Уставниот суд ја одржа 37. седница на 18 октомври и го одлучи следното:
- У.бр.17/2020 и У.бр.23/2020
Се отфрлаат иницијативите за поведување постапка за оценување на:
– уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 848 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) и
– уставноста и законитоста на Указот број 08-3866/1 од 05.07.2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2019).
- У.бр.74/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
- У.бр.147/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилата за постапување по приговори и за разрешување на спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.132 од 26.06.2023 година), број 01-1328/1 од 12 јуни 2023 година, донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Доносител на актот: Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
3.У.бр.85/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња („Службен гласник на Општина Ресен“ бр.6/2022), донесена од Советот на Општина Ресен.
Подносител на иницијативата: Адвокат Никола Источки
- У.бр.157/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на:
– Насловот на поглавјето „Автентично толкување на општи акти” и членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај (Пречистен текст) бр.0901-245/1 од 22.04.2016 година
- Се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, означен во точката 1 од Решението.
Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија
- У.бр.131/2023
Се отфрла барањето на Мартин Ефремов од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3, а во врска со член 96 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на заштита на правото на забрана на дискриминација по основ на пол.