Поради интерес на јавноста во врска со Законот за данок за солидарност, Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот во целина. Oва значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапка и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи, предметите се предадени на тимови од судии и советници.
- У.бр. 179/2023
Подносител:Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска
- У.бр.183/2023
Подносител: Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски
На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа на Судот, во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот.