Дневен ред за 37. седница на Уставниот суд закажана за 18.10.2023 година во 9:30 часот

На 18.10.2023 година Уставниот суд ќе ја одржи 37. седница со дневен ред за кој се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права. Седницата е закажана за 9:30 часот, ќе се дискутира по следните предмети:

  1. У.бр.17/2020 и У.бр.23/2020

Oспорени акти: Указот за прогласувањe на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 845(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, бр.08-3866/1 од 05.07.2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019) и 

-Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 848(1993) на Советот за безбедност на Обединети Нации, за престанување на важноста на Примената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019).

  1. У.бр.74/2022

Оспоренa oдредба: Членот 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022)

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека  од содржината на оспорената одредба произлегува дека се воспоставува ретроактивна примена, односно повратно дејство на одредбата. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

  1. У.бр.99/2023

Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.

Доносител на актот: Министерство за економија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен, бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. У.бр.105/2023

Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на мотрони возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето

Доносител на актот: Влада на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен, бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. У.бр.147/2023

Оспорен акт: Правилата за постапување по приговори и за разрешување на спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.132/23).

Доносител на актот:  Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Се оспорува рокот на објавувањето на Правилникот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен, бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

  1. У.бр.4/2023

Oспорени: Одлука бр. 08-882/19 од 28.12.2022 година од Советот на Општина Неготино за Буџет на општина Неготино за 2023

Подносител на иницијативата: Љубе Темелков

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот ја оспорува одлуката на Советот на Општина Неготино бидејќи според него претходно не е усвоен буџетски календар, што е спротивно на член 27 став 4 и 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Се наведува дека градоначалникот не ги усвоил нацрт-програмите за 2023 година кои потоа треба јавно да  бидат објавени. 

  1. У.бр.85/2023

Оспорена: Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња од 25.05.2022 година

Подносител на иницијативата: Адвокат Никола Источки

Од наводите во иницијативата:

Се наведува дека Советот на општините не се надлежни да го уредуваат прашњето за надомест на штета и постапката на штета, туку тоа е утврдено во Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за комуналните дејности. Подносителот смета дека со донесувањето на одлуката за оштетно побарување на лица каснати од бездомни кучиња Советот на општина Ресен си дал улога на законодавна власт и се ставил над Уставот и Законот за локалната самоуправа. 

  1. У.бр.157/2023

Оспорени: Членовите 108, 109, 110 и 111 од Статутот на Општина Сарај од 22.04.2016 година

Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија

У.бр.131/2023

Оспорен акт: Известување во врска со барање

Подносител: Мартин Ефремов

Од наводите во барањето:

Подносителот смета дека е дискриминиран врз основа на пол, бидејќи во одлученото од оспорениот акт е наведена мајката како примател на бараниот надоместок.