Уставниот суд ја одржа 27.седница на ден 12.07.2023 година и го одлучи следното:
- Реферат У.бр.107/2021
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 ставови 3 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови.
Оспорен: Член 3 став 3 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).
Подносител на иницијативата: Лила Лазевска од Скопје, преку полномошник Адвокат Благоја Пaндовски од Скопје
2.Реферат У.бр.59/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 35 став 2 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016, 193/2016 и 198/2018).
Подносители на иницијативата: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје
3.Реферат У.бр.87/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.162/2010).
Подносител на иницијативата: Владимир Клековски
- Реферат У.бр.81/2022
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година).
Се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
5.Реферат У.бр.125/2022
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022).
Подносител: Трајчо Вучков
- БАРАЊA ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
- У.бр.171/2020
Се одбива барањето на Влатко Сајкоски од Кичево за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а коишто се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност сторени со Пресуда РО.бр.463/18 од 25.12.2018 година, донесена од Основниот суд Кичево и Пресуда РОЖ бр.199/19 од 03.02.2020 година, донесена од Апелациониот суд Гостивар.
Се отфрла барањето на Влатко Сајкоски од Кичево за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а коишто се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност сторена со Одлука на Собрание на Република Македонија бр.08-4480/1 од 23.07.2018 година.
- У.бр.146/2021
Се утврдува повреда на слободата на јавно изразување на мисла на Влатко Стојановски од Скопје, застапуван од адвокат Филип Медарски од Скопје, сторени со Пресудата МАЛВП- 705/20 од 14.04.2021 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-2666/21 од 30.09.2021 година на Апелациониот суд Скопје.
III. ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ
У.бр.136/2022
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, судијата-известител го повлече рефератот по предметот и Судот, едногласно, го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници на Судот.
Напомена: Уставниот суд во ова соопштение го објавува само она што е одлучено, дополнително ќе бидат објавени аргументите кои се во насока на заземениот став по секој предмет.