Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот празник 11 Октомври, оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.
Во свое лично име и во име на Судот претседателката Кацарска упатува искрени честитки до сите граѓани на државата.
-Нека денешниот празник остане неисцрпна инспирација за правилните одлуки, пркос и вечна борба за правдината на нашите граѓани. Нека секој 11 Октомври не’ потсетува дека она што ќе го одлучиме денес, ќе биде патоказ за нашите потомци утре, а мислата која не’ водела и ќе не води низ историските премрежја, да остане чиста, правдољубива и да не упатува единствено кон напредокот на државата и благосостојбата на граѓаните.
Нека е честит 11 Октомври- Денот на народното востание на македонскиот народ!
Со почит,
Претседател на Уставниот суд
Добрила Кацарска