Соопштение по одржаната 33. седница на Уставниот суд

Уставниот суд по одржаната 33. седница на 20 септември 2023 година го одлучи следното: 

1.Реферат У.бр.8/2019, У.бр.16/2019, У.бр.26/2019, У.бр.40/2019 и У.бр.47/2019

Не  се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 848(1993) на Советот за безбедност на Обединети Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните. 

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој закон и се отфрла иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член 3 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и Виенската конвенција за договорно право. 

Подносители:Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски.

2.У.бр.106/2023

Сe поведува постапка за оценување на уставноста на Правилник за изменување на Правилникот за содржината и начинот  на подготовката на актите, за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на  функционалната анализа на институциите на јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.259/2022).

Подносител: Министерство за правда

3.У.бр.103/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Решение бр.13.1.1-38779/1 од 7 април 2023 година за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2023),    донесено од министерот на    внатрешни работи.

Подносител: Министерство за правда

4. У.бр.25/2023

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на претседателот на Судот, Добрила Кацарска за одложување на предлогот за одлучување по предметот, беше усвоен и Судот, едногласно,  го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници на Судот.

5.У.бр.81/2022

Се укинува Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт 3 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година).

Напомена: Ова соопштение содржи информации во врска со одлученото, а во конечните одлуки ќе бидат објавени аргументите на Судот за донесените одлуки и решенија.