Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.100/2023
Скопје, 05.12.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.3/2023).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија во врска со иницијативата на министерот за правда, со Решението У.бр.100/2023 од 27 септември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на актот означен во диспозитивот од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
II
На седницата Судот утврди дека врз основа на член 16 став 15 од Законот за генетски модифицирани организми („Службен весник на Република Македонија’’ бр.35/08, 163/13, 146/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.150/21), министерот за животна средина и просторно планирање го донел оспорениот Правилник за висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.3/2023).
Во член 1 од Правилникот е предвидено дека со овој правилник се пропишува висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4.
Со член 2 се предвидува дека висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4 изнесува 27.000 денари како еднократен износ и тоа за: трошоците за работа на Научниот комитет за ГМО во постапката за издавање на дозвола за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4 – 22.000 денари и реално направените трошоци на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина – 5.000 денари од кои за коверти 500 денари, хартија во А4 формат 2.100 денари и тонери за принтер 2.400 денари.
Според член 3, овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Правилникот е донесен од министерот за животна средина и просторно планирање под У бр.12-2960/3 од 23 декември 2022 година и е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.3/2023 од 05.01.2023 година.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставувањето на владеењето на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено, со донесувањето на прописот и негово објавување во службено гласило од јавен интерес, прописот станува применлив акт.
Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.
Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот, на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.
Оспорениот правилник кој е предмет на уставно-судска оцена, е заведен под архивски број У бр.12-2960/3 од 23 декември 2022 година. Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на 27.12.2022 година бил испратен до Секретаријатот за законодавство и на 29.12.2022 година истиот бил уредно примен од страна на Секретаријатот. Актот бил објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.3/2023 од 5 јануари 2023 година.
Врз основа на изнесеното и утврдената фактичка состојба, Судот оцени дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно истиот не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 51 и член 52 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.100/2023
Shkup, 05.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 dhjetor 2023, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET Rregullorja për lartësinë e shpenzimeve në procedurën për dhënien e lejes për shfrytëzimin e hapësirës, lejes për përdorim të kufizuar të klasa OMGJ 2 ose lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ-së klasa 3 dhe/apo klasa 4 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 3/2023).
2. Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në lidhje me iniciativën e Ministrit të Drejtësisë, me Vendimin U.nr. 100/2023 të 27 shtatorit 2023 inicoi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të dhënë në diapozitivin e këtij vendimi, për shkak se çështja e përputhshmërisë të tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut u shtrua në mënyrë të bazuar.
II
Gjykata në seancë konstatoi se në bazë të nenit 16 paragrafi 15 i Ligjit për organizmat e modifikuar gjenetikisht (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 35/08, 163/13, 146/15 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.150/21), ministri i Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor e ka miratuar Rregulloren e kontestuar për lartësinë e shpenzimeve në procedurën për dhënien e lejes për shfrytëzim të hapësirës, lejes për shfrytëzim të kufizuar të klasës OMGJ 2 ose lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ të klasës 3 dhe/ose klasës 4 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 3/2023).
Neni 1 i Rregullores parasheh se me këtë rregullore përcaktohet shuma e shpenzimeve në procedurën e lëshimit të lejes për shfrytëzim të hapësirës, lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ të klasës 2 ose lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ të klasës 3 dhe/ ose klasës 4.
Neni 2 përcakton se shuma e shpenzimeve në procedurën për dhënien e lejes për shfrytëzim të hapësirës, lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ-ve të klasës 2 ose lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ-ve të klasës 3 dhe/ose të klasës 4 arrin 27.000 denarë si shumë e njëhershme edhe atë për: shpenzimet e punës së Komitetit shkencor për OMGJ në procedurën e dhënies së lejes për shfrytëzimin e hapësirës, lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ-ve të klasës 2 ose lejes për përdorim të kufizuar të OMGJ-ve të klasës 3 dhe/ose të klasës 4 – 22.000 denarë dhe shpenzimet reale të organit të administratës shtetërore përgjegjëse për punë mjedisore – 5.000 denarë, nga të cilat 500 denarë për zarfe, 2.100 denarë për letër të formatit A4 dhe 2.400 denarë për toner për shtypësin.
Sipas nenit 3, kjo rregullore hyn në fuqi ditën e nesërme nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Rregullorja është miratuar nga ministri i Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor me U nr.12-2960/3 të datës 23 dhjetor 2022 dhe është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.3/2023 të datës 05.01.2023.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 52 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet dhe dispozitat e tjera botohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe dispozitat e tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni brenda shtatë ditëve nga dita e miratimit të tyre.
Publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera është në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.
Vetë publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është një akt i shpalljes së këtyre akteve dhe i vënies në dispozicion të publikut. Përkatësisht, me miratimin e rregullores dhe publikimin e saj në një gazetë zyrtare me interes publik, rregullorja bëhet akt i zbatueshëm.
Duke e marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, por edhe afat, që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si lajmëtar zyrtar të Republikës.
Dispozita për botimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit, si dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta nuk i qaset botimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera si një çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregulloreve të tjera afirmohet pikërisht duke përcaktuar një afat kohor për të intensifikuar vetë procedurën e publikimit.
Rregullorja e kontestuar, e cila i nënshtrohet vlerësimit kushtetueso-gjyqësor, është regjistruar me numër arkivi U.nr.12-2960/3, të datës 23.12.2022. Është dërguar nga Ministria e Mjedisit dhe Planifikimit Hapësinor më 27.12.2022 në Sekretariatin për legjislaturë dhe më 29.12.2022 është pranuar në mënyrë të rregullt nga Sekretariati. Akti është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 3/2023, më datë 5 janar 2023.
Në bazë të gjendjes faktike të paraqitur dhe konstatuar, Gjykata vlerësoi se është tejkaluar afati prej shtatë ditësh i paraparë me Kushtetutë për publikim në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, përkatësisht nuk është në pajtim me nenin 8 paragrafi 1, alineja 3, nenin 51 dhe nenin 52 paragrafi 2 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska