Уставниот суд ја одржа 44. седница на 14.12.2023 година и го одлучи следното:
1. Реферат У.бр.71/2023, 72/2023, 113/2023
Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“, број 36/90, „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 23/97, 37/05, 84/05, 121/07, 161/08, 92/09, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 51/23 и 65/23).
Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани Заштита од дискриминација за давање на правна помош на дискриминирани лица Виница, претседател Коле Илијев
Подносител на втората иницијатива: Славица Илиејва
Судот утврди дека наводите се целосно неосновани од уставно-правен аспект. Подетално ќе биде образложено во Решението кое Судот ќе го сподели јавно, со оглед дека Нацрт-решението е во подготовка.
2. Реферат У.бр.135/2022
Се поведува постапка за оценување на уставноста на уставноста и законитоста на Одлуката 25-2146/12 од 12.06.2020 година на Советот на Општина Велес со која е донесен Детален урбанистички план за дел од УБ 32 во УЕ IV и за дел од УБ 47 во УЕ IX, КО Велес – Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/2020).
3.Реферат У.бр.135/2022
Поради отсуство на судијата-известител Фатмир Скендер на седницата, оваа точка е повлечена за следната седница.
Оспорен: Одлука бр.27-6567/1 од 07.06.2022 година за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЈИ 03 донесена на 07.06.2022
Подносител на иницијативата: Дуња Туртурова и Бојан Милошевски, адвокати од Скопје
4.Реферат У.бр. 39/2023
Сe поведува постапка за оценување на уставноста на уставноста и законитоста на Одлуката 25-2146/12 од 12.06.2020 година на Советот на Општина Велес со која е донесен Детален урбанистички план за дел од УБ 32 во УЕ IV и за дел од УБ 47 во УЕ IX, КО Велес – Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/2020).
Со оглед на тоа што пред Судот не беше презентиран доказ за писмено известување на лицето чии забелешки биле прифатени или пак одбиени, Уставниот суд оцени дека постои сомнение за повреда на член 35 став 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, член 8 став 1 алинеја 3, 9 и 10, член 24 и 51 од Уставот.
Подносител на иницијативата: Адриана Хаџи Наумов и други граѓани
5.Реферат У.бр.56/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – с.Дејловце бр.08-9/121 од 30.03.2023 година донесена од Совет на Општина Старо Нагоричане, објавена во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане “ бр.6/2023.
Подносител: Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на општина Старо Нагоричане
6. Реферат У.бр.57/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за пренамена на средства во Буџет на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Совет на Општина Старо Нагоричане бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.6/2023).
Подносител на иницијативата: Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на Општина Старо Нагоричане
7.Реферат У.бр.184/2023
По излагањето на судијата-известител д-р Осман Кадриу и по расправата што се водеше по предметот, судијата го повлече рефератот по предметот поради дополнително и Судот, едногласно, го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници на Судот.
8.Реферат У.бр.156/2023
Сe поведува постапка за оценување на уставноста на поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр.07-1330/5 од 23.05.2012 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012).
Се запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се превземени врз основа на оспорениот акт означен во точката 1 од ова решение.