Прашања/Одговори

Барања поднесени до Судот во тековната 2024 година:

  1. Прашање: Дали Судот ја оценувал уставноста и законитоста на Листата на стоматолошки услуги со минимални (референтни) цени, донесена на 24 април 2024 година, од страна на Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија? Одговор

Барања поднесени до Судот во 2023 година:

  1. Прашање: Информација за текот на постапката за предмет по поднесена иницијатива со која се бара поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за социјална сигурност за старите лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019). Одговор
  2. Прашање: Дали е прибавено мислење од Советот на Општина Неготино за предмет формиран по поднесена иницијатива од страна на подносителот на барањето. Одговор
  3. Прашање: Дали Одлуката на Уставниот суд У.бр.80/2021 од 25.01.2023 година, со која се укинува Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт J 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара со број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, објавена во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје” број 9/2014, има правно дејство врз примената на Одлуката за деталниот урабнистички план за Блок 15, бр.08-3084/24 од 03.06.2021 година, донесена од Општина Центар? Одговор
  4. Прашање: Побара да му се достави одговорот на барањето за мислење за предметот У.бр.4/2023, доставен до Уставниот суд од страна на Советот на Општина Неготино. Одговор
  5. Прашање: 1. Дали е поднесена иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на детален урбанистички план за Блок 15 во Градска четврт Ј07, локалитет Капиштец, бр.08-3084/24 од 03.06.2021 година, донесена од Советот на Општина Центар? 2. Дали е поведена постапка за оценување на законитоста на истата? 3. Дали е донесена одлука за нејзино укинување или поништување? Одговор
  6. Прашање: 1. Податоци за вкупниот број издвоени мислења, поединечно по години, сметано од 1991 година, заклучно со датумот на одговор на барањето. 2. Податоци за судија на Уставниот суд кој има најголем број на издвоени мислења, сметано од 1991 година, заклучно со датумот на одговор на барањето. Одговор
  7. Прашање: 1. Податоци за вкупниот број поднесени барања за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, во периодот од 2003 година, заклучно со 2023 година, поделени по пол. 2. Дали некое од поднесените барања биле поради повреда на човековите права од аспект на коруптивно однесување на физичко или правно лице? 3. Дали Уставниот суд има протокол за судско одлучување во кој се интегрирани родови перспективи (со цел справување со аргументи засновани на родови стереотипи и со цел избегнување обиди за непочитување на правото на еднаквост)? 4. Дали, и ако одговорот е потврден, како Судот применува родово – сензитивен пристап во известување, водење на постапки и носење на пресуди за кривични дела поврзани со корупција? Одговор
  8. Прашање: Информација за текот на постапката за предмет по поднесена иницијатива со која се бара поведување постапка за оценување на уставноста на член 5 во целина, како и посебно ставовите 1 и 2 од истиот член од Законот за изменување и дополнување на Законот за ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/2023). Одговор
  9. Прашање: Дали до Судот е поднесена иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година)? Одговор
  10. Прашање: Скениран препис или електронски запис од Решението У.бр.141/97 и У.бр.146/97 од 27.05.1998 година, донесено од страна на Уставниот суд. Одговор
  11. Прашање: 1. Дали до Судот, во текот на 2022 и 2023 година, се поднесени иницијативи за оценка на уставноста на член 66 став 3 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/2022)? 2. Доколку се поднесени иницијативи, дали е постапено по истите. Одговор
  12. Прашање: Дали до Судот е поднесена иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 04, донесена од Советот на Град Скопје? Одговор
  13. Прашање: Да се достави фотокопија од Решението У.бр.55/2022 од 18 јануари 2023 година, донесено од Уставниот суд. Одговор
  14. Прашање: Да се достави препис од Решението У.бр.72/2022 од 23 ноември 2022 година, донесено од Уставниот суд.Одговор

Барања поднесени до Судот во 2022 година:

  1. Прашање: 1. Кој бил поканет да учествува на подготвителната седница по предметите У.бр.8/2019 и други, и У.бр.15/2019 и други? 2. Кои од поканетите присуствувале, а кои не присуствувале на подготвителната седница? 3. Дали Уставниот суд во наредниот период повторно ќе одржи нова подготвителна седница по истите предмети со повеќе учесници од претходно? Одговор
  2. Прашање: Комплетна документација од постапката за јавна набавка на информатичка опрема по Оглас.бр.19397/2021. Одговор
  3. Прашање: 1. Да се достават податоци за вкупниот број на издвоени мислења, поединечно по години, за период од 1991 година, заклучно со датумот на одговор на барањето. 2. Во колку од нив, судија кој иако не гласал против одредено решение или одлука, сепак по предметот издвоил свое мислење во кое наведува различен став, односно образложение од она што е наведено во решението или одлуката, а колку од издвоените мислења содржат ставови на судија спротивни на одлуката или решението. Одговор
  4. Прашање: Од спроведената јавна набавка по Оглас бр.16896/2021, да се достават податоци за: техничката спецификација на хартијата за печатење, цената платена за еден топ хартија, количината на набавена хартија за печатење како и вредноста на договорот. Одговор
  5. Прашање: Препис од Одлука на Судот У.бр.118/1986, донесена во 1989 година. Одговор
  6. Прашање: Табеларен преглед за вкупниот број на донесени укинувачки и поништувачки одлуки од страна на Уставниот суд, за период од 1991 до 2022 година. Одговор
  7. Прашање: Табеларен преглед за вкупниот број на поднесени барања за заштита на слободите и правата, и по колку од истите се утврдува повреда на слободите и правата, за период од 1992 до 2022 година. Одговор

Барања поднесени до Судот во 2021 година:

  1. Прашање: За период од 01.10.2020 до 31.01.2021 година податоци за: 1. Вкупен број на извршени одлуки за поништување во постапка за оценување на уставноста на закон или уставноста и законитоста на друг пропис. 2. Вкупен број на извршени одлуки за заштита на слободите и правата. 3. Вкупен број на предмети распределени по судии. 4. Вкупен број на одржани конференции за медиумите. 5. Вкупен број на поднесени и одговорени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 6. Вкупен број на издадени збирки на одлуки. Одговор
  2. Прашање: Дали е поднесена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на детален урбанистички план за дел 1 1.1. централно градско подрачје – Општина Гевгелија бр.09-1776/1 од 31.10.2019 година? Одговор
  3. Прашање: Просечно траење на постапките ( од поднесување на иницијатива, барање, предлог, до окончување на постапката) за предмети за кои се донесени конечни акти на Уставниот суд во периодот од 01.10.2020 година до 31.01.2021 година, а сметано од денот кога биле донесени. Одговор
  4. Прашање: Информација за поднесена иницијатива со која се оспорува уставноста на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021). Одговор
  5. Прашање: Побарано е да се достави Деловникот на Уставниот суд. Одговор
  6. Прашање: За период од 01.02.2021 година до 30.04.2021 податоци за: 1. Просечно траење на постапките ( од поднесување на иницијатива, барање, предлог, до окончување на постапката) за предмети за кои се донесени конечни акти на Уставниот суд, а сметано од денот кога биле донесени. 2. Вкупен број на одржани конференции за медиумите. 3. Вкупен број на поднесени и одговорени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 4. Вкупен број на издадени збирки на одлуки. Одговор
  7. Прашање: За период од 01.05.2021 до 31.07.2021 податоци за: Просечно траење на постапките ( од поднесување на иницијатива, барање, предлог, до окончување на постапката) за предмети за кои се донесени конечни акти на Уставниот суд, а сметано од денот кога биле донесени. 2. Вкупен број на одржани конференции за медиумите. 3. Вкупен број на поднесени и одговорени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 4. Вкупен број издадени публикации. Одговор
  8. Прашање: Дали до Уставниот суд, од страна на Собранието на Републиката е доставен предлог за утврдување одговорност на досегашните претседатели на Републиката? Одговор
  9. Прашање: Информација за поднесена иницијатива со која се оспорува уставноста на член 81 став 7 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. број 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и 245/2021). Одговор
  10. Прашање: Кои се причините за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на одредби од Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје на ЈП Лајка Скопје за 2021 година, бр.02-720/6 од 09.12.2020 година, во кои се содржат формулациите: „трајно згрижување во азил“ (точка 3 став 1) и „носи во азил за бездомни животни“ (точка 5.4 став 5) со Законот за заштита и благосостојба на животните и со Правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за евтаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација? Одговор
  11. Прашање: Листа на вработени во стручната служба на Уставниот суд. Одговор

Барања поднесени до Судот во 2020 година:

  1. Прашање: Конечни одлуки на Уставниот суд во кои се споменува или толкува јавно меѓународно право и/или меѓународно обичајно право. Одговор
  2. Прашање: Дали и каква одлука е донесена по однос на иницијативата за оценување на уставноста на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Реферат У.бр.115/2019, која е разгледувана на 3-тата седница на Уставниот суд, одржана на 28.01.2020 година? Одговор
  3. Прашање: 1. Под кој архивски број е заведена иницијативата за оценување на уставноста на член 35 став 1 група VII од Колективниот договор за средно образование за работно место секретар („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2009, 17/2009, 84/2009, 28/2010, 39/2010), примена во Судот на 21.12.2018 година? 2. Од кои причини за горенаведената иницијатива за која е образуван предмет У.бр.134/2019, на дневен ред за седница на Судот е ставена друга иницијатива со истиот У.број? 3. Зошто предметот сѐ уште не е ставен на дневен ред на седница на Судот и дали воопшто се планира да се направи истото? Одговор
  4. Прашање: Во кои одредби или законски прописи од правниот поредок на Република Македонија се содржани поимите: „колективни објекти за домување“, „пасивно преземање“ и „пасивни корисници“? Одговор
  5. Прашање: Колку претставки до Уставниот суд поднел барателот, а на колку повратни информации создал Судот и доставил до барателот, согласно со законите кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило? Одговор
  6. Прашање: Информација за текот на постапката по повод поднесена иницијатива за оцена на уставноста на член 96 став 4 од Законот за судски совет, заведена под У.бр.25/2020 бидејќи подносителот имал сознание дека до Судот е поднесена друга иницијатива за истата законска одредба. Одговор
  7. Прашање: Информација за текот на постапката по предметот У.бр.31/2019. Одговор