Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 16 мај 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 205 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2021).
2. Осигурување Македонија АД Скопје-Виена Иншуренс Груп од Скопје, застапувано од Игор Спировски, адвокат од Скопје, поднесе иницијатива за оценување на уставноста на одредбата означена во точката 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, оспорената одредба од Законот за облигационите односи не e во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и алинеја 6, како и со член 30 од Уставот.
Подносителот во иницијативата наведува дека одредбата од Законот не е јасна и предвидлива и го исклучува правното дејство на пресудите на Врховниот суд донесени во постапка на ревизија со кои се укинати или преиначени пресуди на пониските судови врз основа на кои била извршена присилна наплата на надоместокот на штета означен во таа одредба и ја сведува ревизијата на неефикасно правно средство.
Поради тоа, нужно е оспорената одредба од Законот да се согледува во контекст на одредбите што се однесуваат на правилата за враќање кај „стекнување без основа“ и во однос на надоместокот на штета, односно справедлив надомест во случаи на повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, како и во контекст на одредбите од Законот за парничната постапка што се однесува на ревизијата како вонреден правен лек и правното дејство на одлуките што ги донесува Врховниот суд по ревизија, вклучително и како основ за противизвршување според Законот за извршување, имајќи ја предвид интерпретацијата на оспорената одредба од страна на Врховниот суд што по сила на нештата ја одредува содржината на овој член во правниот поредок да опстојува и покрај неуставноста.
Во иницијативата се цитирани следните одредби од Законот за облигационите односи: оддел 3 „Стекнување без основ“ отсек 1 „општо правило“ член 199; V „Надомест на нематеријална штета“, „справедлив паричен надоместок“ член 189; „справедлив паричен надоместок во случај на смрт или тежок инвалидитет“ член 190 и пристигнување и висина на справедлив паричен надоместок“ член 192-а.
Во иницијативата се цитирани и одредби од Законот за судовите, потоа одредби од Законот за парничната постапка, вонредни правни лекови и одредби од Законот за извршување.
Во иницијативата се посочува и на Правното мислење на Врховниот суд на Република Северна Македонија донесено на седница одржана на 29.06.2020 година, според кое „Не може да се бара враќање на износот на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, кога исплатата е извршена врз основа на правосилна пресуда бидејќи исплатата е извршена на совесен прибавувач, при што не е од влијание тоа што во ревизиската постапка оштетениот е одбиен во тој дел на тужбеното барање“.
Подносителот во иницијативата укажува на два конкретни предмети одлучувани по основ на ревизија на Врховниот суд, при што во едниот од 2020 година утврдил став ист како и погоре наведеното Правно мислење, а во другиот предмет од 2008 година сосем поинаку, го задолжил примателот да го врати присилно наплатениот износ досуден на име нематеријална штета за претрпен бол, страв, намалена животна активност и нагрденост, со извршна првостепена и второстепена пресуда кои подоцна биле укинати по ревизија од страна на Врховниот суд.
Во иницијативата подносителот наведува дека според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото подразбира јасност и прецизност во уредувањето и одредбата да не внесува правна несигурност.
Според подносителот, член 205 од Законот за облигационите односи е исклучок од општото правило коешто е определено во насока дека постои обврска да се врати применото без основа или по основ што не се остварил или подоцна отпаднал пропишано со член 199 ставови 1 и 3, доколку бидат исполнети условите пропишани во него.
Понатаму во иницијативата се наведува дека овој „исклучок“ во член 205 од Законот, на прибавувачот му дава статус на „совесен прибавувач“ и покрај отпаѓање на тој статус во постапка по ревизија на Врховниот суд, поради укинување или преиначување на пресудите од редовните судски постапки што е доказ дека член 205 од Законот апсолутно дефинира нов статус „секогаш совесен прибавувач“ независно од отпаѓањето на основот за тој статус, што создава сериозна дилема за интерпретација на одредбата во полн контекст на целината на Законот за облигационите односи и другите закони кои се погоре наведени, од аспект на правната сигурност во правниот поредок.
Подносителот наведува дека со член 205 од Законот се руши законската концепција за „враќање на стекнатото по основ којшто отпаднал“ затоа што апсолутно го исклучува враќањето кога основот на исплатата (доброволна или присилна) била правосилна судска пресуда што подоцна била укината или преиначена, а со тоа се одзема правниот ефект на пресудата на Врховниот суд донесена по ревизија, како и се одзема комплетно ефективноста на ревизијата како законско правно средство што ѝ стои на располагање на странката за остварување на нејзините интереси пред независен и непристрасен суд, што е груба повреда на правната заштита на сопственоста како темелна вредност на уставниот поредок утврдена во член 8 став 1 алинеја 6 од Уставот и правото на сопственост од член 30 од Уставот.
Според подносителот, правната заштита на сопственоста како темелна вредност на уставниот поредок подразбира, помеѓу другото, обврска на државата да обезбеди независен и непристрасен суд и соодветни гаранции за неговата пристапност од страна на субјектите, како и за задолжителноста на пресудите на судовите, што во светлината на посочените одредби од Законот за судовите, Законот за парничната постапка и Законот за извршување, нормативно е исполнета во Република Северна Македонија. Меѓутоа, оспорената одредба од Законот за облигационите односи ги попречува засегнатите лица (правни и физички) ефективно да ги ползуваат уставните гаранции за заштита на сопственоста дури и кога има пресуда на Врховниот суд во нивна полза, а во светло на законите во правниот поредок кои нормативно го регулираат системот на правната материја, во кој со оспорената одредба тој систем се повредува. Не е спорно дека ревизијата е законско правно средство што може да се употреби од двете странки против правосилна пресуда донесена во втор степен, вклучително и против пресуда со која е досуден износ на штета во смисла на член 205 од Законот за облигационите односи, како и кога тужбеното барање на оштетениот е одбиено како неосновано. Не е спорно и дека пресудата, односно решението на Врховниот суд, донесено по ревизија, со кое се преиначува односно укинува пресудата на пониските судови, е задолжително и како такво е предмет на извршување, или основ за противизвршување. Но, во случај на оспорениот член 205 од Законот за облигационите односи, извршувањето на пресудата на Врховниот суд не е можно во однос на поврат на износот на наплатените средства, и покрај тоа што Врховниот суд одлучил за преиначување, односно укинување на пресудата на пониските судови со кои било одлучено за надомест на штетата, што претставува блокирање на ефектот на одлуката на Врховниот суд, а со тоа одрекување на правното дејство и авторитетот на пресудата или решението на највисокиот суд во земјава, како и подривање на интегритетот на парничната постапка и правните средства ставени на располагање на странките, што е недопуштено од гледиште на правната заштита на сопственоста како темелна вредност на уставниот поредок.
Во иницијативата се наведува дека преиначување на пресуда на понискиот суд од страна на Врховниот суд по ревизија значи дека спорот помеѓу странките е одлучен на друг начин и има нова правосилност што автоматски ги исклучува во целост или делумно ефектите на претходната, преиначена пресуда. Но, член 205 од Законот за облигационите односи пропишува дека пресудата на понискиот суд што била извршена да има апсолутен третман како никогаш да не била преиначена, го штити нејзиното дејство иако е преиначена, а со тоа му го одзема легитимното право на осиромашениот (давателот на надоместот на штета) во вакви ситуации да го заштити своето право на сопственост што му е повредено со наплатата (посебно присилна) на неосновано побарување на противникот.
Оттука, подносителот наведува дека ревизијата станува само формално правно средство затоа што однапред се знае дека ќе остане без ефект во случај да биде прифатена, а пресудата на пониските судови преиначена или укината, бидејќи во суштина во случајов резултира во неефективно правно средство иако е тоа само кога со правосилна пресуда е извршена исплатата. Спротивно на ова, во случај кога за противниците (барателот на надоместокот) во истите тие случаи по член 205 од 3аконот, по ревизија ќе се преиначи или укине правосилна пресуда со која не било усвоено или делумно е усвоено нивно тужбено барање за надомест на штета, со пресудата на Врховниот суд во корист на тие лица, тие се доведуваат во поинаква положба во остварувањето на правото на правна заштита на своите интереси пред парничниот суд, сега пресудата на Врховниот суд е ефективна и дава основ за остварување на имотни права и интереси во постапката, што е од посебно значење во контекст на остварувањето на правната заштита на сопственоста.
Од изнесените причини, подносителот наведува дека оспорениот член 205 од 3аконот за облигационите односи го повредува правото на сопственост на осиромашените лица (давателите на надоместокот) гарантирано со член 30 од Уставот, кои не можат да остварат враќање на неосновано исплатените износи на нивните противници врз основа на правосилни пресуди што се подоцна преиначени или укинати, но во меѓувреме биле присилно извршени, иако на тоа имаат право според тие пресуди или решенија на Врховниот суд.
Според подносителот, иако во оспорената законска одредба се препознава интерес за посебна заштита на лицата што претрпеле штета во посебни околности, преку обезбедување на право да ги задржат неосновано наплатените износи на надомест на штета, тој интерес не може да го надвладее јавниот интерес за обезбедување правна сигурност, како елемент на владеењето на правото, која се доведува во прашање со нејасна и непрецизна одредба, како и почитување на законските ефекти и правното дејство на судските одлуки, особено на Врховниот суд, со кои е одлучено за сопственички права и интереси на лицата. Во таа смисла исклучувањето на правното дејство на одлука на Врховен суд со која се преиначува или укинува пресуда на пониски судови и се одлучува за имотни права и интереси не може да се стави во разумен однос на пропорционалност со каков било јавен интерес.
Со иницијативата се предлага Судот да го постави прашањето за согласноста на оспорениот член 205 од Законот за облигациони односи со член 8 став 1 алинеи 3 и 6 и член 30 од Уставот интерпретиран во согласност со член 1 од Протоколот број 1 кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.
Поради погоре изнесеното со иницијативата се предлага Судот да поведе постапка за оценка на уставноста на член 205 од Законот за облигационите односи и да го укине.
3. Судот на седницата утврди дека со член 205 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2021) е пропишано дека не може да се бара враќање на неосновано платени износи на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку исплатата му е извршена на совесен прибавувач.
4. Според член 8 став 1 алинеи 3 и 6 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и правната заштита на сопственоста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Значењето на темелната вредност е дека правниот поредок треба да ги гарантира и уреди начините на интервенција за заштита од евентуалните повреди на постојните сопственичко-правни односи, со цел да им се овозможи на носителите на правото на сопственост непречено вршење на сопственичко-правните овластувања.
Согласно член 30 ставови 1, 2 и 3 од Уставот, се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
Уставното гарантирање на правото на сопственост од став 1 од член 30 од Уставот, значи преземање на обврска од страна на државата, преку своите органи, да им овозможи на носителите на овие права, нивно остварување и правна заштита. Во делот на законодавната власт, ова значи дека државата има обврска да донесе закони со кои би пропишала правила за остварување и правна заштита на правото на сопственост. Уставната одредба од став 3 од истиот член, ги гарантира условите под кои правото на сопственост може да биде одземено или ограничено. Имено, одредбата во начело го забранува одземањето или ограничувањето на сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, но истовремено предвидува и исклучок кога може да дојде до одземање или ограничување – само кога се работи за јавен интерес кој треба да биде утврден со закон. Според тоа, законодавецот, при пропишувањето на правилата за остварување на правото за сопственост, единствено може да предвиди негово одземање, односно ограничување врз основа на јавен интерес кој исто така ќе биде утврден со закон.
Во делот од Законот за облигационите односи, насловен како „Стекнување без основ“, со член 199 е предвидено дека кога дел од имотот на едно лице ќе премине на кој било начин во имотот на некое друго лице, а тоа преминување нема своја основа во некоја правна работа или во закон, стекнувачот е должен да го врати тој дел од имотот, ако тоа е можно, а инаку е должен да ја надомести вредноста на постигнатата корист. Под премин на имотот се подразбира и стекнување на корист со извршено дејствие. Обврската за враќање, односно за надомест на вредноста настапува и кога нешто ќе се прими со оглед на основот што не се остварил или кој подоцна отпаднал.
Во член 205 од овој закон е утврдено дека не може да се бара враќање на неосновано платени износи на име надомест на штетата поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку исплатата му е извршена на совесен прибавувач.
Во член 6 став 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019), е утврдено дека секој има право на еднаков пристап пред судот во заштитата на неговите права и правно заснованите интереси.
Во член 13 став 1 од овој закон е предвидено дека судските одлуки се изрекуваат во името на граѓаните на Република Македонија. Во став 2 е предвидено дека правосилната судска одлука има неприкосновено правно дејство. Со став 3 е пропишано дека судската одлука може да ја менува или укинува само надлежен суд во постапка пропишана со закон. Според став 4 судските одлуки се задолжителни за сите правни и физички лица и имаат поголема правна сила во однос на одлуките на кој и да е друг орган. Согласно став 5 од истиот член секој е должен да ја почитува правосилната и извршната судска одлука под закана на законски санкции.
Законот за сопственост и други стварни права („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010), во член 7 определил дека стекнувањето, заштитата и престанокот на правото на сопственост и на другите стварни права се уредуваат со закон.
Според член 8 став 1 од овој закон, сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице. Согласно став 2 од истиот член секој е должен да се воздржува од повреда на правото на сопственост на друго лице.
Поаѓајќи од правните елементи на сопственоста – владение, користење и располагање со стварта и право на сопственикот по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или некое право на друго лице, да ги остварува овие содржини на сопствената ствар, произлегува дека во случајов со примање на исплатата на надоместокот на штета врз основа на судска пресуда, со правосилно досудениот износ во случаите кога настанала повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, примателот на штетата стекнува статус на совесен прибавувач и сопственик на паричниот износ, со кој може да управува.
Во случајот со конкретната оспорена одредба, произлегува дека со самиот закон се завршува прашањето на досудената исплата на надоместокот на штета и со тоа законодавецот на овој начин со самиот закон директно го решил окончувањето на постапката не дозволувајќи на судски орган со ревизија да го промени односот во смисла да се врати надоместокот. Ова претставува едно комплексно прашање на анализата во која се цени уставно-правната основаност на оспорената законска одредба.
Судот оцени дека од ваквата законодавна определба основани се наводите на иницијаторот за проблематизирање на уставноста на оспорениот член.
Притоа Судот оцени дека законодавецот сметајќи дека се работи за ситуации кои правниот систем законски треба да ги заштити, задира во уставно загарантираното владеење на правото како темелна вредност на правниот поредок.
Од сето погоре изнесено Судот оцени дека за проблематизирање од уставно-правен аспект на член 205 од Законот за облигационите односи се следниве аргументи:
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото подразбира јасност и прецизност во уредувањето, одредбата да не внесува правна несигурност, што е и став на Уставниот суд во уставно-судската практика.
Член 205 од Законот за облигационите односи е исклучок од општото правило коешто е определено во насока дека постои обврска да се врати применото без основа или по основ што не се остварил или подоцна отпаднал, доколку бидат исполнети условите пропишани во него.
Овој исклучок во член 205, му дава статус на прибавувачот како совесен прибавувач и покрај отпаѓање на тој статус во постапка по ревизија на Врховниот суд, поради укинување или преиначување на пресудите од редовните судски постапки, со што Судот оцени дека основано може да се каже дека одредбата има недоречености што создава сериозна дилема за интерпретација на одредбата во полн контекст на целината на Законот за облигационите односи и другите закони кои се погоре наведени, од аспект на правната сигурност во правниот поредок.
Со член 205 од Законот се повредува законската концепција за „враќање на стекнатото по основ којшто отпаднал“ затоа што апсолутно го исклучува враќањето кога основот на исплатата била правосилна судска пресуда што подоцна била укината или преиначена, а со тоа се одзема правниот ефект на пресудата на Врховниот суд донесена по ревизија.
Со оспорената законска одредба, се задира во темелните вреднсти на правниот поредок преку оневозможување на реализирање на стекнато право со пресудата донесена од страна на Врховниот суд, а со тоа се предизвикува правна несигурност на граѓаните.
Правната заштита на сопственоста како темелна вредност на уставниот поредок подразбира, помеѓу другото, обврска на државата да обезбеди независен и непристрасен суд и соодветни гаранции за неговата пристапност од страна на субјектите, како и за задолжителноста на пресудите.
При уставно-судската анализа на член 205 од Законот за облигационите односи произлегува дека истиот пропишува дека пресудата на понискиот суд што била извршена да има апсолутен третман како никогаш да не била преиначена, го штити нејзиното дејство иако е преиначена, а со тоа му го одзема легитимното право на давателот на надоместот на штета во вакви ситуации да го заштити своето право на сопственост што му е повредено со наплатата на неосновано побарување на противникот.
Оттука, произлегува дека ревизијата станува само формално правно средство затоа што однапред се знае дека ќе остане без ефект во случај да биде прифатена, а пресудата на пониските судови преиначена или укината, бидејќи во суштина се претвора во неефективно правно средство иако е тоа само кога со правосилна пресуда е извршена исплатата.
Од изнесените причини, судот оцени дека оспорениот член 205 од 3аконот за облигационите односи го повредува правото на сопственост на давателите на надоместокот гарантирано со член 30 од Уставот, кои не можат да остварат враќање на неосновано исплатените износи на нивните противници врз основа на правосилни пресуди што се подоцна преиначени или укинати, но во меѓувреме биле присилно извршени, иако на тоа имаат право според тие пресуди или решенија на Врховниот суд.
Судот оцени дека иако со оспорената законска одредба законодавецот дава посебна заштита на лицата што претрпеле штета во посебни околности, преку обезбедување на право да ги задржат неосновано наплатените износи на надомест на штета, меѓутоа тој интерес не може да го надвладее јавниот интерес за обезбедување правна сигурност како елемент на владеењето на правото која се доведува во прашање со нејасна и непрецизна одредба, како и почитување на законските ефекти и правното дејство на судските одлуки, особено на Врховниот суд, со кои е одлучено за сопственички права и интереси на лицата.
Поради наведените причини, Судот оцени дека основано може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба од член 205 од Законот за облигационите односи, со член 8 став 1 алинеи 1 и 6 и член 30 од Уставот.
5. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.64/2021
16.05.2023 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 16 maj 2023, miratoi këtë
A K T V E N D I M
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.215/2021).
2. Makedonija Osiguruvanje SHA Skopje-Vienna Insurance Group nga Shkupi, i përfaqësuar nga Igor Spirovski, avokat nga Shkupi, parashtroi iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës nga pika 1 e këtij vendimi.
Sipas pretendimeve në iniciativë, dispozita e kontestuar e Ligjit për marrëdhëniet obliguese nuk është në përputhje me nenin 8, paragrafin 1 alineja 3 dhe alineja 6, si dhe me nenin 30 të Kushtetutës.
Parashtruesi thekson në iniciativë se dispozita e Ligjit nuk është e qartë dhe e parashikueshme dhe përjashton veprimin juridik të aktgjykimeve të Gjykatës Supreme të miratuara në procedurë revizioni, me të cilat janë shfuqizuar ose ndryshuar aktgjykimet e gjykatave më të ulëta në bazë të të cilave është kryer pagesa e detyruar e kompensimit të dëmit të shënuar në atë dispozitë dhe e redukton shqyrtimin në një mjet juridik joefektiv.
Prandaj, dispozita e kontestuar e ligjit duhet parë në kontekstin e dispozitave që i referohen rregullave të kthimit në rast të “fitimit pa bazë” dhe në lidhje me kompensimin e dëmit, gjegjësisht kompensimin e drejtë në rastet e lëndimit trupor, dëmtim shëndetësor ose vdekje, si dhe në kontekstin e dispozitave të Ligjit të kontestimore në lidhje me revizionin si mjet i jashtëzakonshëm dhe efektin juridik të vendimeve të marra nga Gjykata Supreme pas revizionit, duke përfshirë si bazë për kundërekzekutim sipas Ligjin për përmbarim, duke marrë parasysh interpretimin e dispozitës së kontestuar nga Gjykata e Supreme e cila në bazë të gjërave përcakton që përmbajtja e këtij neni në rendin juridik të vazhdojë edhe përkundër antikushtetutshmërisë.
Në iniciativë citohen dispozitat e mëposhtme të Ligjit për marrëdhëniet obliguese: seksioni 3 “Fitimi pa bazë” shkalla 1 “rregulli i përgjithshëm” neni 199; V “Kompensimi i dëmit jomaterial”, “Kompensimi i drejtë monetar” neni 189; “Kompensimi i drejtë monetar në rast vdekjeje ose invaliditeti të rëndë” neni 190 arritja dhe lartësia e kompensimit të drejtë monetar” neni 192a.
Në iniciativë janë cituar dispozitat nga Ligji për gjykatat, pastaj dispozitat nga Ligji për procedurë kontestimore, mjetet e jashtëzakonshme juridike dhe dispozitat nga Ligji për përmbarim.
Iniciativa i referohet edhe Mendimit Juridik të Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut të miratuar në seancën e mbajtur më 29.06.2020, sipas të cilit “nuk mund të kërkohet kthimi i shumës në emër të kompensimit të dëmit për shkak të lëndimit të trupit, dëmtimit të shëndetit ose vdekjes, kur pagesa është bërë në bazë të aktgjykimit të plotfuqishëm për shkak se pagesa i është bërë një blerësi të ndërgjegjshëm, ndërsa për faktin se në procedurën e revizionit i dëmtuari është refuzuar në atë pjesë të kërkesës për padi nuk ka ndonjë ndikim.”
Parashtruesi në iniciativë thekson dy raste konkrete të vendosura në bazë të një revizioni nga Gjykata Supreme, në të cilat në një lëndë nga viti 2020 ka vendosur të njëjtin qëndrim me opinionin ligjor të lartpërmendur dhe në rastin tjetër nga viti 2008 në një mënyrë krejtësisht të ndryshme e ka detyruar marrësin të kthente shumën e ngarkuar me të dhënë me forcë në emër të dëmit jomaterial për dhimbjen e pësuar, frikën, uljen e aktivitetit jetësor dhe sikletin, me aktgjykimin ekzekutiv të shkallës së parë dhe të dytë që më vonë u shfuqizuan pas një revizioni nga Gjykata Supreme.
Në iniciativë, parashtruesi thekson se sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sundimi i së drejtës nënkupton qartësi dhe saktësi në rregullim dhe dispozita të mos fusë pasiguri juridike.
Sipas parashtruesit, neni 205 i Ligjit për marrëdhëniet obliguese është përjashtim nga rregulli i përgjithshëm, i cili përcaktohet në drejtimin se ekziston obligim për kthimin e asaj që është pranuar pa bazë ose në bazë të pa realizuar ose më vonë ka rënë përcaktimi nga neni 199 paragrafët 1 dhe 3, nëse janë plotësuar kushtet e përcaktuara në të.
Më tutje, iniciativa thekson se ky “përjashtim” në nenin 205 të ligjit i jep furnizuesit statusin e “furnizuesit të ndërgjegjshëm” pavarësisht rënies së ati statusi në procedurën pas revizionit nga Gjykata Supreme, për shkak të shfuqizimit ose modifikimit të aktgjykimit nga procedurat e rregullta gjyqësore, që është dëshmi se neni 205 i ligjit definon absolutisht statusin e ri “gjithmonë furnizues i ndërgjegjshëm” pavarësisht nga rënia e bazës për atë status, gjë që krijon dilemë serioze për interpretimin e dispozitës në kontekstin e plotë të gjithë Ligjit për marrëdhëniet obliguese, marrëdhëniet shoqërore dhe ligjet tjera të lartpërmendura, nga aspekti i sigurisë juridike në rendin juridik.
Parashtruesi thekson se neni 205 i Ligjit cënon konceptin ligjor të “kthimit të asaj që është fituar në bazë të asaj që ka rënë”, sepse përjashton absolutisht kthimin kur baza e pagesës (vullnetare ose e detyruar) ka qenë një vendim gjyqësor i plotfuqishëm që më vonë është shfuqizuar ose modifikuar dhe me të hiqet efekti juridik i aktgjykimit të Gjykatës Supreme i marrë pas revizionit, si dhe hiqet plotësisht efektiviteti i revizionit si e drejtë ligjore, mjet në dispozicion të palës për realizimin e interesave të saj përpara Gjykatës së pavarur dhe të paanshme, që përbën shkelje të rëndë të mbrojtjes juridike të pronës si vlerë themelore e rendit kushtetues të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 6 të Kushtetutës dhe të drejtën e pronës nga neni 30 i Kushtetutës.
Sipas parashtruesit, mbrojtja ligjore e pronës si vlerë themelore e rendit kushtetues nënkupton, ndër të tjera, obligimin e shtetit për të ofruar një gjykatë të pavarur dhe të paanshme dhe garanci të përshtatshme për aksesin e saj nga subjektet, si dhe natyrën detyruese të aktgjykimeve të gjykatave, të cilat në bazë të dispozitave të përcaktuara të Ligjit për gjykatat, Ligjit për procedurë kontestimore dhe Ligjit për përmbarim, në mënyrë normative përmbushen në Republikën e Maqedonisë së Veriut. Megjithatë, dispozita e kontestuar e Ligjit për marrëdhëniet obliguese i pengon personat e tanguar (juridikë dhe fizikë) që të përdorin në mënyrë efektive garancitë kushtetuese për mbrojtjen e pronës edhe kur ka një vendim të Gjykatës Supreme në favor të tyre dhe në dritën e ligjeve në rendin juridik që rregullojnë në mënyrë normative sistemin e materies juridike, në të cilat me dispozitën e kontestuar shkelet ai sistem. Nuk është kontestuese se revizioni është mjet juridik që mund të përdoret nga të dyja palët kundër aktgjykimit të formës së prerë të marrë në shkallë të dytë, duke përfshirë edhe kundër aktgjykimit që cakton një shumë të dëmit në kuptim të nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese, si dhe kur kërkesa për padi e të dëmtuarit është refuzuar si e pabazë. Gjithashtu nuk është kontestuese se aktgjykimi, përkatësisht vendimi i Gjykatës Supreme, i marrë pas revizionit, i cili modifikon ose shfuqizon aktgjykimin e gjykatave më të ulëta, është i detyrueshëm dhe si i tillë i nënshtrohet ekzekutimit, ose bazë për kundërekzekutim. Mirëpo, në rastin e nenit 205 të kontestuar të Ligjit për marrëdhënie obliguese, ekzekutimi i aktgjykimit të Gjykatës Supreme nuk është i mundur në lidhje me kthimin e shumës së mjeteve të grumbulluara, pavarësisht se Gjykata Supreme ka vendosur për ndryshimin, pra shfuqizimin e aktgjykimit të gjykatave më të ulëta, të cilat vendosën për kompensimin e dëmit, që paraqet bllokim të efektit të vendimit të Gjykatës Supreme, duke mohuar efektin juridik dhe autoritetin e aktgjykimit ose vendimit të gjykatës më të lartë në vend, si dhe cenimin e integritetit të procedurës gjyqësore dhe mjeteve ligjore të vëna në dispozicion të palëve, e cila është e papranueshme nga pikëpamja e mbrojtjes juridike të pronës si vlerë themelore e rendit kushtetues.
Në iniciativë thuhet se ndryshimi i një Aktvendimi të gjykatës më të ulët nga Gjykata Supreme pas revizionit do të thotë se kontesti ndërmjet palëve është vendosur ndryshe dhe ka një fuqi të re juridike që përjashton automatikisht në tërësi ose pjesërisht efektet e gjykimit të mëparshëm, të ndryshuar. Por neni 205 i Ligjit për marrëdhënie obliguese parashikon se një vendim i një gjykate më të ulët, i cili është ekzekutuar për të pasur trajtim absolut sikur të mos ishte ndryshuar kurrë, mbron efektin e tij edhe pse është ndryshuar, duke i hequr të drejtën legjitime palës së varfëruar (dhënësin të kompensimit të dëmit) në situata të tilla për të mbrojtur të drejtën e tij të pronës që i është cenuar nga pagesa (veçanërisht e detyruar) e një pretendimi të pabazuar të kundërshtarit.
Së këndejmi, parashtruesi thekson se revizioni bëhet vetëm një mjet juridik formal sepse dihet paraprakisht se ai do të mbetet pa efekt në rast se ai pranohet dhe vendimi i gjykatave më të ulëta ndryshohet ose shfuqizohet, sepse në thelb në këtë rast rezulton në mjet juridik joefektiv edhe pse është vetëm kur pagesa është bërë me aktgjykim të formës së prerë. Ndryshe nga kjo, në rast se për kundërshtarët (kërkuesit e kompensimit) në të njëjtat raste sipas nenit 205 të Ligjit, pas revizionit, do të ndryshohet ose shfuqizohet aktgjykimi i plotfuqishëm me të cilin kërkesa e tyre për kompensimin e dëmit nuk është miratuat, apo është miratuar pjesërisht, me vendimin e Gjykatës Supreme në favor të atyre personave, ata janë vënë në një pozicion tjetër në ushtrimin e të drejtës së mbrojtjes juridike të interesave të tyre para gjykatës kontestimore, tani aktgjykimi i Gjykatës Supreme është efektiv dhe ofron bazë për ushtrimin e të drejtave dhe interesave pronësore në procedurë, e cila ka rëndësi të veçantë në kuadër të realizimit të mbrojtjes juridike të pronësisë.
Për arsyet e cekura, parashtruesi thekson se neni 205 i kontestuar i Ligjit të marrëdhënieve obliguese e shkel të drejtën e pronës së personave të varfëruar (dhënësve të dëmshpërblimit) të garantuar nga neni 30 i Kushtetutës, të cilët nuk mund të kthejnë shumat e pajustifikuara që u janë paguar kundërshtarëve në bazë të aktgjykimeve të plotfuqishme që më vonë janë ndryshuar ose shfuqizuar, por ndërkohë janë konfiskuar me dhunë, edhe pse kanë të drejtë ta bëjnë këtë sipas atyre aktgjykimeve ose vendimeve të Gjykatës Supreme.
Sipas parashtruesit, edhe pse dispozita ligjore e kundërshtuar njeh interes për mbrojtjen e veçantë të personave që kanë pësuar dëm në rrethana të veçanta, duke siguruar të drejtën për të mbajtur shumat e paarsyeshme të kompensimit të dëmit, ky interes nuk mund të mbizotërojë mbi interesin publik, në ofrimin e sigurisë juridike, si element i shtetit të së drejtës, i cili vihet në dyshim nga një dispozitë e paqartë dhe e pasaktë, si dhe respektimi i efekteve juridike dhe efektit juridik të vendimeve gjyqësore, veçanërisht të Gjykatës Supreme, me të cilat u vendos për të drejtat pronësore dhe interesat e personave. Në këtë kuptim, përjashtimi i efektit juridik të një vendimi të Gjykatës Supreme i cili modifikon ose shfuqizon një vendim të gjykatave më të ulëta dhe vendos për të drejtat dhe interesat pronësore nuk mund të vendoset në një raport të arsyeshëm proporcionaliteti me ndonjë interes publik.
Në iniciativë, propozohet që Gjykata të ngrejë çështjen e pëlqimit të nenit 205 të kontestuar të Ligjit për marrëdhëniet obliguese me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 6 dhe nenin 30 të Kushtetutës të interpretuar në pajtim me nenin 1 të Protokollit. Nr. 1 të Konventës Evropiane për mbrojtjen e të drejtave dhe lirive themelore të njeriut.
Për shkak të lartëpërmendurës me iniciativën propozohet që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese dhe ta shfuqizojë atë.
Gjykata në seancë konstatoi se me nenin 205 nga Ligji për marrëdhëniet obliguese (“Gazeta Zyrtare e RM-së” nr. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 dhe 161/2009 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 215/2021) parashihet se nuk mund të kërkohet kthimi i shumave të paguara të pajustifikuara në emër të kompensimit të dëmit për shkak të lëndimit trupor, dëmtimit të shëndetit apo vdekjes, nëse pagesa i është bërë një furnizuesi të ndërgjegjshëm .
4. Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 6 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës dhe mbrojtja juridike e pronës janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Kuptimi i vlerës themelore është se rendi juridik duhet të garantojë dhe rregullojë mënyrat e ndërhyrjes për mbrojtjen nga shkeljet e mundshme të marrëdhënieve pronësore-juridike ekzistuese, për t’u mundësuar bartësve të së drejtës së pronës ushtrimin e kompetencave të tyre pronësore-juridike pa pengesa.
Sipas nenit 30, paragrafët 1, 2 dhe 3 të Kushtetutës, garantohet e drejta e pronës dhe e drejta e trashëgimisë. Prona krijon të drejta dhe detyrime dhe duhet t’i shërbejë të mirës së individit dhe komunitetit. Askujt nuk mund t’i hiqet ose të kufizohet pronësia dhe të drejtat që rrjedhin prej saj, përveç rasteve kur bëhet fjalë për një interes publik të përcaktuar me ligj.
Garantimi kushtetues i së drejtës së pronës nga paragrafi 1 i nenit 30 të Kushtetutës nënkupton ndërmarrjen e përgjegjësisë nga ana e shtetit, nëpërmjet organeve të tij t’u mundësojë bartësve të këtyre të drejtave, realizimin dhe mbrojtjen ligjore të tyre. Në pjesën e pushtetit legjislativ, kjo do të thotë se shteti ka obligim të nxjerrë ligje që do të përcaktojnë rregullat për realizimin dhe mbrojtjen juridike të së drejtës së pronës. Dispozita kushtetuese nga paragrafi 3 i të njëjtit nen garanton kushtet në të cilat mund të hiqet ose kufizohet e drejta në pronë.
Gjegjësisht, dispozita në parim ndalon konfiskimin ose kufizimin e pronësisë dhe të drejtave që rrjedhin prej saj, por në të njëjtën kohë parashikon përjashtim kur mund të ndodhë konfiskimi ose kufizimi – vetëm kur është çështje e interesit publik që duhet të përcaktohet nga ligji. Rrjedhimisht, ligjvënësi, me rastin e përcaktimit të rregullave për ushtrimin e së drejtës së pronës, mund të parashikojë vetëm marrjen e saj, pra kufizimin në bazë të interesit publik, i cili do të përcaktohet edhe me ligj.
Në pjesën e Ligjit për marrëdhëniet obliguese, të titulluar “Fitimi pa bazë”, neni 199 parashikon se kur një pjesë e pasurisë së një personi kalon në çfarëdo mënyre në pronën e një personi tjetër dhe ky kalim nuk ka bazë në asnjë çështje juridike ose në ligj, marrësi është i obliguar ta kthejë atë pjesë të pasurisë, nëse është e mundur, dhe në të kundërt është i detyruar të kompensojë vlerën e përfitimit të arritur. Kalimi i pasurisë nënkupton edhe përfitimin e dobisë nga një veprim i kryer. Obligimi për kthim, respektivisht për të kompensuar vlerën, ndodh edhe kur merret diçka për shkak të bazës që nuk është realizuar ose që më vonë ka rënë.
Në nenin 205 të këtij ligji, është përcaktuar se kthimi i shumave të paguara në mënyrë të pabazë nuk mund të kërkohet në emër të kompensimit të dëmit për shkak të lëndimit trupor, dëmtimit të shëndetit ose vdekjes, nëse pagesa i është bërë një marrësi të ndërgjegjshëm.
Në nenin 6 paragrafi 1 të Ligjit për gjykata (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 dhe 96/2019), konstatohet se çdokush ka të drejtën e qasjes së barabartë para gjykatës në mbrojtjen e të drejtave dhe interesave të tij të bazuara me ligj.
Në nenin 13 paragrafi 1 të këtij ligji përcaktohet se vendimet gjyqësore shqiptohen në emër të qytetarëve të Republikës së Maqedonisë. Në paragrafin 2 përcaktohet se vendimi gjyqësor i plotfuqishëm ka efekt juridik të padiskutueshëm. Në paragrafin 3 është përcaktuar se vendimi i gjykatës mund të ndryshohet ose anulohet vetëm nga gjykata kompetente në procedurë të përcaktuar me ligj. Sipas paragrafit 4, vendimet gjyqësore janë të detyrueshme për të gjithë personat juridikë dhe fizikë dhe kanë fuqi juridike më të madhe se vendimet e çdo organi tjetër. Sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, çdokush është i detyruar të respektojë vendimin gjyqësor të plotfuqishëm dhe ekzekutiv nën kërcënimin e sanksioneve ligjore.
Ligji për pronësi dhe të drejtat tjera sendore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 18/2001, 92/2008, 139/2009 dhe 35/2010), në nenin 7, ka përcaktuar se fitimi, mbrojtja dhe përfundimi i të drejtave pronësore dhe të drejtave tjera sendore rregullohen me ligj.
Sipas nenit 8 paragrafi 1 i këtij ligji, pronari ka të drejtë ta mbajë sendin e tij, ta shfrytëzojë plotësisht dhe ta disponojë me dëshirën e tij, nëse kjo nuk është në kundërshtim me ligjin ose me ndonjë të drejtë të personit tjetër. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, secili është i obliguar të përmbahet nga shkelja e të drejtave pronësore të një personi tjetër.
Duke u nisur nga elementet juridike të pronësisë – posedimi, përdorimi dhe disponimi i sendit dhe e drejta e pronarit me vullnetin e tij, nëse nuk është në kundërshtim me ligjin apo ndonjë të drejtë të një personi tjetër, për të realizuar këto përmbajtje të sendit të tij, rezulton se në këtë rast, duke marrë pagesën e kompensimit të dëmit në bazë të aktgjykimit të gjykatës, me shumën e dhënë ligjërisht në rastet kur ka ndodhur lëndim trupor, dëmtim shëndetësor ose vdekje, marrësi i dëmit fiton statusin furnizues i ndërgjegjshëm dhe pronar i shumës monetare, me të cilën ai mund të menaxhojë.
Në rastin e dispozitës specifike të kontestuar, rezulton se vetë ligji i jep fund çështjes së kompensimit të dëmit dhe kështu ligjvënësi e zgjedh drejtpërdrejt përfundimin e procedurës me vetë ligjin, duke mos lejuar një autoritet gjyqësor ta ndryshojë marrëdhënien në kuptimin e kthimit të dëmshpërblimit. Kjo paraqet një çështje komplekse të analizës në të cilën vlerësohet vlefshmëria kushtetuese-juridike e dispozitës ligjore të kontestuar.
Gjykata vlerësoi se në këtë përcaktim legjislativ bazohen edhe pretendimet e iniciatorit për vënien në dyshim të kushtetutshmërisë së nenit kontestues.
Gjatë kësajë, Gjykata vlerësoi se ligjvënësi, duke konsideruar se këto janë situata që sistemi juridik duhet t’i mbrojë ligjërisht, cenon sundimin e të drejtës së garantuar me Kushtetutë si vlerë themelore të rendit juridik.
Nga kjo që u tha më sipër, Gjykata vlerësoi se për problematizimin nga pikëpamja kushtetuese dhe juridike e nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese janë argumentet e mëposhtme:
Sipas nenit 8, paragrafit 1, alineja 3 të Kushtetutës, sundimi i së drejtës nënkupton qartësi dhe saktësi në rregullimin, dispozitën për të mos futur pasiguri juridike, gjë që është edhe qëndrimi i Gjykatës Kushtetuese në praktikën gjyqësore kushtetuese.
Neni 205 i Ligjit për marrëdhëniet obliguese është përjashtim nga rregulli i përgjithshëm i cili është përcaktuar në drejtimin se ekziston obligimi për kthimin e të pranuarës pa bazë ose në bazë që nuk është realizuar ose më vonë ka rënë, nëse plotësohen kushtet e përcaktuara aty.
Ky përjashtim në nenin 205 i jep furnizuesit statusin e furnizuesit të ndërgjegjshëm, pavarësisht nga rënia e atij statusi në procedurën për revizion nga Gjykata Supreme, për shkak të anulimit ose ndryshimit të aktgjykimeve nga procedurat e rregullta gjyqësore, me të cilat Gjykata konsideroi se mund të thuhet se dispozita ka paqartësi që krijon dilemë serioze për interpretimin e dispozitës në kontekstin e plotë të Ligjit për marrëdhëniet obliguese dhe ligjeve të tjera të renditura më sipër, nga aspekti i sigurisë juridike në rendin juridik.
Me nenin 205 të ligjit shkelet konceptin ligjor i “kthimit të asaj që është fituar në bazë të rënies poshtë”, sepse përjashton absolutisht kthimin kur baza e pagesës ka qenë një vendim gjyqësor i vlefshëm që më vonë është shfuqizuar ose ndryshuar, me këtë hiqet efektin juridik i aktgjykimit të Gjykatës Supreme të miratuar pas revizionit.
Me dispozitën e kundërshtuar ligjore cenohen vlerat themelore të rendit juridik duke e pamundësuar realizimin e një të drejte të fituar me aktgjykimin e Gjykatës Supreme, duke shkaktuar kështu pasiguri juridike për qytetarët.
Mbrojtja juridike e pronës si vlerë themelore e rendit kushtetues nënkupton, ndër të tjera, obligimin e shtetit për të ofruar një gjykatë të pavarur dhe të paanshme dhe garanci të përshtatshme për qasshmërinë e saj nga ana e subjekteve, si dhe për natyrën detyruese të aktgjykimeve.
Nga analiza kushtetuese gjyqësore e nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese, rezulton se i njëjti përcakton se aktgjykimi i gjykatës më të ulët që është zbatuar ka trajtim absolut sikur të mos ishte ndryshuar kurrë, mbron veprimin e tij edhe pse është ndryshuar, duke i hequr në këtë mënyrë të drejtën legjitime të dhënësit të kompensimit në situata të tilla për të mbrojtur të drejtën e tij të pronës që është shkelur nga pagesa e një pretendimi të pabazë të kundërshtarit.
Nga kjo rrjedh se revizioni bëhet vetëm një mjet juridik formal sepse dihet paraprakisht se do të mbetet pa efekt në rast se pranohet dhe vendimi i gjykatave më të ulëta ndryshohet ose shfuqizohet, sepse në thelb kthehet në mjet juridik edhe pse ndodh vetëm kur pagesa është kryet me aktgjykim të plotfuqishëm.
Nga arsyet e përmendura, gjykata vlerësoi se neni 205 i kontestuar i Ligjit për marrëdhëniet obliguese e shkel të drejtën e pronës së dhënësve të kompensimit të garantuar nga neni 30 i Kushtetutës, të cilët nuk mund tua realizojnë kthimin e shumave të paguara të pajustifikuara kundërshtarëve të tyre në bazë të aktgjykimeve të plotfuqishme që më vonë janë modifikuar ose shfuqizuar, por ndërkohë janë ekzekutuar me forcë, edhe pse kanë të drejtë ta bëjnë këtë sipas atyre aktgjykimeve apo aktvendimeve të Gjykatës Supreme.
Gjykata vlerësoi se edhe pse me dispozitën e kundërshtuar ligjore ligjvënësi u siguron mbrojtje të veçantë personave që kanë pësuar dëm në rrethana të veçanta, duke siguruar të drejtën për të mbajtur shumat e pabaza të kompensimit të dëmit, megjithatë ky interes nuk mund të mbizotërojë interesin publik për sigurimin e sigurisë juridike si element i sundimit të së drejtës, i cili vihet në dyshim nga një dispozitë e paqartë dhe e pasaktë, si dhe respektimi i efekteve ligjore dhe efekteve juridike të vendimeve gjyqësore, veçanërisht të Gjykatës Supreme, me të cilat është vendosur për të drejtat dhe interesat e pronësisë së personave.
Për arsyet e cekura, Gjykata konsideroi se mund të shtrohet çështja e pëlqimit të dispozitës kontestuese të nenit 205 të Ligjit për marrëdhëniet obliguese, me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 1 dhe 6 dhe nenin 30 të Kushtetutës.
5. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.
6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.64/2021
16.05.2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska