Дневен ред за 33. седница на Уставниот суд закажана за 21 септември 2023 година

Уставниот суд ќе ја одржи 33. Седница на 21 септември во 9:30 часот со следниот дневен ред:

I-  ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

  1. Реферат У.бр.8/2019, У.бр.16/2019, У.бр.26/2019, У.бр.40/2019 и У.бр.47/2019

Оспорени: Указот за прогласуваењe на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 845(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, бр.08-3866/1 од 05.07.2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019) и Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 848(1993) на Советот за безбедност на Обединети Нации, за престанување на важноста на Примената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2019).

Подносители на инцијативите:  Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски.

Од наводите во иницијативите:

Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот.  Се тврди дека оспорените акти го нарушуваат владеењето на правото.  Наведено е во дел од иницијативите дека претседателот на Собранието на Република Македонија немал надлежност да утврдува одговорност дека претседателот на Републиката  го кршел  Уставот со непотпишување и во дадената ситуација, претседателот на државата не бил спречен да ја врши функцијата, за да биде заменет од страна на претседателот на Собранието, односно да го потпише Указот, со што се наведува дека е повреден и членот 82 од Уставот.  Бидејќи претседателот на Републиката не го потпишал Указот, се наведува дека оспорениот закон не важи и не може да произведува правно дејство, односно објавување на Законот без потпис на претседателот на Република Македонија е грубо кршење на Уставот. Во дел од иницијативите подносителите тврдат дека Спогодбата е ништовна бидејќи била во спротивност со меѓународното право на самоопределување на народите, правото на секој народ да избере свое име, идентитет, свои национални обележја, симболи и др и во спротивност со Виенската конвенција за договорно право.

2.Реферат У.бр.99/2023, 4. У.бр.103/2023 и У.бр.106/2023 ги содржат истите наводи:

Во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”. 

 У.бр.99/2023

Оспорен акт:  Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.

Доносител на актот: Министерство за економија 

У.бр.103/2023

Оспорен акт: Решение за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи

 Доносител на актот: Министерство за внатрешни работи

 У.бр.106/2023

Оспорен акт: Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовка на актите за внатрешна организација и ситематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор.

Доносител на актот: Министерство за информатичко општество и администрација