Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.42/2023
Скопје,12.10.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 12 октомври 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 точка 1 во делот „единствен“ пред зборот „пристап“ и член 36 став 1 во делот „сопствени“ од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2019).
Образложение
I
Подносителот, Славко Лазовски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 точка 1 во делот „единствен“ пред зборот „пристап“ и член 36 став 1 во делот „сопствени“ од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2019).
Во иницијативата се нагласува дека оспорените делови од одредбите не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 33, член 51, член 114 став 4 и член 115 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Во смисла на ова, се наведува дека согласно Законот за катастар на недвижности, геодетско-катастарскиот информационен систем кој го води Агенцијата за катастар на недвижности претставува интегриран и единствен информационен систем на податоците од катастарот на недвижностите. Податоците коишто се запишуваат во катастарот на недвижности се однесуваат на правото на сопственост на недвижностите за чие остварување настанува обврска за плаќање данок.
Во врска со наведеното, во иницијативата се нагласува дека и покрај фактот што Законот за катастар на недвижности уредува дека овој систем може да послужи за даночни цели, сепак, во ситуација кога податоците од истиот се на барање на даночен орган на централната власт, за истото не е предвидено да се плати надомест, додека, доколку податоците се на барање на даночен орган на единиците на локалната самоуправа, за истото е предвидено да се плати надомест по цена од 210 денари по единица податок.
Оттука, наводите во иницијативата се сведуваат на проблематизирање на различниот третман на даночниот орган на централната власт, односно Управата за јавни приходи и даночниот орган на единиците на локалната самоуправа, во смисла на обврската за плаќање надоместок за користење и увид во податоците коишто ги содржи геодетско-катастарскиот информационен систем на недвижности кој е воспоставен како затворен и до кој единствен пристап има Агенцијата за катастар на недвижности. Во контекст на ова, се наведува дека овие даночни органи вршат иста цел – собирање даночни приходи, меѓутоа со ваквиот начин на уредување, даночниот орган на единицата на локалната самоуправа се лишува од можноста за остварување на начелата на сеопфатност, неселективност, како и еднаквост во распоредувањето на даночниот товар.
И покрај обемната анализа направена во иницијативата, нејзиното уредување и прецизирање, наводите за уставното проблематизирање на деловите од законските одредби се сведуваат на поставени прашања и изнесени тврдења. Суштината на истите се сведува на тоа дека невозможно е остварување на уставната одредба од член 33 во делот на должноста за плаќање данок, доколку не се достават податоци до даночниот орган, во случајот до единиците на локалната самоуправа. Се наведува дека на овој начин се поткопува финансиската стабилност и самостојност на единиците на локалната самоуправа, преку различниот третман во однос на централната власт. Притоа, се наведува и дека надоместокот за податоците е давачка воведена поради потребите на Агенцијата за катастар на недвижности, со ваквиот начин на уредување истата паѓа на товар на граѓаните, но не завршува во буџетот на заедницата. Оттука, порационално било Буџетот на Република Северна Македонија директно да ги надомести евентуалните загуби на Агенцијата, отколку секоја година единиците на локалната самоуправа да имаат потреба од дополнителна финансиска поддршка.
Понатаму, во иницијативата се нагласува и дека целината на ставот 1 од член 36 од Законот за катастар на недвижности е спротивна со член 72 од Законот за даночната постапка, член 16 став 1 од Законот за Управата за јавни приходи, член 3 став 2 точки 3 и 4 од Законот за буџетите и член 11 став 1 од Законот за локалната самоуправа. Во поткрепа на ова тврдење, цитирани се содржини од повеќе законски одредби во смисла на обврската за размена на податоци меѓу субјектите на јавното право.
Во уредувањето на иницијативата, доставено на 4 април 2023 година се цитира само член 177 од Законот за даночната постапка, без да се изнесат нови наводи.
Во прецизирањето на иницијативата, исто така, доставено на 4 април 2023 година, оспорените делови од одредбите се проблематизираат и од аспект на член 9 од Уставот со образложение дека на овој начин граѓаните се ставени во различна положба во зависност од расположението и подготвеноста на сопствената општина да плати за податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем.
Од наведените причини, се бара Судот да ги прогласи за противуставни оспорените делови од член 2 точка 1 и член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности и истите да ги укине.
II
На седницата Судот утврди дека член 2 точка 1 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2019), кој се оспорува во делот „единствен“ пред зборот „пристап“, определува дека одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1.„Геодетско-катастарски информационен систем” е интегриран и единствен информационен систем во Република Македонија кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап кон податоците од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, геодетските работи за посебни намени, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижности, премерот и одржувањето на државната граница на Република Македонија, топографските карти, Регистарот за просторни единици, Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, Графичкиот регистар за градежно земјиште и други податоци од значење за недвижностите.
Судот, исто така, утврди дека во член 36 став 1 од Законот, кој се оспорува во делот „сопствени“ е определено дека за користење и увид на податоците од ГКИС се плаќа надоместок, освен кога податоците се издаваат за сопствени потреби на јавните обвинителства, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и министерствата, како и на други субјекти во случаи утврдени со закон.
III
Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на државата, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, согласно член 110 алинеја 1 од Уставот.
Работите што се предмет на уредување со Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија” бр.55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.124/2019) се утврдени во член 1 од Законот, а тие се однесуваат на управувањето со Геодетско-катастарскиот информа-ционен систем, одржувањето на катастарот на недвижности, востановувањето и одржувањето на катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, геодетските работи за посебни намени, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижности, премерот и одржувањето на државната граница на Република Северна Македонија, топографските карти, масовната процена на недвижностите, воспоставувањето и управувањето со Графичкиот регистар за градежно земјиште, водењето на Регистарот за просторни единици, водење на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, надзорот на работењето на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, како и статусот, организацијата, работењето и надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности (во натамошниот текст: Агенцијата).
Со член 2 од Законот се дефинираат изразите употребени во истиот. Во оваа смисла, „геодетско-катастарски информационен систем” е интегриран и единствен информационен систем во Република Северна Македонија кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап кон податоците од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, геодетските работи за посебни намени, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижности, премерот и одржувањето на државната граница на Република Северна Македонија, топографските карти, Регистарот за просторни единици, Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, Графичкиот регистар за градежно земјиште и други податоци од значење за недвижностите, согласно точка 1 од овој член од Законот.
Со главата III (членови 27-37) од Законот се воспоставува геодетско-катастарскиот информационен систем, кој согласно член 27 став 1 содржи просторни и описни податоци од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, премерот на недвижностите, државната граница, геодетските работи за посебни намени, за вредноста на недвижностите, топографските карти, Регистарот за просторни единици, Регистарот на цени и закупнини, Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, Регистар на преземени недвижности наменети за продажба и Графичкиот регистар за градежно земјиште. Согласно ставот 2 од овој член од Законот, Агенцијата управува со податоците од ГКИС, на начин што овозможува нивно прибирање, обработка, одржување, заштита, како и нивно користење, пристап и дистрибуција/издавање до заинтересираните субјекти. Согласно член 28 став 1 од Законот, ГКИС се води во електронска и/или во писмена форма.
Во ставот 1 од член 36 од Законот е определено дека за користење и увид на податоците од ГКИС се плаќа надоместок, освен кога податоците се издаваат за сопствени потреби на јавните обвинителства, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и министерствата, како и на други субјекти во случаи утврдени со закон.
Судот констатираше дека од анализата на наведените законски одредби произлегува дека геодетско-катастарскиот информационен систем е воспоставен согласно одредбите од Законот за катастар на недвижности, за кој во член 27 став 1 на прецизен начин се утврдени податоците коишто ги содржи овој систем, а коишто можат да се водат во електронска и/или писмена форма. Во однос на податоците коишто се водат во електронска форма, во член 29 став 2 од Законот е определено дека истите се обработуваат и одржуваат преку лиценциран софтвер. Ова несомнено е во функција на обезбедување на ефикасност и ажурност на Агенцијата за катастар на недвижности при остварувањето на своите надлежности во смисла на обезбедување пристап, дистрибуција, издавање и користење на податоците во електронска форма. Оттука, со цел обезбедување одржливост на овие системи чие функционирање е неопходно за обезбедување ефикасен сервис на граѓаните, законодавецот, со член 36 став 1 од Законот, уредил основ согласно кој Агенцијата може да наплаќа надоместок за користење и увид во податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, истовремено определувајќи ги институциите кои се изземени од ваквата обврска.
Имајќи го предвид наведеното, Судот оцени дека наводите содржани во иницијативата се неосновани поради следното:
Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и принципот на правна сигурност кој произлегува од оваа темелна вредност, подразбира законите да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Устав и закон. Освен тоа, согласно овој уставен принцип, во правниот поредок треба да бидат нормирани јасни и прецизни правила, со цел да се обезбеди усогласеност и конзистентност во уставно-правниот поредок. Истовремено, член 51 од Уставот е клучната уставна одредба во утврдувањето на уставноста и законитоста како правни принципи. Начелата на уставност и законитост се неделиво поврзани и произлегуваат од положбата на Уставот како највисок правен акт во хиерархијата на правните акти.
Во конкретниот случај, оспорениот дел „единствен“ од член 2 точка 1 од Законот за катастар на недвижности не може да се разгледува самостојно и изолирано, туку во контекст на целината на уредувањето од оваа законска одредба. Според тоа, од анализата на целината на оваа законска одредба со која се дефинира значењето на употребениот израз „геодетско-катастарски информационен систем”, произлегува дека истиот претставува единствен и интегриран информационен систем во Република Северна Македонија, кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап до сите просторни и описни податоци кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.
Оттука, според Судот, член 2 точка 1 од Законот за катастар на недвижности претставува интерпретативна норма, која служи за толкување на текстот на Законот. Воедно, оваа законска одредба е со прецизно формулирана содржина, во која на јасен начин е определено значењето на употребениот израз „геодетско-катастарски информа-ционен систем” во Законот, кој понатаму се разработува со одредбите содржани во главата III, односно членовите 27-37 од Законот. Согласно наведеното, оваа законска одредба е јасна и прецизна и во поглед на оспорениот дел „единствен”.
Што се однесува до член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности кој се оспорува во делот „сопствени“, Судот констатираше дека и овој оспорен дел не може да се разгледува самостојно и изолирано, туку во контекст на целината на уредувањето содржано во оваа законска одредба. Имено, анализирајќи ја содржината на оваа законска одредба, според Судот, неспорен е заклучокот дека во истата е утврден законски основ за наплаќање соодветен надоместок од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, за извршените услуги од делокругот на својата работа, конкретно за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем. Вториот дел од одредбата уредува исклучок од вака пропишаното, само во случај кога податоците се издаваат за сопствени потреби на јавните обвинителства, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и министерствата, како и на други субјекти во случаи утврдени со закон. Последното, може да се толкува на начин што се остава можност со друг закон да бидат определени и други субјекти на кои може да се однесува пропишаниот исклучок.
Во однос на уредувањето содржано во член 36 став 1 од Законот, односно наведените исклучоци за ослободување од обврската за плаќање надоместок за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, во случај кога податоците се издаваат за сопствени потреби на јавните обвинителства, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и министерствата, како и на други субјекти во случаи утврдени со закон, Судот оцени дека законодавецот проценил дека ваквото ослободување за одредени јавни органи е оправдано и истото не може негативно да се одрази на функционирањето и одржливоста на системите коишто ги креирала Агенцијата за катастар на недвижности, а чијашто цел е обезбедување ефикасен сервис на граѓаните. Ова прашање за пристапот на законодавецот да пропишува исклучоци од општото правило за плаќање надоместок за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем е прашање во доменот на законодавната политика за креирање на тој облик на законски решенија.
Висината, пак, на овој вид надоместок, подлежи на согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно уредувањето содржано во член 37 став 2 од Законот за катастар на недвижности во кој е определено дека „висината на надоместокот за користење и увид на податоците од ГКИС се утврдува со тарифник кој го донесува Управниот одбор на Агенцијата, на кој согласност дава Владата на Република Северна Македонија“ и Уставниот суд не е надлежен за оцена на целисходноста на таквото решение.
Согласно наведеното, Судот констатираше дека член 2 точка 1 во оспорениот дел „единствен“ пред зборот „пристап“ и член 36 став 1 во оспорениот дел „сопствени“ од Законот за катастар на недвижности не можат да се доведат под уставно сомнение од аспект на член 8 став 1 алинеја 3, како и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија бидејќи се јасни, прецизни и недвосмислени и како такви не оставаат можност за различно толкување и нивна различна примена или можност за правна несигурност на граѓаните, односно не го доведуваат во прашање принципот на правна сигурност кој е гарантиран со темелната вредност – владеење на правото.
Во однос на проблематизирањето на оспорените делови од одредбите од Законот и од аспект на уставната гаранција од член 9 од Уставот, за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, со образложение дека на овој начин граѓаните се ставени во различна положба во зависност од расположението и подготвеноста на сопствената општина да плати за податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, Судот оцени дека може да се констатира нејасност на иницијативата во овој дел. Ова од причина што нејасно е поврзувањето на оспорените законски содржини со принципот на еднаквост гарантиран со член 9 од Уставот.
Оспорените делови од одредбите уставно се проблематизираат и од аспект на член 33 од Уставот, во кој е предвидено дека „секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“, член 114 став 4 од Уставот, во кој е утврдено дека „општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката“ и член 115 став 3 од Уставот, согласно кој „Републиката со закон може да и довери вршење на определени работи на општината“.
Меѓутоа, тргнувајќи од содржината на овие уставни одредби, а притоа имајќи ја предвид и содржината на одредбите од член 2 точка 1 и член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности, Судот констатираше дека овие законски одредби не можат да бидат ставени во корелација со наведените уставни принципи и од тој аспект не може да се оценува нивната уставност.
Наводите во однос на тоа дали и зошто законското решение содржано во член 36 став 1 не се однесува и на единиците на локалната самоуправа претставуваат барање за поинакво уредување на ослободувањето од обврската за плаќање на овој вид надоместок на Агенцијата за катастар на недвижности, што е во надлежност на Собранието на Република Северна Македонија, како доносител на Законот, а не на Уставниот суд, кој нема надлежност да нормира односи, туку само да ја цени уставноста на одредбите кои се во правниот поредок. Воедно, наводите во смисла на тоа дека овој вид на давачка е воведена исклучиво за потребите на Агенцијата за катастар на недвижности и дека целта на Законот може да се постигне и на друг начин, а не на начин како во конкретниот случај, се наводи за целисходноста од така уредената норма во Законот, што не е прашање во надлежност на Уставниот суд.
Во рамки на наводите со кои се објаснуваат причините за оспорување на целината на ставот 1 од член 36 од Законот за катастар на недвижности, се и наводите дека оваа законска одредба е во спротивност со одредби од други закони, како што се член 72 од Законот за даночна постапка, член 16 став 1 од Законот за Управата за јавни приходи, член 3 став 2 точки 3 и 4 од Законот за буџетите и член 11 став 1 од Законот за локалната самоуправа. Меѓутоа, согласно член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите или нивни одредби со одредбите на Уставот, а не и за меѓусебната согласност на закон со закон, како прописи од ист ранг во хиерархијата на правните прописи.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.42/2023
Shkup,12.10.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 12 tetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 2 pika 1 në pjesën “e vetme” para fjalës “qasje” dhe nenit 36 paragrafi 1 në pjesën “të veta” nga Ligji për kadastrën e patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.124/2019).
Arsyetim
I
Parashtruesi, Sllavko Llazovski nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 2 pika 1 në pjesë “e vetme” para fjalës “qasje” dhe nenit 36 paragrafi 1 në pjesën “të veta” nga Ligji për kadastrën e patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.124/2019).
Në iniciativë theksohet se pjesët e kontestuara të dispozitave nuk janë në përputhje me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3, nenin 33, nenin 51, nenin 114 paragrafin 4 dhe nenin 115 paragrafin 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në këtë kuptim, thuhet se sipas Ligjit për kadastrën e patundshmërive, Sistemi informativ gjeodeziko-kadastral i menaxhuar nga Agjencia për Kadastër të Patundshmërive paraqet një sistem informativ të integruar dhe të vetëm të të dhënave nga kadastra e patundshmërive. Të dhënat e regjistruara në kadastrën e patundshmërive i referohen të drejtës së pronësisë mbi pasurinë e paluajtshme, për realizimin e së cilës lind detyrimi për ta paguar tatimin.
Në lidhje me këtë që u tha më sipër, në iniciativë theksohet se pavarësisht se Ligji për kadastrën e patundshmërive rregullon që ky sistem mund të përdoret për qëllime tatimore, megjithatë, në një situatë kur të dhënat nga ai janë me kërkesë të një organi tatimor të pushtetit qendror, për të njëjtën nuk është planifikuar të paguhet kompensim, ndërsa nëse të dhënat janë me kërkesë të një organi tatimor të njësive të vetëqeverisjes lokale, planifikohet të paguhet kompensim për të njëjtën prej 210 denarësh për një njësi të dhënash.
Si rrjedhojë pretendimet në iniciativë i referohen problematizimit të trajtimit të ndryshëm të organeve tatimore të pushtetit qendror, përkatësisht Drejtorisë së të Hyrave Publike dhe organit tatimor të njësive të vetëqeverisjes lokale, sa i përket detyrimit për të paguar kompensimin për përdorimin dhe inspektimin e të dhënave që i përmban sistemi informativ gjeodeziko – kadastral të patundshmërive, i cili është vendosur si i mbyllur dhe në të cilin qasje të vetme ka Agjencia e Kadastrës së Patundshmërive. Në kontekst të kësaj, thuhet se këto organe tatimore e kryejnë të njëjtin qëllim – mbledhjen e të hyrave tatimore, mirëpo me këtë mënyrë të rregullimit organit tatimor të njësisë së vetëqeverisjes lokale i hiqet mundësia e realizimit të parimeve të gjithëpërfshirjes, joselektivitet, si dhe barazisë në shpërndarjen e barrës tatimore.
Pavarësisht analizës së gjerë të bërë në iniciativë, rregullimit dhe sqarimit të saj, pretendimet për problematizimin kushtetues të pjesëve të dispozitave ligjore i referohen pyetjeve të bëra dhe pretendimeve të bëra. Thelbi i tyre qëndron në faktin se është e pamundur të përmbushet dispozita kushtetuese nga neni 33 në pjesën e detyrimit për pagimin e tatimit, nëse të dhënat nuk dorëzohen në organin tatimor, në rastin e njësive të vetëqeverisjes lokale. Thuhet se në këtë mënyrë cenohet stabiliteti financiar dhe pavarësia e njësive të vetëqeverisjes lokale, përmes trajtimit të ndryshëm në raport me pushtetin qendror. Njëkohësisht thuhet se kompensimi për të dhënat është kompensim i vendosur për shkak të nevojave të Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive, me këtë mënyrë të rregullimit bie në barrë të qytetarëve, por nuk përfundon në buxhetin e bashkësisë. Prandaj, më racionale do të ishte që Buxheti i Republikës së Maqedonisë së Veriut të kompensonte drejtpërdrejt humbjet e mundshme të Agjencisë, sesa që njësitë e vetëqeverisjes lokale të kishin nevojë për mbështetje shtesë financiare çdo vit.
Më tej, iniciativa thekson se tërësia e paragrafit 1 të nenit 36 të Ligjit për kadastrën e patundshmërive është në kundërshtim me nenin 72 të Ligjit për procedurën tatimore, nenin 16 paragrafi 1 të Ligjit për Drejtorinë e të Hyrave Publike, nenin 3 paragrafi 2 pikat 3 dhe 4 të Ligjit për buxhetet dhe nenin 11 paragrafi 1 i Ligjit për vetëqeverisjen lokale. Në mbështetje të këtij pretendimi, citohen përmbajtja e disa dispozitave ligjore në lidhje me detyrimin për shkëmbimin e të dhënave ndërmjet subjekteve të së drejtës publike.
Në pjesën e redaktuar të iniciativës, të dorëzuar më 4 prill 2023, citohet vetëm neni 177 i Ligjit për procedurë tatimore, pa u dhënë pretendime të reja.
Në specifikimin e iniciativës, të dorëzuar edhe më 4 prill 2023, pjesët e diskutueshme të dispozitave problematizohen edhe nga aspekti i nenit 9 të Kushtetutës me arsyetimin se në këtë mënyrë qytetarët vihen në pozitë tjetër varësisht nga disponimi dhe gatishmëria e komunës së vet të paguajë për të dhënat nga sistemi informativ gjeodeziko-kadastral.
Për arsyet e cekura, kërkohet nga Gjykata që pjesët kontestuese të nenit 2 pika 1 dhe nenit 36 paragrafi 1 të Ligjit për kadastrën e patundshmërive t’i shpallë si jokushtetuese dhe t’i shfuqizojë.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni 2 pika 1 e Ligjit për kadastrën e patundshmërive („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr. 124/2019), i cili është kontestuar në pjesën “e vetme” para fjalës “qasje”, përcakton se disa shprehje të përdorura në këtë ligj kanë këtë kuptim: 1. “Sistemi informativ gjeodetizo-kadastral” është sistem informativ i integruar dhe i vetëm në Republikën e Maqedonisë i cili mundëson mbledhjen, përpunimin, mirëmbajtjen, menaxhimin, përdorimin, shpërndarjen, lëshimin dhe qasjen e vetme në të dhënat nga kadastra e patundshmërive, punët bazë gjeodezike, punët gjeodezike për qëllime të veçanta, rilevimin e patundshmërive në funksion të kadastrës së patundshmërive, rilevimin dhe mirëmbajtjen e kufirit shtetëror të Republikës së Maqedonisë, hartat topografike, Regjistrin për njësitë hapësinore, Regjistrin grafik për rrugët dhe numrat e shtëpive, Regjistrin grafik për tokën ndërtimore dhe të dhëna të tjera me rëndësi për patundshmëri.
Gjykata, gjithashtu ka përcaktuar se në nenin 36 paragrafi 1 të Ligjit, i cili kontestohet në pjesën “të vet”, është përcaktuar se për përdorimin dhe kontrollimin e të dhënave nga SIGJK paguhet kompensim, përveç rasteve kur të dhënat janë lëshuar për nevojat e vetë prokurorive publike, Prokuroria shtetërore e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe ministritë, si dhe subjektet e tjera në rastet e përcaktuara me ligj.
III
Sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të shtetit, sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha dispozitat e tjera me Kushtetutë dhe ligj. Secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën, në pajtim me nenin 110 paragrafi 1 të Kushtetutës.
Çështjet që janë objekt i rregullimit me Ligjin për kadastrën e patundshmërive („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 124/2019) përcaktohen në nenin 1 të Ligjit, dhe i referohen menaxhimit të Sistemit informativ gjeodeziko-kadastral, mirëmbajtjes së kadastrës së patundshmërive, krijimit dhe mirëmbajtjes së kadastrës së objekteve infrastrukturore si pjesë e kadastrës së patundshmërive, punët gjeodezike, punët gjeodezike për qëllime të veçanta, rilevimin e patundshmërive në funksion të kadastrës së patundshmërive, rilevimin dhe mirëmbajtjen e kufirit shtetëror të Republikës së Maqedonisë së Veriut, hartat topografike, vlerësimin masiv të patundshmërive, formimin dhe menaxhimin e Regjistrit grafik për tokën ndërtimore, menaxhimin e regjistrit të njësive hapësinore, menaxhimin e regjistrit grafik për rrugët dhe numrat e shtëpive, mbikëqyrjen e veprimtarisë së tregtarëve individualë, gjeodetëve të autorizuar dhe shoqërive tregtare për punët gjeodezike, si dhe statusin, organizimin, funksionimin dhe kompetencat e Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive (në tekstin e mëtejmë: Agjencia).
Neni 2 i Ligjit i përcakton shprehjet e përdorura në të. Në këtë kuptim, “Sistemi informativ gjeodeziko-kadastral” është një sistem informativ i integruar dhe unik në Republikën e Maqedonisë së Veriut që mundëson mbledhjen, përpunimin, mirëmbajtjen, menaxhimin, përdorimin, shpërndarjen, lëshimin dhe qasjen e vetme në të dhënat e kadastrës së patundshmërive, punët gjeodezike bazë, punët gjeodezike për qëllime të veçanta, rilevimin e patundshmërive në funksion të kadastrës së patundshmërive, rilevimin dhe mirëmbajtjen e kufirit shtetëror të Republikës së Maqedonisë së Veriut, hartat topografike, Regjistrin për njësitë hapësinore, Regjistrin grafik për rrugët dhe numrat e shtëpive, regjistrin grafik për tokën ndërtimore dhe të dhëna të tjera me rëndësi për pasuritë e paluajtshme, në përputhje me pikën 1 të këtij neni të Ligjit.
Me kapitullin III (nenet 27-37) të Ligjit vendoset sistemi informativ gjeodeziko-kadastral, i cili në përputhje me nenin 27 paragrafi 1 përmban të dhëna hapësinore dhe përshkruese nga kadastra e patundshmërive, punët themelore gjeodezike, rilevimin e patundshmërive, kufirin shtetëror, punimet gjeodezike për qëllime të veçanta, për vlerën e pasurive të paluajtshme, hartat topografike, Regjistrin për njësitë hapësinore, Regjistrin e çmimeve dhe qirave, Regjistrin grafik për rrugët dhe numrat e shtëpive, Regjistrin e pasurive të paluajtshme të sekuestruara të dedikuara për shitje dhe Regjistrin grafik për tokën ndërtimore. Në bazë të paragrafit 2 të këtij neni të Ligjit, Agjencia menaxhon të dhënat nga SIGJK, në mënyrë që mundëson mbledhjen, përpunimin, mirëmbajtjen, mbrojtjen e tyre, si dhe përdorimin, qasjen dhe shpërndarjen/lëshimin e tyre tek subjektet e interesuara. Në bazë të nenit 28 paragrafi 1 të Ligjit, SIGJK mbahet në formë elektronike dhe/ose të shkruar.
Në paragrafin 1 të nenit 36 të Ligjit, është përcaktuar se për përdorimin dhe inspektimin e të dhënave nga SIGJK paguhet kompensim, përveç rasteve kur të dhënat lëshohen për nevoja vetanake të prokurorive publike, Prokurorisë Publike të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe ministrive, si dhe subjekteve të tjera në rastet e përcaktuara me ligj.
Gjykata konstatoi se nga analiza e dispozitave ligjore të përmendura, rezulton se sistemi informativ gjeodeziko-kadastral është krijuar në përputhje me dispozitat e Ligjit për kadastrën e patundshmërive, për të cilin në nenin 27 paragrafi 1 të dhënat që i përmban ky sistem, të cilat mund të kryhen në formë elektronike dhe/ose me shkrim. Sa i përket të dhënave që mbahen në formë elektronike, në nenin 29 paragrafi 2 i Ligjit është përcaktuar se të njëjtat përpunohen dhe mirëmbahen përmes softuerit të licencuar. Kjo është padyshim në funksion të sigurimit të efikasitetit dhe përditësimit të Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive gjatë realizimit të kompetencave të saj në drejtim të ofrimit të qasjes, shpërndarjes, dhënies dhe përdorimit të të dhënave në formë elektronike. Prandaj, për të siguruar qëndrueshmërinë e këtyre sistemeve, funksionimi i të cilave është i domosdoshëm për ofrimin e shërbimeve efikase për qytetarët, ligjvënësi me nenin 36 paragrafi 1 të Ligjit ka rregulluar bazën sipas së cilës Agjencia mund të paguaj kompensim për përdorimin dhe inspektimin e të dhënave nga sistemi informativ gjeodetiko-kadastral, duke i përcaktuar institucionet që përjashtohen nga ky detyrim.
Duke e marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se pretendimet e përfshira në iniciativë janë të pabaza për shkak se:
Sundimi i së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës dhe parimi i sigurisë juridike që buron nga kjo vlerë themelore nënkupton që ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe ligjin. Për më tepër, sipas këtij parimi kushtetues, duhet të standardizohen rregulla të qarta dhe të sakta në rendin juridik, në mënyrë që të sigurohet përputhshmëri dhe konsistencë në rendin kushtetueso-juridik. Në të njëjtën kohë, neni 51 i Kushtetutës është dispozita kyçe kushtetuese në vendosjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë si parime juridike. Parimet e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë janë të lidhura në mënyrë të pandashme dhe rrjedhin nga pozicioni i Kushtetutës si akti më i lartë juridik në hierarkinë e akteve juridike.
Në rastin konkret, pjesa e kontestuar “e vetme” nga neni 2 pika 1 e Ligjit për kadastrën e patundshmërive nuk mund të shqyrtohet në mënyrë të pavarur dhe të izoluar, por në kuadër të gjithë rregullimit të kësaj dispozite ligjore. Rrjedhimisht, nga analiza e tërësisë së kësaj dispozite ligjore, e cila përcakton kuptimin e shprehjes së përdorur “sistem informativ gjeodeziko-kadastral”, del se ai paraqet një sistem të vetëm dhe të integruar informativ në Republikën e Maqedonisë së Veriut, i cili mundëson mbledhjen, përpunimin, mirëmbajtjen, menaxhimin, përdorimin, shpërndarjen, lëshimin dhe qasjen e vetme në të gjitha të dhënat hapësinore dhe përshkruese që janë nën juridiksionin e Agjencisë së kadastrës së patundshmërive.
Si rrjedhojë, sipas Gjykatës, neni 2 pika 1 e Ligjit për kadastrën e patundshmërive paraqet normë interpretative, e cila shërben për interpretimin e tekstit të Ligjit. Njëherësh, kjo dispozitë ligjore është me përmbajtje të formuluar në mënyrë të qartë, në të cilën në mënyrë të qartë është përcaktuar rëndësia e shprehjes së përdorur “sistemi informativ gjeodeziko-kadastral” në Ligj, i cili edhe më tej përpunohet me dispozitat e përmbajtura në kapitullin III, përkatësisht në nenet 27-37 të Ligjit. Në pajtim me këtë që u tha më lartë, kjo dispozitë ligjore është e qartë dhe precize edhe në pikëpamje të pjesës së kontestuar “të vetme”.
Sa i përket nenit 36 paragrafit 1 të Ligjit për kadastrën e patundshmërive, i cili është kontestuar në pjesën “të veta”, Gjykata konstatoi se edhe ky nen kontestues nuk mund të shqyrtohet në mënyrë të pavarur dhe të izoluar, por në kontekstin e të gjithë rregullimit që e përmban kjo dispozitë ligjore. Konkretisht, duke analizuar përmbajtjen e kësaj dispozite ligjore, sipas Gjykatës, është i padiskutueshëm konkluzioni se ajo vendos bazën ligjore për vendosjen e një kompensimi të përshtatshëm nga Agjencia e Kadastrës së Patundshmërive, për shërbimet e ofruara në kuadër të fushës së punës së saj, konkretisht për shfrytëzimin dhe inspektimin e të dhënave nga sistemi informativ gjeodeziko-kadastral. Pjesa e dytë e dispozitës parasheh përjashtim nga ajo që është paraparë në këtë mënyrë, vetëm në rastin kur të dhënat jepen për nevoja vetanake të prokurorive publike, Prokurorisë shtetërore të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe ministrive, si dhe subjekteve të tjera në rastet e përcaktuara me ligj. Kjo e fundit mund të interpretohet në atë mënyrë që të lërë mundësinë që një ligj tjetër të përcaktojë subjekte të tjera për të cilat mund të zbatohet përjashtimi i parashikuar.
Në lidhje me rregullimin e parashikuar në nenin 36 paragrafin 1 të Ligjit, përkatësisht përjashtimet e përcaktuara për lirimin nga detyrimi për pagesën e kompensimit për përdorimin dhe inspektimin e të dhënave nga sistemi informativ gjeodeziko-kadastral, në rastin kur të dhënat jepen për nevojat vetanake të prokurorive publike, Prokurorisë shtetërore të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe ministrive, si dhe subjekteve të tjera në rastet e përcaktuara me ligj, Gjykata vlerësoi se ligjvënësi ka vlerësuar se një përjashtim i tillë për organe të caktuara publike është i arsyeshëm dhe nuk mund të ndikojë negativisht në funksionimin dhe qëndrueshmërinë e sistemeve që i ka krijuar Agjencia e Kadastrës së Patundshmërive, qëllimi i së cilës është të ofrojë shërbim efikas për qytetarët.
Kjo çështje e qasjes së ligjvënësit për të përcaktuar përjashtime nga rregulli i përgjithshëm për pagesën e kompensimit për përdorimin dhe inspektimin e të dhënave nga sistemi informativ gjeodeziko-kadastral është një çështje në fushën e politikës legjislative për krijimin e asaj forme të zgjidhjeve ligjore
Shuma e këtij lloji të kompensimit është subjekt i pëlqimit të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pajtim me rregulloren e përmbajtur në nenin 37 paragrafi 2 të Ligjit për kadastrën e patundshmërive, në të cilin është përcaktuar se “shuma e kompensimit për përdorimin dhe kontrollimin e të dhënave nga SIGJK përcaktohet me tarifë të cilën e miraton Bordi Drejtues i Agjencisë, për të cilën Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut jep pëlqimin e saj” dhe Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente për të vlerësuar përshtatshmërinë e një vendimi të tillë.
Sipas kësaj që u tha më sipër, Gjykata konstatoi se neni 2 pika 1 në pjesën e kontestuar “e vetme” para fjalës “qasje” dhe neni 36 paragrafi 1 në pjesën kontestuese “të veta” të Ligjit për kadastrën e patundshmërive nuk mund të vihen nën dyshime kushtetuese nga pikëpamja e nenit 8 paragrafi 1 alineja 3, si dhe nenit 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut sepse janë të qarta, të sakta dhe të njëkuptimta dhe si të tilla nuk lënë mundësinë e interpretimit të ndryshëm apo mundësinë e pasigurisë juridike për qytetarët, përkatësisht nuk e vënë në dyshim parimin e sigurisë juridike që garantohet nga vlera themelore – sundimi i së drejtës.
Në lidhje me problematizimin e pjesëve të kontestuara të dispozitave të ligjit edhe nga aspekti i garancisë kushtetuese nga neni 9 i Kushtetutës, për barazinë e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve, me arsyetimin se në këtë mënyrë qytetarët janë vendosur në pozitë të ndryshme varësisht nga disponimi dhe gatishmëria e komunës për të paguar për të dhënat nga sistemi informativ gjeodeziko-kadastral, Gjykata vlerësoi se iniciativa mund të konstatohet e paqartë në këtë pjesë. Kjo për shkak se lidhja ndërmjet përmbajtjeve ligjore të kontestuara dhe parimit të barazisë të garantuar me nenin 9 të Kushtetutës është e paqartë.
Pjesët e kontestuara të dispozitave problematizohen nga aspekti kushtetues dhe nga aspekti i nenit 33 të Kushtetutës, i cili përcakton se “secili është i detyruar të paguajë tatimin dhe detyrimet e tjera publike dhe të marrë pjesë në shlyerjen e shpenzimeve publike në mënyrën e përcaktuar me ligj”, neni 114 paragrafi 4 i Kushtetutës, në të cilin përcaktohet se “komunat financohen nga burimet e veta të të ardhurave të përcaktuara me ligj dhe me mjete nga Republika” dhe neni 115 paragrafi 3 i Kushtetutës, sipas të cilit “Republika me ligj mund t’ia besojë komunës kryerjen e detyrave të caktuara”.
Megjithatë, duke u nisur nga përmbajtja e këtyre dispozitave kushtetuese dhe duke e marrë parasysh përmbajtjen e dispozitave të nenit 2 pika 1 dhe nenit 36 paragrafi 1 i Ligjit për kadastrën e patundshmërive, Gjykata konstatoi se këto dispozita ligjore nuk mund të ndërlidhen me parimet e deklaruara kushtetuese dhe nga ky aspekt nuk mund të vlerësohet kushtetutshmëria e tyre.
Pretendimet nëse dhe pse zgjidhja ligjore e nenit 36 paragrafi 1 nuk vlen edhe për njësitë e vetëqeverisjes lokale paraqesin kërkesë për një rregullim të ndryshëm të përjashtimit nga detyrimi për pagesën e këtij lloji të kompensimit në Agjencinë e Kadastrës së Patundshmërive, që është në kompetencë të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, si ligjvënës, e jo të Gjykatës Kushtetuese, e cila nuk ka kompetencë të rregullojë marrëdhëniet, por vetëm ta vlerësojë kushtetutshmërinë e dispozitave që janë në rendin juridik. Në të njëjtën kohë, pretendimet për faktin se ky lloj kompensimi është futur ekskluzivisht për nevojat e Agjencisë për Kadastrën e Patundshmërive dhe se qëllimi i ligjit mund të arrihet në një mënyrë tjetër, e jo në një mënyrë si në rastin konkret, janë pretendimet për përshtatshmërinë nga norma e parashikuar në ligj, e cila nuk është çështje nën kompetencën e Gjykatës Kushtetuese.
Në kuadër të pretendimeve me të cilat shpjegohen arsyet e kontestimit të tërësisë së paragrafit 1 të nenit 36 të Ligjit për kadastrën e patundshmërive, janë edhe pretendime se kjo dispozitë ligjore bie ndesh me dispozitat e ligjeve të tjera, siç është neni 72 i Ligjit për procedurë tatimore, neni 16 paragrafi 1 i Ligjit për Drejtorinë e të Hyrave Publike, neni 3 paragrafi 2 pikat 3 dhe 4 të Ligjit për buxhetet dhe neni 11 paragrafi 1 i Ligjit për vetëqeverisje lokale. Megjithatë, sipas nenit 110 alineja 1 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve apo dispozitave të tyre me dispozitat e Kushtetutës, dhe jo për pajtueshmërinë reciproke të ligjit me ligjin, si rregullore të së njëjtit rang në hierarkinë e rregulloreve juridike.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska