На 20 декември 2023 година Уставниот суд ја одржа 45. Седница со десет иницијативи на дневен ред по кои се оценуваше уставност и законитост, еден предлог за решавање судир на надлежност и еден предлог за одлучување со нацрт-одлука и го одлучи следното:
- У.бр.44/2023
Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 166-б од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен вес- ник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022 и 236/2022).
Подносител на иницијативата: СОНК (Самостоен синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија)
- У.бр.92/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националноста” и член 13 став 1 точка 1) во делот „националноста” од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).
- Се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на деловите од одредбите на членовите од Законот означен во точка 1 од ова решение.
Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”
- У.бр.140/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 1, 2, 4 и 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.11/2023).
Подносител: Хелсиншки комитет за човекови права претставуван од Уранија Пировска, извршна директорка
- У.бр.182/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 115 став 1 во делот „и за членување во здружение на пензионери (членарина)“, член 116 став 1 во делот „и членарината“, став 2 во дело-вите „и членарина“ и „начинот на распределба на членарината“ и став 4 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 53/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 27/2018, 35/2018, 220/2018, 180/2019, 275/2019, 31/2020, 94/2020, 267/2020, 67/2022 и 79/2023).
Подносител на иницијативата: Мирослав Трлин
- У.бр.36/2022
Се поведува постапка за оценка на уставноста на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.81/2022), донесена од Владата на Република Северна Македонија
Подносител на иницијативата: Емануел Тасев
- У.бр.172/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023).
Подносител на иницијативата: Стевче Стојанов
- У.бр.137/2022
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да не се поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 од Одлуката за јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови.
Оспорен: Одлука за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје донесена Советот на Град Скопје во 2008 година.
Подносител: Друштво за управување со недвижен имот ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, застапувано од адвокат Зеќир Зеќири
- У.бр.175/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, бр.12.1-72212/1 од 6.12.2012 година, донесено од страна на министерот за внатрешни работи.
Подносител на иницијативата: Синдикат на Македонска Полиција
- У.бр.186/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата со бр. 02-502/1, донесена на 05.04.2022 година од страна на директорот на ЈСП-Скопје.
Подносител на иницијативата: Сашо Негриевски
- У.бр.136/2022
Се утврдува дека Министерството за транспорт и врски е стварно надлежно да постапува по барањето за ништавност на Решение за трансформација бр.16-367/2 од 17 јуни 2002 година и Решение за трансформација бр.16-480/2 од 3 март 2003 година на Министерството за транспорт и врски ПЕ на Општина Карпош – Скопје за КП бр. 263 поранешна КО Тафталиџе К.П. бр.2683 сегашна КО Карпош поранешна фабрика „Пластика“ АД и К.П. бр. 2687 сегашна КО Карпош поранешна фабрика „Алумина“ АД во површина од 11 089 м2, а со кои решенија се трансформира правото на користење во право на сопственост на правните субјекти „Пластика“ АД и „Алумина“ АД Општина Карпош – Одделение за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности.
Предлог за решавање на судир на надлежности: Помеѓу Општина Kарпош и Министерство за транспорт и врски.
Подносител на предлогот: Стојан Димовски
11.У.бр.150/2023
Се укинува Правилникот за количини на семенски и саден материјал од сорти на земјоделски растенија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор заведен под бр.110-46/3 од 11 април 2023 година, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.84 од 20.04.2023 година.
Напомена: Ова соопштение содржи само информации за одлученото. Судот дополнително на веб страницата ги објавува целосните одлуки со аргументи, откако ќе ги поминат сите редакционо-технички комисии и усвојувања.