Уставниот суд ја одржа 26. Седница на 21 јуни 2023 година и го одлучи следното:
- Реферат У.бр.1/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 75-ѓ, 76-д, 78 и 78-а од Изборниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.40/2006, 136/2008,148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018,140/2018, 208/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 42/2020, 74/2021 и 215/2021).
Подносител: Павле Трајанов
- Реферат У.бр.98/2022
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, судијата-известител го повлече рефератот по предметот, согласно член 25 став 3 од Деловникот, и Судот го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници на Судот.
Подносител на иницијативата: Добра Петковска
- Реферат У.бр.126/2022
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.239/2022).
Подносител: Здружение на граѓани „Македонско-бугарско пријателство”
- .Реферат У.бр.54/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија” број 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 108/2019, 275/2019, 110/2021 и 89/2022).
Подносител: Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево
- Реферат У.бр.31/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на:
-членoвите 99, 100, 101 и 102 од Статутот на Општина Кисела Вода („Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005 и „Службен гласник на Општина Кисела Вода” број 13/2006, 15/2014 и 7/2019);
-Автентично толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација, дадено од Советот на Општина Кисела Вода на деветтата пленарна седница одржана на 26.04.2022 година, број 09-3617/9 од 26.04.2022 година, објавено на 27.05.2022 година во „Службен гласник на Општина Кисела Вода” број 6/2022 и Решението на градоначалникот на Општина Кисела Вода, број 08-5203/7 од 27.05.2022 година за објава на Автенитично толкување по барање број 09-2711/1 од 17.03.2022 година од група граѓани во врска со максималниот број на станбени единици кои може да се изградат во Општина Кисела Вода каде постои намена А1 домување.
За овој предмет Судот објави посебно соопштение.
- Се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на актите означени во точката 1 од ова решение.
Уставниот суд, согласно член 14 став 2 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членoвите 99, 100, 101 и 102 од Статутот на Општина Кисела Вода („Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005 и „Службен гласник на Општина Кисела Вода” број 13/2006, 15/2014 и 7/2019).
Подносител на иницијативата: Друштво за градежништво, трговија и услуги ХОУМ ВИЗИОН ДООЕЛ Скопје
- У.бр.89/2023
- Се поведува постапка за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење на постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.125 од 15.06.2023 година).
- Се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 3 став 1 во делот на новите обрасци 4, 4а, 4в, 4д од актот, означен во точката 1 на ова решение и прилозите Образец – 4 Извод од матична книга на родените; Образец – 4-а Извод од матична книга на родените; Образец – 4-в Извод од матична книга на родените; Образец – 4-д Извод од матична книга на родените, кои се составен дел од истиот акт.
За овој предмет Судот објави посебно соопштение.
У.бр.96/2022
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Програмата и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис III” Охрид.
Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски
У.бр.133/2022
По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се одржи јавна расправа по предметот согласно член 55 став 1 од Деловникот на Судот, не доби мнозинство гласови.
Подносител на барањето: Димитар Апасиев