Дневен ред за 34. седница на Уставниот суд закажана за 27 септември 2023 година

Уставниот суд ја закажува 34. Седница на ден 27 септември 2023 година во 9:30 часот со следниот дневен ред:

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.128/2022

Оспорен: Делот „Советот на” од член 2 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека членот 2 став 3 од оспорениот Закон опфаќа Одлука за прогласување на година на ниска(до 3%), умерена (од над 3% до 50%) или висока инфлација(над 50%)  која ја донесува Советот на Народна банка на Република Северна Македонија.  Се наведува дека одредбата е неусогласена со членот 60 став 3 од Уставот според кој организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон, па така доколку Законот за Народна банка на Република Северна Македонија има предност пред другите закони, а според истиот закон меѓу останатите овластувања Советот врши други работи би можело да се постави прашањето за согласноста на оспорениот дел „Советот на” од членот 2 став 3 од конкретниот закон. 

2.Реферат У.бр.100/2023

Оспорен акт: Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозволи за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2, 3 и 4

Доносител на актот: Министерство за животна средина

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се оспорува рокот на објавувањето на актот во „Службен весник”, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

3.Реферат У.бр.105/2023

Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на мотрони возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето

Доносител на актот: Влада на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се оспорува рокот на објавувањето на актот во „Службен весник”, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

4.Реферат У.бр.144/2023

Оспорен акт: Правилникот за начинот на вршење на стручната оцена (ревизија) на рударските проекти („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.287/22).

Доносител на актот: Министерот за економија

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се оспорува рокот на објавувањето на актот во „Службен весник”, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

5. РефератУ.бр.137/2023

Оспорен: Одлука за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје донесена Советот на Град Скопје во 2008 година. 

Подносител: Друштво за управување со недвижен имот ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, застапувано од адвокат Зеќир Зеќири

Од наводите во иницијативата: 

Во иницијативата се наведува дека со Одлуката на Градот Скопје не е направена разлика дали обележаните простори наменети за групно паркирање се наоѓаат во рамки на земјиште или објект кои се во приватна сопственост или се во сопственост на државата, Градот Скопје или општините. Подносителот смета дека со одлуката, Градот Скопје незаконски и неосновано воспоставува надлежност врз приватната сопственост на физички и правни лица, право кое според Уставот му припаѓа единствено на сопственикот на стварта. З  а подносителот спорна е и одредбата од Одлуката во која се предвидува дека „никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон”, бидејќи Градот со неа на манипулативен начин без законски основ ја ограничува приватната сопственост на паркиралишта на приватни лица дури и кога не постои јавен интерес со закон, односно подносителот наведува дека не постои закон кој утврдува постоење на јавен интерес. Во иницијативата се поставува прашањето за сопственоста гарантирана со Уставот, односно од кој акт Советот на Град Скопје го црпи правото да утврди забрана за вршење дејност паркирање во приватно паркиралиште.

II-БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1.Реферат У.бр.54/2020

Подносителка на барањето: Емилија Петковска застапувана од адвокатка Весна Јовановска.

Подносителката на барањето   наведува дека Решение на Основниот суд Битола од 23.12.2019 година и Решение на Апелациониот суд Битола  биле засновани на дискриминаторска основа поради нејзините лични својства бидејќи со донесените одлуки на судот и е оневозможен еднаков третман и остварување на правата во судска постапка само поради нејзините лични својства како индивидуа – жена која била во вториот месец од бременоста. 

III- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ ОДЛУКИ

  1. У.бр.125/2022

Оспорен: Член 8 став 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија.

Подносител: Трајчо Вучков

2.У.бр.31/2023

Опорено: Автентично толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација на Совет на Општина Кисела Вода од 26 април 2022 година.

Подносител на иницијативата: Друштво за градежништво, трговија и услуги ХОУМ ВИЗИОН ДООЕЛ Скопје

3.У.бр.89/2023

Оспорено: Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги

Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за 7 дена. 

Со оглед дека дискусијата за овој предмет е веќе завршена на денешната седница следува фазата на гласање и донесување на одлука.