У.бр.66/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.66/2023
Скопје, 05.12.2023 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 102/2019).

2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Врховниот суд на Република Северна Македонија, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членот од Законот означен во диспозитивот на Решението.

Според наводите од подносителот на иницијативата, со одредбата од член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет, којашто уредува дека против одлуката од ставот (5) не е дозволена жалба или тужба, не се обезбедува судска заштита што не е во согласност со член 50 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија со кој се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања, како и со член 6 (право на правична судска постапка) и член 13 (право на реална жалба) од Европската конвенција за заштита на човековите права со кои се дефинираат и уредуваат гаранциите за правото на правично судење и правото на правен лек, односно реална жалба преку кои се обезбедува заштита на секој човек во однос на правото на правично и јавно судење, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд и право на ефикасен правен лек доколку се нарушени неговите права признати со Конвенцијата.

Понатаму, подносителот наведува дека во целокупната постапка којашто се води и во однос на одговорноста на судијата мора да бидат почитувани стандардите на Европската конвенција за заштита на човековите права и во таа насока да бидат обезбедени процесните гаранции во постапката, бидејќи оневозможувањето на правото на пристап до суд претставува повреда на член 6 точка 1 од Конвенцијата, што е став на Европскиот суд за човекови права изнесен во случаите: Zhurek v. Poland, ECHR, 39650/18; Grzeda v. Poland, ECHR, 43572/18 и Baka v. Hungary, ECHR 20261/12. Наведува и дека според ставот на Европскиот суд за човекови права изнесен во случајот Kudla v. Poland, ECHR, 30210/96, за да бидат делотворни правните лекови тие треба да бидат „реални и ефективни, а не теоретски и илузорни“.

Подносителот повикувајќи се на Амандманот XXVIII од Уставот според кој Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, како и на Амандманот XXIX од Уставот со кој се утврдени надлежностите на Судскиот совет, наведува дека Судскиот совет претставува институција што врши јавни овластувања, и која во извршувањето на своите надлежности во делот на утврдување на одговорност на судија или претседател на суд, Судскиот совет донесува поединечни акти со кои или не утврдува одговорност или изрекува дисциплински мерки односно санкции, со што во однос на ваквите поединечни акти на Судскиот совет како институција што врши јавни овластувања, треба да се има предвид член 50 став 2 од Уставот.

Понатаму, подносителот наведува дека согласно член 72 од Законот, во постапките за утврдување на одговорност, судија или претседател на суд, имаат право на жалба како редовен правен лек доколку не се задоволни од одлуката на Судскиот совет, но согласно став 6 од член 72 од Законот, ова право на жалба е ограничено само за еднократно користење, без оглед на можноста да се стави на ревизија повторното постапување и одлучување на Судскиот совет во делот дали ги следел напатствијата на Советот за жалба и дали повторената постапка била законита.

Според подносителот, токму оваа еднократност на правото на жалба како правен лек против поединечен акт на Судскиот совет како институција што врши јавни овластувања, не е во согласност со член 50 став 2 од Уставот којшто е многу јасен и недвосмислен а изразен преку користење на општ пристап како гаранција за судска заштита преку која ќе се цени законитоста на сите поединечни акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања, без ограничување во делот на претходна искористеност на правото на жалба бидејќи актот односно одлуката која е донесена во повторна постапка по одлука на Советот за жалба за укинување на одлука за разрешување на судија или претседател на суд донесена од страна на Судскиот совет, претставува нов поединечен акт за кој треба да биде предвидена судска заштита за оцена на неговата законитост.

Во продолжението на иницијативата, подносителот изнесува дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на општа седница утврдил начелен став за примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права, којшто гласи „Во постапката по жалба изјавена од судија односно претседател на суд против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија донесена во повторена постапка по укинувањето на Решението согласно член 72 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија може директно да го примени Амандманот XXI (член 15) и член 50 од Уставот на Република Северна Македонија, како и член 6 и член 13 од Европската конвенција за заштита на човековите права“.

По изнесеното, подносителот наведува дека со недозволеноста на правото на жалба или тужба против одлуката на Судскиот совет се оневозможува заштита на двостепеност на правото на жалба што директно влијае и на ефикасноста на овој правен лек и го ограничува правото на пристап до суд. Двостепеноста во одлучувањето на судовите е гарантирана во Уставот и претставува една од гаранциите за обезбедување законитост во остварувањето на слободите и правата на граѓаните.

Од наведените причини, подносителот предлага Уставниот суд да ја прифати иницијативата и да поведе постапка за оцена на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија како спротивен со член 50 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и со член 6 во врска со член 13 од Европската конвенција за човековите права.

II

На седницата Судот утврди дека според оспорениот член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 102/2019) против одлуката од ставот (5) не е дозволена жалба или тужба.

III

Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, во надлежност на Уставниот суд на Република Северна Македонија е да одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Со иницијативата се оспорува член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019) којшто уредува дека против одлуката од ставот (5) не е дозволена жалба или тужба.

Постапувајќи по претходно поднесена иницијатива, Уставниот суд со Решението У.бр.42/2022 од 7 септември 2022 година, помеѓу другото, не повел постапка за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019).

Во образложението по предметот У.бр.42/2022, Судот го навел следното:

…Целосно согледувајќи ги фактите, Судот утврди дека интенцијата на уставотворецот, била да ја обезбеди, да ја гарантира и да ја заштитува независноста на судството и на судиите како посебна власт, да го обезбеди уставниот статус и уставната положба, како и надлежностите на Судскиот совет како независен орган. Притоа неспорно е дека законодавецот има уставно овластување со закон да ги доразработи, односно операционализира уставните одредби кои се однесуваат на Судскиот совет, како што тоа впрочем е сторено со донесување на Законот за Судскиот совет. Меѓу останатите надлежности, со Законот за Судскиот совет се определени и правилата на постапката според кои Судскиот совет ја обезбедува својата исклучива надлежност да утврди одговорност и да разреши судија или претседател на суд, но истовремено ја обезбедува и правната заштита односно правата и интересите на разрешениот судија или претседател на суд. Законодавецот водел грижа за уставната гаранција за правото на жалба или друг вид на правна заштита којашто се однесува на разрешен судија или претседател на суд, и истата да биде операционализирана и уредена со закон, односно со Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Во таа смисла законодавецот во функција на операционализација на Амандманот XXI од Уставот, го креирал членот 72 од Законот за Судскиот совет во кој се содржани оспорените одредби со оваа иницијатива, односно член 72 став 5 во делот „и истата јавно ќе ја објави на својата веб страница“ и ставот 6 од истиот член „Против одлуката од ставот 5 не е дозволена жалба или тужба”. Правото на жалба (и неговиот интензитет) произлегуваат од Амандманот XXI од Уставот во околности на примена на уставното овластување дадено на Судскиот совет на Република Северна Македонија да одлучува за разрешување на судија или претседател на суд, претпоставува дека и пред тој орган на судството мора да се обезбеди право на реална и ефективна жалба и со тоа двостепеност на постапката, без притоа да се повреди уставното овластување на Судскиот совет да одлучува за разрешувањето на судија или претседател на суд. Исто така, Уставниот суд во повеќе наврати ја анализирал суштината на Амандманот XXI од Уставот и го зазел ставот дека гаранцијата на правото на жалба утврдена во истиот, се однесува само на одлука во прв степен пред суд, а правото на жалба против поединечни правни акти донесени во постапка пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања, на определен начин е релативизирана, односно не е веќе уставна гаранција како што било претходно, туку уставотворецот остава простор со закон да се уреди тоа право на жалба, како што е во случајот со оспорената одредба од член 72 став 6 од Законот. Во контекст на наведеното, како и од значење за конкретниот предмет, Судот во предметот У.бр.137/2019 од 25.03.2021 година, веќе зазел став во однос на двостепеноста и ефективноста на правниот лек како жалба до Советот за жалба, кога имплицитно утврдил дека е задоволен уставниот Амандман XXI за двостепеност и правото на жалба. Судот оценил дека се овозможува правото на жалба на судија или претседател на суд кои се разрешени да се остварува во двостепена постапка, во втор степен да одлучува судски орган, одлуката на второстепениот орган да е задолжителна во рамките на законитоста на постапката спроведена од Судскиот совет, дека Советот за жалба може да ги опфати и прашањата поврзани со фактичката состојба и примената на материјалното право.”

Имајќи предвид дека Судот за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, Судот утврди дека се исполнети условите од член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019).

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

Издвоено мислење по предметот У.бр.66/2023

* * *


Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.66/2023
Shkup, 05.12.2023

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 2 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. HIDHET POSHTË iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafi 6 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019).

2. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Supreme e Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, i ka parashtruar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit të Ligjit të përcaktuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.

Sipas pretendimeve të parashtruesit të iniciativës, dispozita e nenit 72 paragrafi 6 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor, i cili rregullon se kundër vendimit nga paragrafi (5) nuk lejohet ankesë apo padi, nuk ofrohet mbrojtje gjyqësore gjë që nuk është në përputhje me nenin 50 paragrafin 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili garanton mbrojtjen gjyqësore të ligjshmërisë së akteve individuale të administratës shtetërore dhe të institucioneve të tjera që ushtrojnë kompetenca publike, si dhe me nenin 6 (e drejta për gjykim të drejtë) dhe nenin 13 (e drejta për ankesë reale) nga Konventa Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut me të cilat përkufizohen dhe rregullohen garancitë për të drejtën për gjykim të drejtë dhe të drejtën për mjet juridik, përkatësisht për një ankimim real përmes të cilit mbrojtja e çdo personi sigurohet në lidhje me të drejtën për një gjykim të drejtë dhe publik, në një kohë të arsyeshme, përpara një gjykate të pavarur dhe të paanshme të krijuar me ligj dhe e drejta për një mjet juridik efektiv nëse shkelen të drejtat e tij të njohura nga Konventa.

Më tej, parashtruesi thekson se standardet e Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut duhet të respektohen në procedurën e përgjithshme që zhvillohet dhe në lidhje me përgjegjësinë e gjyqtarit dhe në atë drejtim duhet të sigurohen garancitë procedurale në procedurë, sepse mohimi i të drejtës së qasjes në gjykatë paraqet shkelje të nenit 6 pikës 1 të Konventës, që është qëndrimi i Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut të paraqitur në çështjet: Zhurek v. Poland, ECHR, 39650/18; Grzeda v. Poland, ECHR, 43572/18 dhe Baka v. Hungary, ECHR 20261/12. Ai gjithashtu thekson se sipas mendimit të Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut të paraqitur në çështjen Kudla v. Poland, ECHR, 30210/96, që mjetet juridike të jenë efektive ato duhet të jenë “reale dhe efektive, jo teorike dhe iluzore”.

Parashtruesi duke iu referuar Amendamentit XXVIII të Kushtetutës sipas të cilit Këshilli Gjyqësor i Republikës së Maqedonisë së Veriut është organ i mëvetësishëm dhe i pavarur i gjyqësorit i cili siguron dhe garanton mëvetësinë dhe pavarësinë e Këshillit Gjyqësor, si dhe amendamentin XXIX. Kushtetuta e cila përcakton kompetencat e Këshillit Gjyqësor, thekson se Këshilli Gjyqësor është një institucion që ushtron kompetenca publike dhe i cili, në ushtrimin e kompetencave të tij në fushën e përcaktimit të përgjegjësisë së një gjyqtari ose kryetari të një Gjykate, Këshilli Gjyqësor miraton akte individuale që ose nuk përcaktojnë përgjegjësinë ose shqiptojnë masa disiplinore, përkatësisht sanksione, kështu që në lidhje me aktet e tilla individuale të Këshillit Gjyqësor si institucion që ushtron kompetenca publike, duhet të merret parasysh neni 50 paragrafi 2 i Kushtetutës.

Më tej, parashtruesi thekson se sipas nenit 72 të Ligjit, në procedurën për përcaktimin e përgjegjësisë, gjykatësi ose kryetari i gjykatës kanë të drejtë ankese si mjet i rregullt juridik nëse nuk janë të kënaqur me vendimin e Këshillit Gjyqësor, por sipas paragrafit 6 të nenit 72 të Ligjit, kjo e drejtë ankimimi kufizohet vetëm për një përdorim, pavarësisht nga mundësia për të rishikuar reagimin dhe vendimin e Këshillit Gjyqësor në pjesën nëse i ka ndjekur udhëzimet e Këshillit për ankimim dhe nëse procedura e përsëritur ishte e ligjshme.

Sipas parashtruesit, është pikërisht kjo e drejta e ankimit e njëhershme si mjet juridik kundër një akti individual të Këshillit Gjyqësor si institucion që ushtron kompetenca publike, që nuk është në përputhje me nenin 50 paragrafin 2 të Kushtetutës që është shumë i qartë dhe i shprehur përmes përdorimit të një qasjeje të përgjithshme si garanci për mbrojtjen gjyqësore, përmes së cilës do të vlerësohet ligjshmëria e të gjitha akteve individuale të administratës shtetërore dhe të institucioneve të tjera që ushtrojnë kompetenca publike, pa kufizime në pjesën e shfrytëzimit të mëparshëm të së drejtës së ankimimit sepse akti përkatësisht vendimi që është marrë në procedurë të përsëritur pas vendimit të Këshillit për ankimim për anulimin e vendimit për shkarkimin e gjyqtarit ose kryetarit të gjykatës të marrë nga Këshilli Gjyqësor, paraqet akt të ri individual për të cilin duhet të sigurohet mbrojtja gjyqësore për vlerësimin e ligjshmërisë së tij.

Në vazhdim të iniciativës, parashtruesi i kërkesës thekson se Gjykata Supreme e Republikës së Maqedonisë së Veriut në seancë të përgjithshme ka vendosur qëndrim parimor për zbatimin e Kushtetutës dhe të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, ku thuhet “Në procedurën pas ankesës së gjykatësit, përkatësisht kryetarit të gjykatës, kundër vendimit të Këshillit Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut të marrë në procedurë të përsëritur pas shfuqizimit të Aktvendimit, në pajtim me nenin 72 të Ligji për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Këshilli për vendosjen e ankesës në Gjykatën Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut mund ta zbatojë drejtpërdrejt Amendamentin XXI (neni 15) dhe nenin 50 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si dhe nenin 6 dhe nenin 13 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut”.

Pas asaj që është paraqitur, parashtruesi potencon se papranueshmëria e së drejtës së ankimimit apo padisë ndaj vendimit të Këshillit Gjyqësor e bën të pamundur mbrojtjen e së drejtës së ankimimit në dy nivele, gjë që ndikon drejtpërdrejt në efektivitetin e këtij mjeti juridik dhe e kufizon të drejtën e qasjes në gjykatë. Vendimmarrja në dy nivele nga gjykatat është e garantuar në Kushtetutë dhe është një nga garancitë për sigurimin e ligjshmërisë në ushtrimin e lirive dhe të drejtave të qytetarëve.

Për arsyet e cekura, parashtruesi i kërkesës propozon që Gjykata Kushtetuese ta pranojë iniciativën dhe të fillojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafi 6 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut si në kundërshtim me nenin 50 paragrafin 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe me nenin 6 në lidhje me nenin 13 të Konventës Evropiane për të Drejtat e Njeriut.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit kontestues 72 paragrafi 6 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019) kundër vendimit nga paragrafi (5) nuk lejohet ankesë apo padi.

III

Sipas nenit 110 alineja 1 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut është kompetente për të vendosur për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.

Sipas nenit 28 alineja 2 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta hedhë poshtë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për një vendim tjetër.

Me iniciativë kontestohet neni 72 paragrafi 6 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019) i cili përcakton se kundër vendimit nga paragrafi (5) nuk lejohet ankesë apo padi.

Gjykata Kushtetuese, duke vepruar sipas iniciativës së parashtruar paraprakisht, me Aktvendimin U.nr.42/2022 të datës 7 shtator 2022, ndër të tjera, nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafit 6 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019).

Në elaborimin për lëndën U.nr.42/2022, Gjykata ka potencuar si vijon:

…Pasi janë shqyrtuar plotësisht faktet, Gjykata përcaktoi se qëllimi i hartuesit të kushtetutës ishte ta sigurojë, garantojë dhe mbrojë pavarësinë e gjyqësorit dhe të gjykatësve si autoritet i veçantë, ta sigurojë statusin kushtetues dhe pozicionin kushtetues, si dhe kompetencat e Këshillit Gjyqësor si autoritet i pavarur. Në të njëjtën kohë, është e padiskutueshme që ligjvënësi ka kompetencë kushtetuese për të elaboruar me ligj, përkatësisht për t’i operacionalizuar dispozitat kushtetuese që i referohen Këshillit Gjyqësor, siç është bërë realisht me miratimin e Ligjit për Këshillin Gjyqësor. Ndër kompetencat e tjera, Ligji për Këshillin Gjyqësor përcakton rregullat e procedurës sipas të cilave Këshilli Gjyqësor e siguron kompetencën e tij ekskluzive për përcaktimin e përgjegjësisë dhe shkarkimin e gjykatësit ose kryetarit të gjykatës, por në të njëjtën kohë e siguron mbrojtjen juridike, përkatësisht të drejtat dhe interesat e gjykatësit të shkarkuar ose kryetarit të gjykatës. Ligjvënësi është kujdesur për garancinë kushtetuese për të drejtën e ankimimit apo mbrojtjes tjetër ligjore që i referohet gjykatësit të shkarkuar apo kryetarit të gjykatës dhe që ajo të funksionalizohet dhe të rregullohet me ligj, përkatësisht me Ligjin për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Në këtë kuptim, ligjvënësi në funksion të funksionalizimit të Amendamentit XXI të Kushtetutës ka krijuar nenin 72 të Ligjit për Këshillin Gjyqësor, i cili i përmban dispozitat e kontestuara me këtë iniciativë, gjegjësisht nenin 72 paragrafi 5 në pjesën “dhe do ta publikojë publikisht në faqen e saj të internetit” dhe paragrafit 6 të të njëjtit nen “Kundër vendimit nga paragrafi 5 nuk lejohet ankesë apo padi”. E drejta e ankesës (dhe intensiteti i saj) buron nga Amendamenti XXI i Kushtetutës në rrethana të zbatimit të autoritetit kushtetues që i është dhënë Këshillit Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut për të vendosur për shkarkimin e gjykatësit ose kryetarit të gjykatës, supozon se edhe përpara atij organi të gjyqësisë duhet të sigurohet e drejta për një ankim real dhe efektiv dhe rrjedhimisht një procedurë e dy shkallëve, pa e cenuar autoritetin kushtetues të Këshillit Gjyqësor për të vendosur për shkarkimin e gjykatësit ose kryetarit të një gjykate. Gjithashtu, Gjykata Kushtetuese e ka analizuar në mënyrë të përsëritur esencën e Amendamentit XXI të Kushtetutës dhe ka mbajtur qëndrimin se garantimi i së drejtës së ankimit të vendosur në të i referohet vetëm një vendimi në shkallë të parë para gjykatës dhe të drejtës së ankimimit ndaj akteve juridike individuale të miratuara në procedurë para një organi të administratës shtetërore ose një organizate dhe një organi tjetër që ushtron kompetenca publike, relativizohet në një farë mënyre, përkatësisht nuk është më garanci kushtetuese si më parë, por krijuesi i kushtetutës lë hapësirë me ligj për të rregulluar atë të drejtë ankimuese, siç është në rastin e dispozitës kontestuese të nenit 72 paragrafi 6 i Ligjit. Në kontekst të kësaj që u potencua më sipër, si dhe me rëndësi për lëndën konkrete, Gjykata në lëndën U.nr.137/2019, të datës 25.03.2021, tashmë ka marrë qëndrim lidhur me dyshkallësinë dhe efektivitetin e mjetit juridik si ankimim ndaj Këshillit për ankimim, kur në mënyrë implicite konstatoi se plotësohet amendamenti kushtetues XXI për dyshkallësinë dhe të drejtën e ankimimit. Gjykata vlerësoi se e drejta e ankimimit të gjykatësit ose kryetarit të gjykatës që janë shkarkuar, mundësohet të realizohet në procedurë dyshkallëshe, në shkallën e dytë vendoset nga organi gjyqësor, vendimi i organit të shkallës së dytë është i detyrueshëm brenda ligjshmërisë së procedurës së zhvilluar nga Këshilli Gjyqësor, që Këshilli i ankimimit mund t’i përfshijë edhe çështjet që kanë të bëjnë me gjendjen faktike dhe zbatimin e së drejtës materiale.”

Duke e marrë parasysh se Gjykata tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka arsye për një vendim tjetër, Gjykata konstatoi se kushtet e nenit 28 paragrafi 2 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për hedhjen poshtë të iniciativës për vlerësim kushtetutshmërisë së nenit 72 paragrafi 6 i Ligjit për Këshillin Gjyqësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 102/2019).

IV

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska