Уставниот суд на 8 ноември 2023 година (среда) во 9:30 часот ќе ја одржи 40. седница од 2023 година со дневен ред на кој е предвидено да се дискутира за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост.
1.Реферати: У.бр.10/2019, У.бр.39/20219, У.бр.24/2019
Оспорена: Одлука за прогласување на Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија
Подносител на иницијативата: Здружението „Светски македонски конгрес” и Солза Грчева
Од наводите во иницијативите:
Подносителите наведуваат дека со оспорената Одлука се повредува владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните. Се спори дека меѓународниот договор не бил потпишан од страна на претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни кој според нив не поседува активна легитимација и надлежност. Според наведеното подносителите пишуваат дека меѓународниот договор е ништовен, бидејќи е во колизија со меѓународното право.
2.Реферат У.бр.23/2023
Оспорена одредба: член 31 став 6 од Закон за вршење на сметководствени работи
Подносител на иницијативата: Сашо Цветановски
Содржина на оспорениот член:
За целите на финансиското известување обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител или овластен сметководител со полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство кои согласно со Законот за трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно време.
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека правото на работа и слободен избор на вработувањето е предвидено во Законот за работни односи, а во овој случај на оспорената одредба се пропишува полното работно време како услов за вработување за целите на финансиското известување, при што се ставаат во нееднаква положба кандидатите за вработување сметководители и овластени сметководители кои поради лични околности бараат работа на пазарот на труд со неполно работно време. Подносителот наведува дека полното работно време не е доказ за нивните стручни способности и ги дискриминира лицата кои не можат да работат со полно работно време и со наведување на полното работно време како услов за вработување се воведува присилна работа која е забранета со Уставот.
3.Реферат У.бр.29/2023
Опорен: член 364 од Законот за кривичната постапка
Подносители на иницијативата: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје
Содржина на оспорената одредба:
Недоаѓање на тужителот на главната расправа
(1) Ако на главната расправа што е закажана врз основа на обвинителен акт од јавниот обвинител не дојде јавниот обвинител, кој е уредно повикан, а не го извести судот за причините за својата спреченост, ќе се казни со парична казна предвидена во членот 89 од овој закон, а главната расправа ќе се одложи.
(2) Ако на главната расправа не дојде приватниот тужител, иако е уредно повикан, ниту неговиот полномошник, претседателот на советот или судијата поединец ќе ја запре постапката со решение.
Од наводите во иницијативата:
Подносителите наведуваат дека оспорениот член е спротивен на членовите 8, 9, 11, 13, 98, 106 и 118 од Уставот и со него е воспоставен дуализам, се промовира диференцијација во постапувањето на кривичните судови во случај на недоаѓање на тужителот или јавниот обвинител. Се наведува дека член 364 ги доведува граѓаните во дискриминирана, нерамноправна положба во кривичната постапка, без оглед на причините за отсуство на некоја од страните.
4.Реферат У.бр.46/2023
Оспорен: Член 72 од Законот за судски совет на РСМ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/19).
Подносител: Петар Баришиќ
Содржина на оспорената одредба:
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорената одредба е противуставна затоа што Судскиот совет не е суд кој одлучува по жалби на разрешени судии. Се наведува дека не смее со закон донесен од страна на ⅔ мнозинство во Собранието да се уредува постапка во Судски совет, наместо да се одлучува во судска постапка.
5.Реферат У.бр.80/2023
Оспорен: Оспорен: Член 3 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот
Подносител на иницијативата: Александар Илиевски
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека оспорената одредба е во спротивност со член 30 од Законот за даноците на имот, според кој решение за данок на имот за тековната година мора да се издаде до 31 март од истата година.
6.Реферат У.бр.91/2023
Оспорен: Оспорен: Член 47 став 5 и 6 од Законот за земјоделство и рурален развој и чл.3 став 24 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.
Подносител на иницијативата: ЗК Пелагонија АД Битола застапувани од адвокат Никола Главинче
7.Реферат У.бр. 153/2023
Оспорен акт: Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/23).
Доносител на актот: Фондот за здравствено осигурување
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
8.Реферат У.бр.4/2023
Oспорени: Одлука бр. 08-882/19 од 28.12.2022 година од Советот на Општина Неготино за Буџет на општина Неготино за 2023
Подносител на иницијативата: Љубе Темелков
Oд наводите во иницијативата:
Подносителот ја оспорува одлуката на Советот на Општина Неготино бидејќи според него претходно не е усвоен буџетски календар, што е спротивно на член 27 став 4 и 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Се наведува дека градоначалникот не ги усвоил нацрт-програмите за 2023 година кои потоа треба јавно да бидат објавени.