Студенти и ученици организирани преку Правната работилница од Младинската школа „Ќопру” го посетија Уставниот суд.
Присуствуваа на 25. Седница и ја следеа дискусијата на судиите за предметот кој беше ставен на дневен ред и во кој беа оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка.
По завршување на седницата претседателката Добрила Кацарска ги запозна со улогата и значењето на Уставниот суд, оценувањето на иницијативи и барања за слободи и права кои се поднесуваат од страна на граѓаните.
Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките во Уставниот суд, областите за кои се работат предметите и нивната примена во пракса.
Посетата во Уставниот суд се организираше на барање на организацијата и со цел запознавање со надлежностите на Судот, како и важноста на донесените одлуки за граѓаните и за државата.
На средбата присуствуваше и раководството на „Ќопру”, претставувано од претседателот Хусрев Емин и потпретседателот Мехмед Ариф.