Уставниот суд денеска ја одржа 38. седница на којашто се дискутираше по четири иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права:
1.Реферат У.бр 15/2023– Предметот е повлечен ќе биде ставен повторно на следната седница на Уставниот суд на барање на судијата-известител.
Оспорен: Член 107 став 2 од Законот за електронски комуникации
Подносител на иницијативата Александра Илиева Милчова, адвокатка
2..Реферат У.бр.90/2023– Предметот е повлечен од дневниот ред и ќе биде ставен повторно на следната седница на барање на судијата-известител.
Оспорено: Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи; уверенија; преписи и копии врз основа на матичните книги: водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги од 29.05.2023 година.
Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”
3.Реферат У.бр 158/2023– Се поведува постапка за член 49-б алинеја 2 од Статутот на Град Скопје. Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека Советот на Град Скопје ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локална самоуправа, како орган кој нема надлежност да врши автентично толкување. Поради можност од настанување на штетни последици, согласно членот 27 од Деловникот Судот одлучи да воведе т.н времена мерка, односно да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои се преземени врз основа на оспорениот член.
Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија.
4.Реферат У.бр.62/2023– Се отфрла иницијативата за оценување на уставност и законитост на Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-400/1.
Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски.
Реферат У.бр.30/2023- Се отфрла барањето за заштита на слободи и права од страна на Комисијата за оцена на докторска дисертација при Филозофскиот факултет по основ на социјална и политичка припадност предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот.
Подносителка на барањето: Сандра Рилкова.