Соопштение по одржаната 39. седница на Уставниот суд

Уставниот суд ја одржа 39. Седница на 02 ноември 2023 година и го одлучи следното:

1.Реферат У.бр.15/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на  член 107 став 2 од Законот за електронски комуникации и член 13, 28 ставови 15 и 16, член 29 ставови 13, 14 и 38 во делот „односно за достигнување на вкупен износ од 3000 денари со вклучен ДДВ” од Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации.

Подносителка: Александра Илиева Милчова адвокатка

2.РефератУ.бр.134/2022

Не се поведува постапка за член 250 став 4 од Царинскиот закон

Подносител на иницијативата: Адвокат Васил Миовски

3.Реферат У.бр.24/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 18 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување во делот “и најмалку 15 години пензиски стаж”.

Подносител на иницијативата: Славко Лазовски

4.Реферат У.бр.109/2023

Ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 4-а став 6 од Законот за градење.

Подносител на иницијативата: Aдвокатско друштво Китановски

5.Реферат У.бр.120/2023

Ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 25 и 64 од Законот за данок на додадена вредност

Подносител: Славко Лазовски

6.Реферат У.бр.101/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог

Доносител на актот: Министерство за животна средина

Подносител на иницијативата: Министерство за правда

7.Реферат У.бр.152/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во болничка здравствена заштита.

Доносител на актот: Фонд за здраствено осигурување на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

8.Реферат У.бр.90/2023

Се отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи; уверенија; преписи и копии врз основа на матичните книги: водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги од 29.05.2023 година.

Поради интерес на неколку медиуми, информираме дека оваа иницијатива се отфрла бидејќи на седницата одржана на 27 септември 2023 година Судот го поништи Упатството како неуставно, по поведена постапка на сопствена иницијатива.

Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”

9.РефератУ.бр.108/2023

Се укинува Правилникот за содржината на студиските програми. Судот оцени дека со објавувањето на Правилникот по уставно предвидениот рок се повредува членот 52 од Уставот, бидејќи законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”. 

Подносител на иницијативата: Министерство за правда

Напомена: Oва соопштение содржи само информации од донесените одлуки, целосните одлуки/решенија Судот дополнително ги објавува на веб-страницата.