Уставниот суд со честитка по повод 8 Септември- денот на независноста на државата

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот ден на независноста, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани на државата. 

-Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас на нашата борба за подобро, заедничко утре. Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас,  да носи правилни одлуки, кои ќе немаат друга цел освен благосостојба, мир и напредок на државата.

Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија! 

 

Со почит, 

Претседател на Уставниот суд

Добрила Кацарска