Дневен ред за 36. седница закажана за 12 октомври 2023 година

Уставниот суд ќе ја одржи 36. седница на 12 октомври(четврток) 2023 година во 9:30 часот со дневен ред за кој се закажани шест иницијативи за оценување на уставност. 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 

  1. Реферат У.бр.42/2023

Оспорен: Член 2 точка 1 и член 36 став 1 од Законот за катастар на недвижности.

Подносител на иницијативата: Славко Лазовски

Од наводите: 

Се наведува дека оспорените одредби се спротивни на членовите 8, 33, 51, 114, 115 од Уставот, како и се во спротивност со Законот за општата управна постапка, Законот за даночна постапка, Законот за Управата за приходи, Законот за буџетите, Законот за локалната самоуправа.  Подносителот смета дека се спорни одредбите затоа што на даночното тело на централно ниво му даваат податоци без надоместок, додека на локално ниво се бара надоместок иако се работи за исти податоци и иста цел-собирање на јавни приходи. 

  1. Реферат У.бр.84/2023

Оспорен: Делот „членот 14 од“ од член 48 став 1 точка в) од Законот за градежни производи

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Со оспорената одредба во конкретниот дел се упатува на примена на норма која не е дел од правниот промет. 

  1. Реферат У.бр.49/2023

Оспорен: Член 28 од Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање

Подносител: Бојан Трпевски

Содржина на регистарските таблици: 

„Регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака „МК”, а се издадени од денот на отпочнувањето со примена на овој правилник може да се употребуваат најдоцна до 12 февруари 2024 година.”

Од наводите во иницијативата: 

Се наведува дека оспорениот член не е во согласност со Законот за возила и Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи во Законот се уредени случаите кога се издаваат регистарски таблици, а таму не е наведена ситуација како што е во оспорената одредба од Правилникот. Подносителот наведува дека министерот за внатрешни работи нема овластување да носи ваков Правилник за прашање кое треба да се уреди со закон и дополнително оспорениот член има повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 став 4 од Уставот.

  1. Реферат У.бр.73/2023

Оспорен: Правилникот за случаите во кои се спроведува ПИЦ постапката и содржината на барањето за спроведување на постапката бр.15-3263/1 од 16.06.2021г и Правилникот за начинот на кој се врши процената на безбедноста на хемикалијата и содржината на извештајот на безбедноста на хемикалијата бр.15-3264/1 од 16.06.2011гoдина.

Подносител на иницијативата:  Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека од содржината на одредбата произлегува дека овластувањето за донесување на подзаконскиот акт со кој во подробности се разработува Законот за хемикалии во однос на наведената одредба се донесува од страна на директорот на Агенцијата за лекови. Се наведува дека не постои овластување на министерот за здравство да го донесе подзаконскиот акт кој не е усогласен со владеењето на правото. 

  1. Реферат У.бр.150/2023

Оспорен акт: Правилникот за количини на семенски и саден материјал од сорти на земјоделски растенија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/23).

Доносител на актот: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

  1. Реферат У.бр.119/2023

Оспорен: Одлуката бр.08-1317/1 од 30.06.2023 година за усвојување на барање за одобрување на финансиска помош на заедница на сопственици на посебни делови на станбена зграда Кула 2 на улица Самоилова.

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека Советот на Општина Македонска каменица на 30.06.2023 година донел Одлука спротивна на Одлуката за усвојување на Буџетот на општината, бидејќи со неа се усвоило да се додели финансиска помош на заедница на сопственици на посебни делови на станбена зграда Кула 2. Според подносителот паричните средства се користат за покривање на трошоците за поправка и сервисирање на лифтот во износ од 415.618 денари. Се наведува дека во Буџетот не е предвидена таква ставка за финансирање.