Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.27/2023
Скопје, 20.07.2023 год.
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 јули 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 112 и член 113 став 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, број 20/2015, 192/2015 231/2015 и 163/2018).
Образложение
I
Мефаиљ Арслани, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 112 и член 113 став 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
Подносителот во иницијативата наведува дека законското решение во член 112 и член 113 став 1 е дискриминаторско бидејќи слушателите по завршување на почетната обука се здобиваат со уверение кандидат за судија или кандидат за јавен обвинител и со стекнатото уверение можат да аплицираат само за судија или само за јавен обвинител во зависност од тоа за што се определиле по завршување на теоретската настава од почетната обука во Академијата.
обвинител, со Законот за Академијата за судии и јавни обвинители тоа е оневозможено, и тој би требало по втор пат да се запише на Академијата и да ја помине теоретската и практичната настава од почетната обука.
Со постарите закони ова прашање не било регулирано на овој начин, туку кандидатите добивале универзално уверение кое овозможува слободно преминување од судиска во јавнообвинителска професија и обратно.
Според подносителот на иницијативата, ваквото фиксирање на можноста за определување за судија или јавен обвинител претставува ограничување на правото на работа загарантирано со член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, кој предвидува дека секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
Во иницијативата се наведува дека одредбата од член 112 од Законот, ги става во понеповолна положба слушателите кои согласно овој закон добиле уверение кое се однесува на кандидат судија или кандидат јавен обвинител, во споредба со слушателите од поранешните генерации кои добиле универзално уверение.
Имено, подносителот наведува дека поранешните генерации добивале универзално уверение, кое им овозможувало на кандидатите слободно да аплицираат на оглас за судиско, односно јавнообвинителско место.
Понатаму, во иницијативата се наведува дека тоа што оваа одредба од член 112 од Законот е неуставна, го потврдува и фактот дека новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители кој е во собраниска процедува, содржи одредба со која повторно е предвидено универзално решение, па како што наведува иницијаторот законодавецот ја увидел грешката.
Во иницијативата, подносителот, воедно набројува позитивни страни од воведувањето на универзално уверение, односно дека би се надминале пречките во случаи на вработување на брачни другари, со универзалното уверение би се придонело во привлекување кадри, Судскиот совет/Советот на јавни обвинители би имал поголема слобода во почитувањето на принципот на соодветна и правична застапеност.
Од горенаведените причини, подносителот на иницијативата бара од Уставниот суд да го поништи член 112 од Законот за академија за судии и јавни обвинители и предметната материја да се регулира на начин што ќе биде издавано универзално уверение кое нема да биде спротивно на член 32 од Уставот на Република Северна Македонија.
II
Судот на седницата утврди дека со член 112 став 1 се предвидува дека Академијата на кандидатите за судии или јавни обвинители им издава уверение за завршена почетна обука кое содржи оцена за секоја фаза од обуката и завршната оцена. Став 2 од истиот член предвидува дека уверението од ставот 1 се издава според образец кој се утврдува со акт на Управниот одбор.
Со член 113 став 1 се пропишува дека по завршувањето на почетната обука слушателот на почетната обука стекнува статус на кандидат за судија или јавен обвинител.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.
Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 14 јуни 2023 година донесе нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 129 од 21.06.2023 година.
Согласно член 74 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 129/2023), со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/15, 192/15, 231/15 и 163/18).
Врз основа на член 75 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Имајќи ја во вид наведената фактичка состојба од која произлегува дека со донесувањето на новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители и неговото влегување во сила на осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ престануваат да важат оспорените одредби од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/15, 192/15, 231/15 и 163/18), Судот оцени дека истите се надвор од правниот поредок на Република Северна Македонија и не се повеќе во правна сила.
Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека истите не може да бидат предмет на оцена поради постоење на процесни пречки за одлучување со што се исполнети условите за примена на член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.27/2023
* * *
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 3 dhe neni 71 të Rregullores së Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 korrik 2023, miratoi
A K T V E N D I M
REFUZOHET Iniciativa për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 112 dhe nenit 113 paragrafi 1 të Ligjit për Akademinë e gjykatësve dhe prokurorëve publikë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë”, numër 20/2015, 192/2015, 231/2015 dhe 163/ 2018).
Arsyetim
I
Mefail Arsllani, avokat nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka parashtruar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 112 dhe nenit 113 paragrafi 1 të Ligjit për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë.
Parashtruesi në iniciativë thekson se zgjidhja ligjore në nenin 112 dhe nenin 113 paragrafi 1 është diskriminuese për shkak se pas përfundimit të trajnimit fillestar, dëgjuesit pajisen me certifikatë si kandidat për gjykatës ose kandidat për prokuror publik dhe me certifikatën e fituar ata mund të aplikojnë vetëm për gjykatës ose vetëm për prokuror publik varësisht se çfarë kanë vendosur pas përfundimit të mësimit teorik të trajnimit fillestar në Akademi.
Më tej në iniciativë, parashtruesi thekson se nëse një dëgjues në të ardhmen dëshiron të ndryshojë profesionin e tij dhe për shembull, në vend që të bëhet gjykatës, të bëhet prokuror publik, Ligji për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë e bën këtë të pamundur dhe do të duhet të regjistrohet për herë të dytë në Akademi dhe të kalojë mësimin teorik dhe praktik të trajnimit fillestar.
Me ligjet e vjetra kjo çështje nuk rregullohej në këtë mënyrë, por kandidatët kanë merrë certifikatë universale që mundëson kalimin e lirë nga profesioni i gjykatësit në prokuror publik dhe anasjelltas.
Sipas parashtruesit të iniciativës, ky rregullim i mundësisë për t’u emëruar gjykatës apo prokuror publik paraqet kufizim të së drejtës për punë të garantuar me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili përcakton se secili ka të drejtë për punë, zgjedhje të lirë të punësimit, mbrojtje gjatë punës dhe siguri materiale gjatë papunësimit të përkohshëm. Çdo punë është e disponueshme për të gjithë, në kushte të barabarta.
Në iniciativë thuhet se dispozita e nenit 112 të ligjit i vendos në pozitë të pavolitshme dëgjuesit të cilët në përputhje me këtë ligj kanë marrë certifikatë që ka të bëjë me kandidatin për gjykatës apo kandidatin për prokuror publik krahasuar me dëgjuesit nga gjeneratat e kaluara që kanë marrë certifikatë universale.
Konkretisht, parashtruesi thekson se gjeneratat e mëparshme kanë marrë certifikatë universale, e cili u mundësoi kandidatëve të aplikojnë lirisht për postin e gjykatësit apo prokurorit publik.
Më tej, në iniciativë thuhet se fakti që kjo dispozitë e nenit 112 të ligjit është antikushtetuese vërtetohet edhe nga fakti se Propozim Ligji i ri për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publik, i cili është në procedurë parlamentare, përmban një dispozitë që përsëri parashikon një zgjidhje universale, kështu që siç thotë iniciatori, ligjvënësi e ka parë gabimin.
Në iniciativë, parashtruesi, njëkohësisht numëron edhe aspektet pozitive të vendosjes së një certifikate universale, pra se do të kapërcehen pengesat në rastet e punësimit të bashkëshortëve, certifikata universale do të kontribuonte në tërheqjen e personelit, Këshilli Gjyqësor/Këshilli i Prokurorëve Publikë do të kishte më shumë liri në respektimin e parimit të përfaqësimit adekuat dhe të drejtë.
Për arsyet e mësipërme, parashtruesi i iniciativës kërkon nga Gjykata Kushtetuese të shfuqizojë nenin 112 të Ligjit për Akademinë e gjykatësve dhe prokurorëve publikë dhe të rregullohet çështja në fjalë në atë mënyrë që të lëshohet një certifikatë universale e cila nuk do të jetë në kundërshtim me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni 112 paragrafi 1 parasheh që Akademia kandidatëve për gjykatës ose prokurorë publikë u lëshon certifikatën e trajnimit të kryer fillestar që përmban vlerësim për secilën fazë të trajnimit dhe vlerësimin përfundimtar. Në paragrafin 2 të të njëjtit nen përcaktohet se certifikata nga paragrafi 1 lëshohet sipas formës së përcaktuar me akt të Këshillit Drejtues.
Neni 113 paragrafi 1 përcakton që pas përfundimit të trajnimit fillestar dëgjuesi i trajnimit fillestar fiton statusin e kandidatit për gjykatës ose prokuror publik.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, sundimi i të drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë.
Sipas nenit 110 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Sipas nenit 28 paragrafi 3 i Rregullores së Punës së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa procedurale për të vendosur për iniciativën.
Në seancën e mbajtur më 14 qershor 2023, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miratoi Ligjin e ri për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publik, i cili u botua në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” me numër 129 nga 21.06. 2023.
Në pajtim me nenin 74 të Ligjit për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 129/2023), me ditën e hyrjes në fuqi të këtij ligji shfuqizohet Ligji për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 20/15, 192/15, 231/15 dhe 163/18).
Në bazë të nenit 75 të Ligjit për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë, ky ligj hyn në fuqi ditën e tetë nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Duke pasur parasysh gjendjen e theksuar faktike nga e cila rezulton se me miratimin e Ligjit të ri për Akademinë për Gjykatës dhe Prokurorë Publikë dhe hyrjen në fuqi të tij në ditën e tetë nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, dispozitat e kontestuara të Ligjit për Akademinë për gjykatës dhe prokurorë publikë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 20/15, 192/15, 231/15 dhe 163/18), Gjykata konsideron se të njëjtat janë jashtë rendit juridik të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nuk janë më në fuqi juridike.
Duke marrë parasysh të lartëpërmendurën, Gjykata vendosi se ato nuk mund t’i nënshtrohen vlerësimit për shkak të ekzistimit të pengesave procedurale për vendimmarrje me çka plotësohen kushtet për zbatimin e nenit 28 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska