Уставниот суд ќе ја одржи 32. седница на 6 септември 2023 година во 9:30 часот со следниот дневен ред:
I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. У.бр.88/2023
Оспорен: Законот за продажба на земјоделско земјиште
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Со оспорениот член се воспоставува правна несигурност смета подносителот и според него целиот закон неуставен бидејќи се овозможува продажба на добро од општ интерес, при што во иницијативата и се напоменува дека Законот за земјоделско земјиште не дозволува продажба и исклучоци за продавање на земјоделско земјиште во државна сопственост.
2.У.бр.108/2023
Оспорен акт: Правилникот за содржината на студиските програми
Подносител на иницијативата: Министерство за правда
Од наводите во иницијативата:
Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативата подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.
3.У.бр.104/2023
Оспорен акт: Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик
Подносител на иницијативата: Министерство за правда
Од наводите во иницијативата:
Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативата подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.
4.У.бр.64/2023
Оспоренa: Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1;
Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина македонска Каменица Димчо Атанасовски
Oд наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на средства на пчеларско здружение во износ од 15 000 денари.