Дневен ред за 41. седница закажана за 14. ноември 2023 година (вторник)

Уставниот суд ја закажува 41. седница на 14 ноември 2023 година во 10 часот со дневен ред на која се предвидени три иницијативи  за оценување на уставност и законитост, еден предмет за решавање на судир на надлежност и уште осум предмети кои беа одложени на последната 40. седница. 

1.Реферат У.бр. 164/2023

Оспорен: член 218 став 1 и 2 од Законот за извршување

Подносител на иницијативата: Адвокат Бојан Ваневски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот смета дека со оспорениот член се нарушува владеењето на правото и субјектите на пазарот се донесени во нерамноправна положба овозможувајќи на државните органи и покрај правосилна и извршна исправа или друг акт да постапува од позиција на моќ со употреба на оспорениот член да не ги плати обврските кои надлежен суд ги утврдил.

2.Реферат У.бр.171/2023

Оспорен акт: Делот „правни“ од член 5 став 2 од Законот за Народна банка и делот „поништен“ од член 5 став 3 од Законот за Народна банка.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба е премногу општа, нејасна и не е прецизна и во таа насока води кон арбитрерност во толкувањето со што би можела да ја наруши правната сигурност на правните и физичките лица. 

3.Реферат У.бр. 167/2023

Оспорен акт: Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Скопје

Подносител на иницијативата:  Артан Дика

Од наводите во иницијативата:

Подносителот тврди дека оспорениот Правилник со кој се уредува избор на раководител е во спротивност со Законот за здравствена заштита бидејќи  таму условите се различни и нема формулација дека раководителот на одделот мора да биде доктор на науки, избран со научно-образовно звање редовен професор, вонреден професор, доцент или научен соработник. 

ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ

  1. Реферат У.бр.136/2022

Подносител на предлогот: Стојан Димовски

Од наводите во предлогот:

Предлагачот има поднесено барање за огласување на ништовни две Решенија за трансформација донесени од Министерството за транспорт и врски  кои се наоѓаат во поранешна фабрика Алумина АД и Пластика АД со површина од 11 089 м2, а со кои решенија се трансформира правото на користење во право на сопственост на правните субјекти Алумина АД и Пластика АД. Како основ за поднесеното барање за ништовност на решенијата е право на поднесено барање за денационализација. По извршениот увид Општина Карпош го доставува предлог-барањето до Министерството за транспорт и врски, кое според наводите се прогласува за ненадлежно. Барањето е поднесено и до Владата која информира дека нема правна основа да постапува по истото, односно да го реши судирот на надлежност за постапување помеѓу Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски.