По одржаната 34 седница на ден 27 септември 2023 година, Уставниот суд го одлучи следното:
- Реферат У.бр.128/2022
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 став 3 во делот „Советот на“ од Законот за дополнување на Законот за облигационите односи.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
- Реферат У.бр.100/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/ или класа 4 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.3/ 2023).
Доносител на актот: Министерство за животна средина
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
3.Реферат У.бр.144/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на вршење на стручната оцена (ревизија) на рударските проекти, донесен од министерот за економија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 287/2022).
Доносител на актот: Министерот за економија
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
- РефератУ.бр.137/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Одлуката за јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје, во целина. Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 1 од Одлуката. Предлогот на судијата-известител да не се поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 од Одлуката, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови. Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 5 од Одлуката.
Подносител: Друштво за управување со недвижен имот ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, застапувано од адвокат Зеќир Зеќири
- Реферат У.бр.54/2020
Се одбива барањето на Емилија Петковска од Скопје за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на полова припадност.
Подносителка на барањето: Емилија Петковска застапувана од адвокатка Весна Јовановска.
- Реферат У.бр.125/2022
Се укинува член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022).
Подносител: Трајчо Вучков
- Реферат У.бр.31/2023
Се поништуваат членовите 99, 100, 101 и 102 од Статутот на Општина Кисела Вода („Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005 и „Службен гласник на Општина Кисела Вода” број 13/2006, 15/2014 и 7/2019);
Се поништува автентичното толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, дадено од Советот на Општина Кисела Вода на деветтата пленарна седница одржана на 26.04.2022 година, број 09-3617/9 од 26.04.2022 година, објавено на 27.05.2022 година во „Службен гласник на Општина Кисела Вода” број 6/2022 и Решението на градоначалникот на Општина Кисела Вода, број 08-5203/7 од 27.05.2022 година за објава на Автентично толкување по барање број 09-2711/1 од 17.03.2022 година од група граѓани во врска со максималниот број на станбени единици кои може да се изградат во Општина Кисела Вода каде постои намена А1 домување.
- Се става вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбите од Статутот и актите, означени во точката 1 од оваа одлука.
Подносител на иницијативата: Друштво за градежништво, трговија и услуги ХОУМ ВИЗИОН ДООЕЛ Скопје
9.Реферат У.бр.89/2023
Се поништува Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење на постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.125 од 15.06.2023 година).
Се става вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 3 став 1 во делот на новите обрасци број 4, 4а, 4в и 4д од актот, означен во точката 1 на ова решение и прилозите: образец – 4, Извод од матична книга на родените; образец – 4-а, Извод од матична книга на родените; образец – 4-в, Извод од матична книга на родените; образец – 4-д, Извод од матична книга на родените, кои се составен дел од истиот акт.
Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија
Во врска со овој предмет, поради интерес на јавноста Уставниот суд објави посебно соопштение.
- Реферат У.бр.25/2023
Се поништува Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 281/2022).
Во врска со овој предмет, поради интерес на јавноста Уставниот суд објави посебно соопштение.
Напомена: Oва соопштение содржи куси информации само во врска со одлученото и подносителите, целосните одлуки и решенија на Судот се објавуваат дополнително.