Дваесетина студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија. Студентите се запознаа со надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и неколку практични примери во работењето на Уставниот суд.
Се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и спроведувањето на одлуките на Уставниот суд во праксата.
Студентите придружувани од професорот Блертон Синани се информираа за сите прашања поврзани со Судот од Секретарот Александар Лазов и портпаролката Христина Беловска.
Во рамки на нивната посета имаа можност да направат обиколка во Уставниот суд и да се запознаат со условите за работа на вработените од стручната служба во Судот.
Посетата се реализираше на 19.12.2023 година во просториите на Уставниот суд.