По одржаната 43. седница на Уставниот суд на која беа разгледани седум иницијативи за оценување на уставност, Судот одлучи:
1.Реферат У.бр.66/2023
Сe отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 102/2019).
Подносител: Врховен суд на Република Северна Македонија
2. Реферат У.бр.192/2023 и 193/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 66 ставови 3 и 4 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/2022 и 59/2023 – автентично толкување).
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Автентичното толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ 203/2022) објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/2023.
Се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 66 став 3 од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Подносител на иницијативите: Mирослав Драганов
3.Реферат У.бр.122/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.08-1417/4 од 14.10.2015 година за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин, Општина Охрид за кое нема урбанистички план, донесена од Советот на Општина Охрид на седница одржана на 14 октомври 2015 година и објавена во („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.11 од 15 октомври 2015 година) и Решението Уп2 бр.120/2017 од 01.12.2022 година на Министерството за транспорт и врски.
Подносител: Бисера Костадиновска- Стојчевска
4.Реферат У.бр.107/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.131/2023)
Подносител на иницијативата: Министерство за правда
5.Реферат У.бр.146/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.276/2022).
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
6.Реферат У.бр.149/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.84/2023).
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
7.Реферат У.бр.127/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство бр.12-2086 од 07.02.2013 година донесена од Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, и точка 4 став 1 од Одлуката за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, бр.12-2076 од 06.02.2013 година донесена од Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје.
Подносител на иницијативата: Ќирил Величковски, адвокат
Напомена: Ова соопштение содржи информации само во врска со одлученото, Судот дополнително ги објавува целосните одлуки на веб страница.
43. седница се одржа на 5 декември 2023 година.