Денеска се одржа 28. седница на Уставниот суд на која дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и го одлучи следното:
1.Реферат У.бр.92/2023
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста” од Законот за матичната евиденција, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови.
Подносител на иницијативата: Политичка партија „Левица”
Повеќе информации се објавени во посебно соопштение.
2.Реферат У.бр.105/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 21 став 3 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 195/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021).
3.Реферат У.бр.27/2023
Сe отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 112 и член 113 став 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018).
Подносител: Mефаиљ Арслани, адвокат од Скопје
- Реферат У.бр.75/2022
Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на не поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 1 и став 2, член 9, член 16 став 2 и член 22 став 1 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/2021).
Подносител: Димитрија Атанасовски
5.Реферат У.бр.79/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 116 став 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/2012,15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 180/2019, 275/2019, 31/2020, 267/2020, 67/2020 и 79/2023).
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
6.Реферат У.бр.135/2022
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот да се повлече предметот и Судот, со мнозинство гласови, го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници на Судот.
Подносители на иницијативата: Дуња Туртурова и Бојан Милошевски, адвокати од Скопје
- Реферат У.бр.60/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука на Советот на општина Македонска Каменица бр. 08-378/1 од 27.02.2023 година („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.19/2023).
Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски
Напомена: Во ова соопштение се објавени информации само за одлученото од седницата, решенијата со образложението на Уставниот суд ќе бидат објавени дополнително.