Уставниот суд денеска ја одржа 36. седница и дискутираше по шест иницијативи на дневен ред и го одлучи следното:
1.Реферат У.бр.42/2023
Не се поведува постапка за член 2 точка 1 во делот „единствен” и член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности.
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
- Реферат У.бр.84/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на делот „членот 14 од“ од член 48 став 1 точка в) од Законот за градежни производи.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
- Реферат У.бр.49/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 28 од Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање
Подносител: Бојан Трпевски
- Реферат У.бр.73/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за случаите во кои се спроведува ПИЦ постапката и содржината на барањето за спроведување на постапката бр.15-3263/1 од 16.06.2021г и Правилникот за начинот на кој се врши процената на безбедноста на хемикалијата и содржината на извештајот на безбедноста на хемикалијата бр.15-3264/1 од 16.06.2011гoдина.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
- Реферат У.бр.150/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за количини на семенски и саден материјал од сорти на земјоделски растенија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/23).
Доносител на актот: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
- Реферат У.бр.119/2023
Предлогот на судијата-известител за отфрлање на иницијативта не го доби потребното мнозинство, при што предметот останува отворен и понатаму.
Оспорен: Одлуката бр.08-1317/1 од 30.06.2023 година за усвојување на барање за одобрување на финансиска помош на заедница на сопственици на посебни делови на станбена зграда Кула 2 на улица Самоилова.
Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица