Во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”.
Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на дискриминација, опсегот на употреба на членот 14 и член 1 од Протоколот бр.12 од ЕКЧП и беа спроведени вежби за препознавање на различен третман, недостаток на објективно и оправдано оправдување, товар на докажување во случаи на дискриминација, говор на омраза и беа разработени конкретни примери против Северна Македонија во изминатите години.
Обуките ги спроведоа Ана Медарска Лазова и Христијан Конески, адвокати, ангажирани во Секретаријатот на Европскиот суд за човекови права.
Настанот се реализираше во периодот од 10-11 јули, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на вештините на стручната служба преку практични примери од областа на човековите слободи и права.