Соопштение по одржаните 40-та и 41-та седница на Уставниот суд

Уставниот суд ја одржа 40-та и 41-та Седница на 14 ноември 2023 година и го одлучи следното:

40 – та седница:

1. Реферат У.бр.10/2019, У.бр.39/20219, У.бр.24/2019

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Подносител на иницијативата: Здружението „Светски македонски конгрес” и Солза Грчева

2. Реферат У.бр.23/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.173/2022).

Подносител на иницијативата: Сашо Цветановски

3. Реферат У.бр.29/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 364 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).

Подносители на иницијативата: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје

4. Реферат У.бр.46/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 72 став 2 од Законот за судски совет на РСМ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/19) и се отфрла иницијативата за член 72 ставови 1, 3, 4, 5 , 6 и 7 од истиот закон.

Подносител: Петар Баришиќ

5. Реферат У.бр.80/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 3 став 4 од Законот за даноците на имот.

Подносител на иницијативата: Александар Илиевски

6. Реферат У.бр.91/2023 – Предметот е повлечен од дневниот ред и ќе биде ставен повторно на една од наредните седници на барање на судијата-известител.

Оспорен: Член 47 став 5 и 6 од Законот за земјоделство и рурален развој и член 3 став 24 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

Подносител на иницијативата: ЗК Пелагонија АД Битола застапувани од адвокат Никола Главинче

7. Реферат У.бр.153/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/23).

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

8. Реферат У.бр.4/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 08-882/19 од 28.12.2022 година од Советот на Општина Неготино за Буџет на општина Неготино за 2023 („Службен гласник на Oпштина Неготино“ бр.23/2023 од 29 декември 2022 година).

Подносител на иницијативата: Љубе Темелков

41-та седница:

1. Реферат У.бр.164/2023

Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 218 став 1 и 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16, 142/16, 178/17, 26/18, 233/18 „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/20, 136/20, 154/23)

Подносител на иницијативата: Адвокат Бојан Ваневски

2. Реферат У.бр.171/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на делот „правни“ од член 5 став 2 од Законот за Народна банка и делот „поништен“ од член 5 став 3 од истиот закон.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.167/2023

Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на законитоста на Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Скопје донесен од Управниот одбор на Универзитетската клиника за пластична и реконструтивна хирургија Скопје, број 0202-187/6 од 27.03.2018 година.

Подносител на иницијативата: Артан Дика

4. Реферат У.бр.136/2022 – Предметот е повлечен од дневниот ред и ќе биде ставен повторно на една од наредните седници на барање на судијата-известител.

Подносител на предлогот: Стојан Димовски

5. У.бр.106/2023

Се укинува Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите, за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.259/2022).

Судот оцени дека со објавувањето на Правилникот по уставно предвидениот рок се повредува членот 52 од Уставот, бидејќи законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

Подносител на иницијативата: Министерство за правда

6. У.бр.144/2023

Се укинува Правилникот за начинот на вршење на стручната оцена (ревизија) на рударските проекти, донесен од министерот за економија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 287/2022).

Судот оцени дека од донесувањето до денот на објавувањето на оспорениот правилник во „Службен весник на Република Северна Македонија” се изминати повеќе од седум дена, односно надвор од предвидениот рок од член 52 став 2 од Уставот со кој е утврден временскиот период во кој законите и другите прописи треба да бидат објавени по нивното донесување, со што е доведен во прашање уставниот принцип на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и правната сигурност на граѓаните како негов составен дел.

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

7. Реферат У.бр.128/2023

Се отфрла иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.12/2023 од 25.07.2023 година на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Подносител на иницијативата: Санде Пејоски од Охрид

8. У.бр.102/2023

Се запира постапката за оценување на уставноста на Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.116 од 7.06.2023 година).

Подносител на иницијативата: Министерот за правда

9. У.бр.104/2023

Се запира постапката за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологијата за управување со ликвидносниот ризик („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.75 од 07.04.2023 година).

Подносител на иницијативата: Министерот за правда

 

Напомена: Oва соопштение содржи само информации од донесените решенија и одлуки, целосните одлуки/решенија Судот дополнително ги објавува на веб-страницата.