Денеска се одржа интерна работна седница со Уставниот суд на Република Северна Македонија и со Уставните судови на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија во рамки на Регионалната конференција организирана од страна на Уставниот суд, поддржана од германската фондација ИРЗ.
Д-р Штефан Пирнер, раководител на проектната област „Југоисточна Европа I“ при
ИРЗ даде резимирано презентирање на проектот кој го спроведе во текот на изминатите 2 години, сите активности, експертското искуство и концептот на студијата којашто е изработена на „темата воведување на уставна жалба во македонскиот правен систем”.
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска зборуваше за идејата за воведување на уставна жалба и активностите кои Судот ги презема во текот на изминатите две години со цел известување на јавноста и политичките чинители.
На конференцијата присуствуваа сите судии од Уставниот суд: Насер Ајдари, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, м-р Татјана Васиќ Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и Елизабета Дуковска.