од оспорениот член 72 од Законот, во иницијатива подносителот само ја наведува содржината на уставни одредби и содржината на оспорениот член, поради што Судот, цени дека не се исполнети критериумите за да може мериторно да се оценува содржината на овие ставови поради отсуството на аргументи и образложени причини за несогласноста на оспорените ставови од одредбата со одредбите на Уставот, што е причина за отфрлање на иницијативата во овој дел согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr. 46/2023
Shkup, 14.11.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineve 2 dhe 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14.11.2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafit 2 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.102/2019).
2. HIDHET POSHTË iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafëve 1, 3, 4, 5, 6 dhe 7 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.102/2019).
Arsyetim
I
Petar Barishiq nga Shkupi Gjykatës Kushtetuese i ka parashtruar iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 102/2019). Sipas pretendimeve, neni kontestues është në kundërshtim me dispozitat e nenit 9, nenit 50 paragrafit 2, nenit 51 paragrafit 1, nenit 103 paragrafit 1 të Kushtetutës, si dhe me amendamentet XXV dhe XXVIII të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në iniciativë thuhet se Këshilli Gjyqësor i Republikës së Maqedonisë së Veriut e ka statusin e organit publik sikurse organet e tjera shtetërore në cilësinë e personit juridik, i cili për punën e tij shfrytëzon mjetet nga Buxheti.
Sipas parashtruesit, për gjykatësit, si qytetarë të Republikës së Maqedonisë së Veriut, nuk mund të zbatohet legjislacion i posaçëm – i jashtëzakonshëm juridik, në bazë të profesionit që e ushtrojnë.
Në bazë të nenit 69 të të njëjtit ligj, Këshilli vendos për shkarkimin e gjyqkatësit ose kryetarit të gjykatës, dhe sipas nenit 72 të Ligjit, të drejtë ankese ka vetëm gjykatësi ose kryetari i gjykatës brenda tetë ditësh deri te Këshilli për vendimmarrje për ankesa në Gjykatën Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut vetëm në rast të shkeljes së procedurës për përcaktimin e përgjegjësisë.
Parashtruesi potencon se Këshilli i apelit paraqet gjykatë të jashtëzakonshme, që është në kundërshtim me nenin 98 paragrafin 3 të Kushtetutës sepse konsideron se nuk është i rregullt, përkatësisht është i përbërë për një qëllim, kështu që sipas nenit 72 paragrafit 2 të Ligjit, i njëjti përbëhet nga nëntë anëtarë, tre prej të cilëve janë gjykatës të Gjykatës Supreme, nga një gjykatës nga Gjykatat e apelit dhe dy gjykatës nga gjykata nga e cila është gjykatësi kundër të cilit zhvillohet procedura. Autorizimet e këtij këshilli të jashtëzakonshëm ishin të njëfishta, qoftë për të anuluar apo konfirmuar aktvendimin e Këshillit Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas dispozitës së nenit 103 paragrafi 1 i Kushtetutës, parashtruesi mendon se është gjykatë e jashtëzakonshme e caktuar si Këshill i apelit, që do të thotë se Këshilli i apelit është gjykatë. Më tej thuhet se Ligji për Këshillin Gjyqësor, si ligj i miratuar me shumicë votash nga numri i përgjithshëm i deputetëve, nuk mund të rregullojë një procedurë para gjykatës që kërkon ligj të miratuar me shumicë prej dy të tretave.
Sipas parashtruesit, gjykatësve të shkarkuar, si qytetarë të Republikës së Maqedonisë së Veriut, u është hequr e drejta për të mbrojtur interesat e tyre në procedurë gjyqësore, si të gjithë qytetarëve.
Me iniciativën edhe pse kontestohet neni 72 i ligjit, nga përmbajtja e pretendimeve rezulton se parashtruesi i referohet paragrafit 2 si pjesë e kontestuar e dispozitës si dhe paragrafit 6 të të njëjtit nen për arsye se konsideron se ky paragraf e ndalon gjykatësin ose kryetarin e gjykatës të bëjnë ta apelojnë ose të shtrojnë padi kundër vendimit të Këshillit Gjyqësor, i cili bie ndesh me nenin 50 paragrafin 2 të Kushtetutës, duke marrë parasysh faktin se Këshilli Gjyqësor ka qenë organ publik në cilësinë e një organi tjetër shtetëror, parashtruesi thekson se dispozita e kontestuar në tërësi ka qenë në kundërshtim me Kushtetutën dhe propozohet që ajo të anulohet.
II
Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 72 paragrafin 1 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut, është përcaktuar se të drejtë ankese në Këshillin për vendimmarrje për ankimim në Gjykatën Supreme të Republikës e Maqedonisë së Veriut (në tekstin e mëtejmë: Këshilli për ankesa) kundër vendimit të Këshillit ka vetëm gjykatësi, përkatësisht kryetari i gjykatës për të cilin është iniciuar procedura për përcaktimin e përgjegjësisë, në afat prej tetë ditësh nga dita e marrjes së vendimit. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, Këshilli për ankesa përbëhet nga nëntë anëtarë, tre prej të cilëve janë gjykatës të Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut, nga një gjykatës nga gjykatat e Apelit dhe dy gjykatës nga gjykata nga e cila gjykatësi ndaj të cilit zhvillohet procedura. Anëtarët zgjidhen publikisht me sistem të shortit në seancën e përgjithshme të Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut, përkatësisht në seancën e të gjithë gjykatësve të gjykatës përkatëse, jo më vonë se 10 ditë nga dita e pranimit të ankesës. Sipas paragrafit 3 të të njëjtit nen, Këshilli i ankesave vendos për ankesën më së voni në afat prej 30 ditësh nga themelimi i tij, duke vlerësuar ligjshmërinë e procedurës. Me paragrafin 4 të të njëjtit nen, përcaktohet se në rastet e paragrafit 3 të këtij neni, Këshilli i ankesave mund ta konfirmojë ose anulojë vendimin e Këshillit në rast të shkeljes së rëndë të dispozitave për procedurën e përgjegjësisë së një gjykatësi ose kryetari të një gjykate. Në bazë të paragrafit 5 të nenit 72, nëse Këshilli i apelit e anulon aktvendimin, Këshilli do ta përsërisë procedurën, duke e respektuar detyrimisht udhëzimet e Këshillit të ankesave dhe do të marrë vendim dhe do ta publikojë publikisht në ueb-faqen e tij (pjesa e kontestuar). Paragrafi 6 i të njëjtit nen përcakton se kundër vendimit nga paragrafi 5 (pjesa kontestuese) nuk lejohet ankesë apo padi, ndërsa sipas paragrafit 7 të të njëjtit nen, kryetari i Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe gjykatësi, përkatësisht kryetari i gjykatës, pjesëmarrës në procedurën para Këshillit nuk mund të jenë anëtarë të Këshillit të apelit nga paragrafi 2 i këtij neni.
III
Sipas Amendamentit XXV të Kushtetutës, me të cilin është zëvendësuar neni 98 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, pushtetin gjyqësor e ushtrojnë gjykatat. Gjykatat janë autonome dhe të pavarura. Gjykatat gjykojnë në bazë të Kushtetutës, ligjeve dhe marrëveshjeve ndërkombëtare të ratifikuara në përputhje me Kushtetutën. Gjykatat e jashtëzakonshme janë të ndaluara. Llojet, juridiksioni, themelimi, shfuqizimi, organizimi dhe përbërja e gjykatave, si dhe procedura para tyre rregullohen me ligj që miratohet me shumicën e dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve.
Sipas nenit 103 paragrafit 1 të Kushtetutës, gjykata gjykon në këshill.
Nga përmbajtja e dispozitave kushtetuese të cituara, del qartë se Kushtetuta ua beson autoritetin gjyqësor gjykatave të cilat janë autonome dhe të pavarura, të cilat gjykojnë në bazë të Kushtetutës, ligjeve dhe marrëveshjeve ndërkombëtare të ratifikuara në përputhje me Kushtetutën, ndërsa llojet, kompetencat, themelimi, organizimi, përbërja e gjykatave, si dhe procedura para gjykatave, rregullohet me ligj që miratohet me shumicë prej dy të tretave dhe gjykata gjykon në këshill. Kushtetuta e ndalon vendosjen e gjykatave të jashtëzakonshme, gjegjësisht ekzistojnë vetëm ato gjykata të cilat janë futur me Ligjin për gjykatat ose me ndonjë ligj tjetër të miratuar në procedurë të rregullt.
Sipas nenit 110, alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 alineja 2 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për një vendim tjetër.
Sipas nenit 28 paragrafit 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera procedurale për vendosjen për iniciativën.
Me iniciativën kontestohet neni 72 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.102/2019), megjithatë, nga pretendimet e paraqitura si çështje kontestuese dalin përmbajtjet e dispozitës që përmbahen në paragrafët 2 dhe 6 të nenit të kontestuar të Ligjit.
Neni 72 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut përmban 7 paragrafë, nga të cilët Gjykata e vlerësoi vetëm paragrafin 2 të të njëjtit nen, i cili përcakton se Këshilli i ankesave përbëhet nga nëntë anëtarë, tre prej të cilëve janë gjykatës të Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut, nga një gjykatës nga gjykatat e apelit dhe dy gjykatës nga gjykata nga e cila është gjykatësi ndaj të cilit zhvillohet procedura. Anëtarët zgjidhen publikisht me sistem të shortit në seancën e përgjithshme të Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut, gjegjësisht në seancën e të gjithë gjykatësve të gjykatës përkatëse, më së voni në afat prej 10 ditësh nga dita e pranimit të ankesës.
Paragrafi 2 i nenit kontestues rregullon përbërjen e anëtarëve të Këshillit të Aapelit, të cilët zgjidhen në seancën e përgjithshme të Gjykatës Supreme në mënyrë publike, me sistemin e shortit. Këshilli i ka nëntë anëtarë nga radhët e gjykatësve të të gjitha gjykatave në Republikë, nga të cilët tre anëtarë janë gjykatës nga Gjykata Supreme si gjykata më e lartë në vend, nga një gjykatës nga gjykatat e apelit si gjykatat më të larta të gjykatave të themelit dhe dy gjykatës nga gjykata nga ku është gjykatësi ndaj të cilit zhvillohet procedura, të cilët zgjidhen në mbledhjen e të gjithë gjykatësve të gjykatës përkatëse.
Në korrelacion me dispozitën e kontestuar është neni 69 i të njëjtit ligj, i cili e parashikon procedurën e vendimmarrjes pas propozim vendimit për caktimin e masës disiplinore. Vendimin e marrë në vijim të procedurës për shkarkimin e gjykatësit ose kryetarit të gjykatës pas një shkeljeje më të rëndë disiplinore ose kryerjes joprofesionale ose të pakujdesshme të funksionit gjyqësor, gjykatësi ose kryetari i gjykatës i shkarkuar mund ta ankimojë në Këshillin e Apelit, i cili në pajtim me nenin 72 paragrafin 2 të të njëjtit ligj, anëtarët të cilët do të veprojnë sipas ankesës së paraqitur zgjidhen me anë të shortit brenda afatit të përcaktuar ligjor prej 10 ditësh nga pranimi i ankesës.
Lidhur me pretendimet në iniciativën konkrete se kjo përbërje e anëtarëve të Këshillit për ankesa në Gjykatën Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut, duke qenë se nuk është e përhershme, është krijuar për qëllimin, është gjykuar në këshill dhe si e tillë ka përfaqësuar një Gjykatë të jashtëzakonshme në kundërshtim me nenin 103 paragrafin 1 të Kushtetutës, Gjykata vlerësoi se kjo vlerë themelore parashikon parimin e kolegjialitetit në gjykim. Gjykata gjykon në një këshill, të përbërë nga një gjykatës dhe anëtarë të porotës, dhe udhëzon me ligj të përcaktojë rastet kur gjykatësi individual gjykon dhe kur në gjykim duhet të marrin pjesë edhe gjykatësit porotë. Ligji parashikon kur një gjykatës individual gjykon, përkatësisht formën jogjyqësore të gjykimit që zbatohet për procedurat më të lehta ose gjykatësit gjykojnë në një këshill më të gjerë kur bëhet fjalë për procedura më komplekse, dhe i referohet proceseve që zhvillohen në gjykatat e rregullta dhe gjykata i gjykon në përbërje.
Kjo dispozitë kushtetuese, të cilën parashtruesi e konsideron të shkelur, nuk mund të ndërlidhet me nenin e kontestuar, i cili i referohet Këshillit të apelit në Gjykatën Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nuk e ka statusin e gjykatës së jashtëzakonshme.
Konkretisht, Këshilli Gjyqësor përkufizohet si organ autonom dhe i pavarur i gjyqësorit, me detyrë që ta sigurojë dhe garantojë autonominë dhe pavarësinë e gjyqësorit. Për shkak të kompetencës së rregulluar me kushtetutë të Këshillit Gjyqësor për zgjedhjen dhe shkarkimin e gjykatësve dhe gjykatsëve porotë, me Ligjin për Këshillin Gjyqësor formohet Këshilli i apelit si autoritet dytësor që vendos mbi ankesën e gjykatësit apo kryetarit të gjykatës dhe në asnjë rast nuk përbën një gjykatë të jashtëzakonshme në kuptim të amendamentit XXV pika 1 alineja 3 e Kushtetutës.
Në lidhje me paragrafët 3, 4 dhe 5 të nenit të kontestuar, për të cilat në pretendimet në iniciativë mungojnë arsyet e arsyetuara për kontestim, si dhe në lidhje me paragrafin 6 të të njëjtit nen, kjo gjykatë tashmë është deklaruar për kushtetutshmërinë e dispozitave të kontestuara.
Duke vepruar për iniciatvën e parashtruar Gjykata Kushtetuese me Aktvendimin U.nr.137/2019 nga 25.03.2021, nuk ngriti procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafit 3 në pjesën “duke e vlerësuar ligjshmërinë e procedurës” dhe nenin 72 paragrafi 4 në pjesën “në rast të shkeljes së rëndë të dispozitave të procedurës” nga Ligji për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 102/2019). Gjykata i vlerësoi këto dispozita nga pikëpamja e Amendamentit XXVIII pika 1 paragrafi 1, Amendamentit XXIX pika 1 paragrafi 1 alinetë 1 dhe 3 dhe Amendamentit XXVI pika 1 paragrafi 2 alineja 2, Amendamentit XXI pika 1 e Kushtetutës, si dhe nga aspekti i nenit 13 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave dhe Lirive Themelore të Njeriut dhe nuk konstatoi shkelje të tyre.
Në mendimin juridik të shprehur në këtë aktvendim, Gjykata vendosi se rregullat e përcaktuara ligjore mundësojnë që e drejta e ankimimit të gjykatësit të shkarkuar ose kryetarit të gjykatës të ushtrohet në: një procedurë me dy shkallë, në shkallën e dytë vendos organi gjyqësor, vendimi i organit të shkallës së dytë është i detyrueshëm ndërsa në kuadër të ligjshmërisë së procedurës së zbatuar nga Këshilli Gjyqësor, Këshilli i apelit mund të mbulojë edhe çështje që lidhen me gjendjen faktike dhe zbatimin e së drejtës materiale.
Në lidhje me pjesën e iniciativës që me dispozitat e kontestuara të Ligjit i mohohet e drejta e gjykatësit, gjegjësisht kryetarit të gjykatës, që ta mbrojë të drejtën dhe interesin e tij para gjykatave të rregullta pa kufizim si të gjithë qytetarët e tjerë vetëm në bazë të profesionit që e ushtrojnë, Gjykata Kushtetuese tashmë është shpallur duke vepruar në lëndën U.nr.42/2022 me Aktvendimin e datës 07.09.2022, nuk ka filluar procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafit 5 në pjesën “dhe do ta publikojë publikisht në ueb-faqe” dhe paragrafin 6 nga Ligji për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019). Gjykata i vlerësoi dispozitat e kontestuara nga pikëpamja e amendamentit XXI, pikës 1, paragrafit 1 të Kushtetutës, si dhe nga pikëpamja e nenit 13 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave dhe Lirive Themelore të Njeriut.
Në opinionin juridik të shprehur në Aktvendim, Gjykata konstatoi se qëllimi i hartuesit të kushtetutës ishte sigurimi, garantimi dhe mbrojtja e pavarësisë së gjyqësorit dhe gjykatësve si pushtet më vete, për të siguruar statusin kushtetues dhe pozicionin kushtetues, si dhe kompetencat e Këshillit Gjyqësor si organ i pavarur. Njëkohësisht, është e padiskutueshme që ligjvënësi ka kompetencë kushtetuese për të elaboruar me ligj, pra për të funksionalizuar dispozitat kushtetuese që i referohen Këshillit Gjyqësor, siç është bërë realisht me miratimin e Ligjit për Këshillin Gjyqësor. Ndër kompetencat e tjera, Ligji për Këshillin Gjyqësor përcakton rregullat e punës sipas të cilave Këshilli Gjyqësor siguron kompetencën e tij ekskluzive për përcaktimin e përgjegjësisë dhe shkarkimin e gjykatësit ose kryetarit të gjykatës, por në të njëjtën kohë siguron mbrojtjen juridike, përkatësisht të drejtat dhe interesat e gjykatësit të shkarkuar ose kryetarit të gjykatës.
Ligjvënësi është kujdesur për garantimin kushtetues të së drejtës së ankimit apo mbrojtjes tjetër juridike që i referohet gjykatësit të shkarkuar apo kryetarit të gjykatës dhe që ajo të funksionalizohet dhe të rregullohet me ligj, përkatësisht me Ligjin për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Në këtë kuptim, ligjvënësi në funksion të funksionalizimit të Amendamentit XXI të Kushtetutës ka krijuar nenin 72 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor, i cili përmban dispozitat e kontestuara me këtë iniciativë, gjegjësisht nenin 72 paragrafin 5 në pjesën “dhe do ta publikojë publikisht në faqen e saj të internetit” dhe paragrafin 6 të të njëjtit nen “Kundër vendimit nga paragrafi 5 nuk lejohet ankesë apo padi”.
Duke pasur parasysh se Gjykata Kushtetuese vendosi për të njëjtën çështje, rezulton se nga nisma për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 në paragrafin 3, 4, 5 dhe 6 të Ligjit, kushtet procedurale për refuzimin e iniciativës në këtë nen sipas nenit 28 paragrafit 2 të Rregullores së Gjykatës, sipas të cilit Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për të vendosur ndryshe.
Sipas paragrafëve 1 dhe 7 të nenit 72 të Ligjit, në iniciativë parashtruesi vetëm e thekson përmbajtjen e dispozitave kushtetuese dhe përmbajtjen e nenit kontestues, prandaj Gjykata vlerëson se nuk janë plotësuar kriteret që të mundet në mënyrë meritore ta vlerësojë përmbajtjen e këtyre qëndrimeve për shkak të mungesës së argumenteve dhe arsyeve të elaboruara për mospërputhjen e qëndrimeve të kontestuara nga dispozita me dispozitat e Kushtetutës, që është arsye e refuzimit të iniciativës në këtë pjesë sipas nenit 28 alineja 3 e Rregullores së Gjykatës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska