По одржаната 25. Седница на 27.06.2023 година на која беа оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка Уставниот суд го донесе следното решение:
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на: член 19 став 1, член 21 точка 2, член 153, член 169 став 2, во делот „во рок од 24 часа“ и став 3 во делот „во рок од 24 часа“, член 170 став 5, во делот „во рок од пет часа“, член 173 став 3, член 183 став 2, во делот „или кога во однос на затеченото лице постојат услови за претрес без наредба“, член 185 став 1, во делот „просторот во кој е затечено лицето во време на преземањето на претресувањето и средството за превоз кое се користи во време на претресувањето“, член 190 став 3, член 193 став 2 и 3, член 194 став 3, член 196 став 1, член 249 став 5, член 256, член 260 ставови 2, 3 и 4, член 261 став 2, во делот „ќе се уништат под надзор на судијата, а за тоа јавниот обвинител ќе изготви записник“, член 262 во делот „по барање“, член 267 во делот „во рок од 15 месеци“ и во целина, член 276 став 2 точка 6, член 277 став 1, член 292 став 2, член 296 став 1, член 393 став 1, член 409 став 2, член 411 став 4, членовите 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474 став 2, 475 (и посебно оспорен), 477, 478, 479, 480, 481 и 482 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).
Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на: член 35 став 2, во делот „а ако за причината за изземањето од членот 33 став 1 на овој закон дознале подоцна, барањето го поднесуваат веднаш по дознавањето“, член 79 став 2, во делот „препис од“, 193 став 1, член 200 ставови 3 и 8, член 249 ставови 1, 2, 3 и 4, член 258, член 301 став 4, член 302 став 3, во делот „да составуваат“ и во целина, како и на став 4, во делот „во рок од 15 дена“, член 384 став 1, член 474 став 1 и посебно оспорениот член 476 став 2 во делот „но дека во случај кога одбраната не е задолжителна, поради недоаѓање на бранителот на главната расправа или земање бранител дури на главната расправа, не мора да се одложи главната расправа“, од Законот за кривичната постапка означен во точката 1 од ова решение.
Подносител на иницијативата е Павлина Зефиќ, адвокатка од Скопје
Напомена: Ова соопштение содржи информации само за одлученото, дополнително ќе биде објавено и решението со аргументите на Уставниот суд.
Информации за иницијативата: https://ustavensud.mk/?p=24333