Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упатува честитки до сите граѓани.
-
Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во општеството, посочува Кацарска.
Во чест на големиот празник претседателката Кацарска денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје.