Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 31 мај 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА ПОСТАПКА за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006, 62/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019).
2. Александра Илиева-Милчова, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата, член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите не е во согласност со член 16 и член 102 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителот смета дека оспорениот дел од одредбата не е во согласност со член 16 и член 102 од Уставот на Република Северна Македонија, од причина што одлуките кои се носат од страна на судовите и нивната објава се јавни, а следствено на тоа, јавноста има право да биде запознаена со истите.
Недозволиво е само правосилните одлуки да се објавуваат, а неправосилните одлуки да не се објавуваат, односно да не се дозволи јавноста да биде запознаена со истите. Оттаму, јавноста и обврската да се објавуваат одлуките на веб-страницата на судот значи и увид на граѓаните во начинот на носење на одлуките, што е загарантирано со Уставот и не може да биде ограничено само на одредени спорови, затоа што според подносителот, со Уставот се гарантира јавноста на сите одлуки.
Понатаму, согласно член 125 став 3 од Законот за кривичната постапка, судовите се должни донесените одлуки во рок од два дена од изготвувањето да ги објавуваат на веб-страницата на судот, на начин утврден со закон, односно во член 126 ставови 1 и 2 од Законот, каде е наведено дека сите судски пресуди се јавни и достапни во електронски или печатени примероци, освен во случаите кога јавноста е исклучена согласно со Уставот на Република Северна Македонија, овој закон и меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија, односно другите судски одлуки се достапни на увид и препис на секое заинтересирано лице, освен во случаи кога јавноста е исклучена, согласно со став 1 на овој член.
Дополнително, подносителот се осврнува и на членовите 6 и 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, со кои е пропишано дека пресудите се изрекуваат јавно, односно секој човек има право на слобода на изразувањето и ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи.
Врз основа на наведеното, се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одредба во делот „правосилни“, а потоа истата да ја укине, односно до донесување на конечната одлука, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршување на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорената одредба.
3. На седницата Судот утврди дека со оспорениот член 99 став 5 од Законот за судовите се уредува „Донесените правосилни одлуки судовите задолжително ги објавуваат на веб-страницата на судот во рок од седум дена од денот на правосилноста, на начин утврден со закон“.
4. Согласно член 13 од Уставот на Република Северна Македонија, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Според Амандманот XXI, со кој е заменет член 15 од Уставот, се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд. Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон, односно за да се утврди вина, потребно е да се спроведе судска доказна постапка, а Европската конвенција за човекови права во член 6 предвидува право на судење пред непристрасен суд, а согласно наведениот член 15 од Уставот со кој се гарантира правото на жалба против судските одлуки.
Со член 16 од Уставот на Република Северна Македонија „Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. Цензурата е забранета“.
Во член 102 од Уставот на Република Северна Македонија е предвидено „Расправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни. Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон“.
Во член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, јасно е предвидено дека Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно член 99 став 5 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006, 62/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019) „Донесените правосилни одлуки судовите задолжително ги објавуваат на веб-страницата на судот во рок од седум дена од денот на правосилноста, на начин утврден со закон“.
Bo член 125 став 3 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018) е наведено „Судовите се должни донесените одлуки во рок од два дена од изготвувањето да ги објават на веб-страницата на судот, на начин утврден со закон“.
Начинот на објавувањето на правосилните судски одлуки е регулиран согласно член 9 став 1 од Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/2020) каде е наведено дека овластениот судски службеник на првостепениот суд е должен во рок од седум дена од денот на правосилноста на судската одлука, односно од денот на доставување на одлуката од страна на повисокиот суд, да ја објави на веб-страницата на судот со име и презиме на странките, односно називот на правното лице, при што се анонимизира адресата на живеалиште, односно престојувалиште или седиштето на странките, единствениот матичен број на граѓанинот или единствениот матичен број на субјектот на упис и личните податоци на сведоците и оштетените во постапката.
Врз основа на член 9 став 2 од Законот, овластениот судски службеник на повисокиот суд е должен во рок од седум дена од денот на верификацијата на правосилната судска одлука да ја објави на веб-страницата на судот.
Согласно член 126 став 1 од Законот за кривичната постапка, сите судски пресуди се јавни и достапни во електронски или печатени примероци, освен во случаите кога јавноста е исклучена согласно со Уставот на Република Северна Македонија, овој закон и меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија.
Во член 126 став 2 од истиот закон е предвидено дека другите судски одлуки се достапни на увид и препис на секое заинтересирано лице, освен во случаи кога јавноста е исклучена согласно со ставот 1 на овој член.
Во член 134 од Законот за кривичната постапка се дефинирани правосилноста и извршноста на одлуките. Со став 1 е предвидено дека „Пресудата и решението стануваат правосилни кога не може повеќе да се побиваат со жалба или кога не е дозволена жалба“, додека со став 2 е предвидено дека „Правосилната пресуда се извршува кога е извршено нејзиното доставување и кога за извршувањето не постојат законски пречки. Ако не е изјавена жалба или странките се одрекле или се откажале од жалбата, пресудата е извршна со истекот на рокот за жалба, односно од денот на одрекнувањето или откажувањето од изјавената жалба“.
Согласно член 431 став 1 од Законот „Второстепениот суд на седница на советот може да ја отфрли жалбата како ненавремена или како недозволена, или да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првостепената пресуда, или да ја преиначи првостепената пресуда, или да ја укине првостепената пресуда поради суштествени повреди и да го врати предметот на повторно одлучување или да ја укине првостепената пресуда и да одржи расправа“.
Согласно член 322 став 1 од Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015) „Пресудата која повеќе не може да се побива со жалба станува правосилна доколку со неа е одлучено за барањето на тужбата или противтужбата“.
Од анализата на целината на член 99 од Законот за судовите, во кој е содржана и оспорената одредба, произлегува дека станува збор за комплексна одредба со која е уреден судскиот информатички систем и неговото функционирање, во која, помеѓу другото е уредена надлежноста на Врховниот суд на Република Северна Македонија да формира центар за информатичка технологија надлежен за техничко управување со автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети, судскиот портал и базите на податоци кои произлегуваат од работата на судовите, односно формирање на работно тело за стандардизација на постапките при користење на автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети, како и функционирањето на информатичкиот систем во сите судови кој претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го определува со подзаконски акт, по претходно добиена согласност од општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Според наведеното, произлегува дека оспорениот дел од член 99 став 5 од Законот предвидува имплементација на судскиот информатички систем при управувањето со судските предмети во судовите и нивно објавување на веб-страницата на судовите.
Преку анализа на член 13 од Уставот на Република Северна Македонија, може да се констатира дека уставотворецот предвидел, лицето кое е обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Со објавувањето на одлуките кои не се правосилни, на судските веб-страници, според Судот, може да се влијае на пошироката јавност, но и на повисоките судови, со што се можни одредени импликации со објавувањето на неправосилните судски одлуки. Од особено значење е што, во кривичните постапки, на овој начин би се сторила директна повреда на уставниот институт презумција на невиност, кој е еден од правните темели според кој, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета за невин сè додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. Еден од основните принципи на кој се заснова Уставот на Република Северна Македонија е гарантирањето и заштитата на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Во конкретниот случај, за подносителот на иницијативата оспорениот дел од член 99 став 5 од Законот за судовите е уставно проблематичен од причина што јавноста нема увид во начинот на носење на судските одлуки, односно има увид само во правосилните судски одлуки. Судот утврди дека вака изнесените наводи се неосновани, од причина што со член 102 од Уставот на Република Северна Македонија се гарантира дека расправата пред судовите и изрекувањето на пресудите се јавни, а јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон. Имено, јавноста може да присуствува на закажаните рочишта и изрекувањето на пресудата, што е директен пристап до начинот на работа на судовите, освен во оние случаи кога јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон, согласно цитираната уставна одредба, а според предвидените процесни правила за секој вид на постапка. Пред правосилноста, јавноста нема увид во целосните причини од кои се раководел судот при донесување на секоја конкретна одлука.
Ова упатува на констатација дека во случајов се работи за јасна и прецизна норма, која се однесува на донесените правосилни одлуки кои судовите задолжително ги објавуваат на веб-страницата на судот во рок од седум дена од денот на правосилноста, преку која се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации, како и тоа дека расправата пред судовите и изрекувањето на пресудите се јавни согласно член 16 и член 102 од Уставот на Република Северна Македонија.
Следствено на тоа, произлегува дека оспорената одредба од член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите е во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и истата не го ограничува правото на слободен пристап до информации, ниту ја спречува јавноста да добие информации за судските постапки или одлуки. Напротив, преку наведената одредба се афирмира транспарентноста на судскиот систем, од каде пристапот во правосилните судски одлуки за сите заинтересирани лица е слободен.
Во врска со наводите од иницијативата каде се цитираат член 6 и член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, Уставниот суд согласно член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, нема надлежност да оценува дали одреден закон или негови одредби се во согласност со одредени меѓународни акти, без оглед дали се ратификувани или не.
Согласно член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права се гарантира правото на правична судска постапка, а согласно член 10 од наведената конвенција се гарантира слободата на изразување. Со оглед на тоа дека членовите од Конвенцијата се соодветно транспонирани во домашната легислатива и претставуваат дел од внатрешниот правен поредок на Република Северна Македонија согласно член 118 од Уставот, а врз основа на уставно утврдените надлежности на Уставниот суд, Судот одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и законите.
Во однос на предлогот во иницијативата, до донесување на конечна одлука, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорената одредба, Судот утврди дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд за прифаќање на ваквото барање.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.16/2023
31 мај 2023 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.16/2023
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 2 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 31 maj 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICIOHET PROCEDURË për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 99 paragrafi 5 në pjesën “të plotfuqishme” nga Ligji për gjykatat (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 58/2006, 62/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 96/2019).
2. Aleksandra Ilieva – Millçova, avokate nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 99 paragrafi 5 në pjesën “të plotfuqishme” të Ligjit të përcaktuar në pikën një të këtij aktvendimi.
Sipas parashtrueses së iniciativës, neni 99 paragrafi 5 në pjesën “të plotfuqishme” të Ligjit për gjykatat nuk është në pajtim me nenin 16 dhe nenin 102 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Parashtruesja vlerëson se pjesa e kontestuar e dispozitës nuk është në pajtim me nenin 16 dhe nenin 102 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, për arsye se vendimet të cilat miratohen nga gjykatat dhe publikimi i tyre janë publike, ndërsa si rrjedhojë e kësaj, publiku ka të drejtë të njoftohet me të njëjtat.
Është e palejueshme vetëm vendimet e plotfuqishme të publikohen, ndërsa vendimet që nuk janë të plotfuqishme të mos publikohen, gjegjësisht të mos lejohet publiku të njoftohet me të njëjtat. Si rrjedhojë, publiku dhe obligimi të publikohen vendimet në ueb-faqen e gjykatës do të thotë edhe shqyrtim i qytetarëve në mënyrën e miratimit të vendimeve, gjë që garantohet me Kushtetutë dhe nuk mund të kufizohet vetëm për konteste të caktuara, pasi sipas parashtrueses, me Kushtetutë garantohet të gjitha vendimet të jenë publike.
Gjithashtu, në pajtim me nenin 125 paragrafi 3 të Ligjit për procedurë penale, gjykatat janë të obliguara që vendimet e marra në afat prej dy ditësh nga hartimi i tyre t’i publikojnë në ueb faqen e gjykatës, në mënyrën e përcaktuar me ligj, gjegjësisht në nenin 126 paragrafi 1 dhe 2 të Ligjit, i cili thotë se të gjitha aktgjykimet e gjykatave janë publike dhe janë të disponueshme në kopje elektronike ose të shtypura, përveç rasteve kur publiku është i përjashtuar në pajtim me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me këtë ligj dhe marrëveshjet ndërkombëtare të ratifikuara në pajtim me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut, përkatësisht vendimet e tjera gjyqësore janë në dispozicion për shqyrtim dhe përshkrim për çdo person të interesuar, përveç në rastet kur publiku është i përjashtuar, në pajtim me paragrafin 1 të këtij neni.
Gjithashtu, parashtruesja i referohet edhe neneve 6 dhe 10 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, të cilat përcaktojnë se aktgjykimet shqiptohen publikisht, përkatësisht çdo person ka të drejtën e lirisë së shprehjes dhe kjo e drejtë përfshin lirinë e mendimit dhe lirinë e marrjes dhe transmetimit të informacionit ose ideve.
Në bazë të lartpërmendurës, propozohet që Gjykata të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar në pjesën “të plotfuqishme”, e më pas ta shfuqizojë atë, përkatësisht deri në marrjen e vendimit përfundimtar, Gjykata Kushtetuese të miratojë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së kontestuar.
3. Në seancë Gjykata përcaktoi se neni i kontestuar 99 paragrafi 5 i Ligjit për gjykatat përcakton “Vendimet e miratuara të plotfuqishme gjykatat në mënyrë të detyrueshme i publikojnë në ueb-faqen e gjykatës në afat prej shtatë ditësh nga dita e plotfuqishmërisë, në mënyrën e përcaktuar me ligj”.
4. Në pajtim me nenin 13 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, personi i akuzuar për vepër penale do të konsiderohet i pafajshëm derisa të konstatohet fajësia e tij me vendim gjyqësor të plotfuqishëm.
Sipas Amendamentit XXI, me të cilin zëvendësohet neni 15 i Kushtetutës, garantohet e drejta e ankimimit kundër vendimeve të marra në procedurën e shkallës së parë para gjykatës. E drejta e ankesës ose lloji tjetër i mbrojtjes juridike kundër akteve juridike të veçanta, të nxjerra në procedurë të shkallës së parë para organit të administratës shtetërore, ose organizatës dhe organit tjetër që kryen autorizime publike, rregullohet me ligj, përkatësisht që të vërtetohet faji, duhet të zbatohet procedurë gjyqësore për prova, ndërsa Konventa Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut në nenin 6 parasheh të drejtë gjykimi para një gjykate të paanshme, ndërsa në pajtim me nenin e dhënë 15 të Kushtetutës me të cilin garantohet e drejta e ankimimit kundër vendimeve gjyqësore.
Me nenin 16 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut “Garantohet liria e bindjes, ndërgjegjes, mendimit dhe e shprehjes publike të mendimit. Garantohet liria e fjalës, paraqitjes publike, informimit publik dhe e themelimit të lirë të institucioneve për informim publik. Garantohet qasja e lirë tek informatat, liria e pranimit dhe e bartjes së informatave. Garantohet e drejta e përgjigjes në mjetet e informimit publik. Garantohet e drejta e korrigjimit në mjetet e informimit publik. Garantohet e drejta e mbrojtjes së burimit të informatës në mjetet e informimit publik. Censura është e ndaluar”.
Neni 102 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut përcakton se “Shqyrtimi para gjykatave dhe shqiptimi i aktgjykimit janë publikë. Publiku mund të përjashtohet në rastet e përcaktuara me ligj.”
Në nenin 110 alineja 1 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, qartë është paraparë se Gjykata Kushtetuese vendos për përthpushmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Në pajtim me nenin 99 paragrafin 5 të Ligjit për gjykatat („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ numër 58/2006, 62/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ numër 96/2019) „Vendimet e miratuara të plotfuqishme gjykatat në mënyrë të detyrueshme i publikojnë në ueb faqen e gjykatës në afat prej shtatë ditësh nga dita e plotfuqishmërisë, në mënyrën e përcaktuar me ligj”.
Në nenin 125 paragrafin 3 të Ligjit për procedurë penale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 150/2010, 100/2012, 142/2016 dhe 198/2018) potencohet se “Gjykatat janë të obliguara të marrin vendime në afat prej dy ditësh nga përgatitja e tyre për t’i publikuar në ueb-faqen e gjykatës, në mënyrën e përcaktuar me ligj”.
Mënyra e publikimit të vendimeve gjyqësore të plotfuqishme është e rregulluar në pajtim me nenin 9 paragrafi 1 të Ligjit për menaxhimin e lëvizjes së lëndëve në gjykata (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 42/2020) ku thuhet se nëpunësi i autorizuar gjyqësor i gjykatës së shkallës së parë është i detyruar që në afat prej shtatë ditësh nga data e plotfuqishmërisë së vendimit gjyqësor, gjegjësisht nga dita e dorëzimit të vendimit nga gjykata më e lartë, ta publikojë në ueb-faqen e gjykatës me emrin dhe mbiemrin e palëve, përkatësisht titullin e personit juridik, ku adresa e vendbanimit, përkatësisht vendbanimi ose selia e palëve, numri i vetëm amë i qytetarit ose numri i vetëm amë i subjektit të regjistrimit të dhënat personale të dëshmitarëve dhe të dëmtuarve në procedurë janë anonime.
Në bazë të nenit 9 paragrafin 2 të Ligjit, nëpunësi i autorizuar gjyqësor i gjykatës më të lartë është i detyruar në afat prej shtatë ditësh nga dita e verifikimit të vendimit gjyqësor të plotfuqishëm ta publikojë në ueb – faqen e gjykatës.
Sipas nenit 126 paragrafit 1 të Ligjit për procedurë penale, të gjitha aktgjykimet e gjykatave janë publike dhe të disponueshme në kopje elektronike ose të shtypura, me përjashtim të rasteve kur publiku është i përjashtuar në pajtim me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me këtë ligj dhe marrëveshjet e ratifikuara ndërkombëtare në përputhje me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Neni 126 paragrafi 2 i të njëjtit ligj parashikon se vendimet e tjera gjyqësore janë në dispozicion për shqyrtim dhe përshkrim nga çdo person i interesuar, me përjashtim të rasteve kur publiku është i përjashtuar në përputhje me paragrafin 1 të këtij neni.
Neni 134 i Ligjit për procedurë penale e përcakton plotfuqishmërinë dhe ekzekutueshmërinë e vendimeve. Paragrafi 1 parashikon se “Aktgjykimi dhe vendimi bëhen të plotfuqishme kur nuk mund të kundërshtohen më me ankimim ose kur ankimimi nuk lejohet”, ndërsa paragrafi 2 parashikon se “Aktgjykimi i plotfuqishëm ekzekutohet kur dorëzohet dhe kur për ekzekutim ka nuk ka pengesa ligjore. Nëse nuk është paraqitur ankesë ose palët kanë refuzuar ose kanë hequr dorë nga ankesa, aktgjykimi është i ekzekutueshëm me skadimin e afatit të ankimimit, përkatësisht nga dita e refuzimit ose anulimit të ankesës së deklaruar.”
Sipas nenit 431 paragrafit 1 të ligjit “Gjykata e shkallës së dytë në seancën e këshillit mund ta refuzojë ankesën si jo në kohë ose të papranueshme, ose ta refuzojë ankesën si të pabazuar dhe ta vërtetojë aktgjykimin e shkallës së parë, ose ta ndryshojë aktgjykimin e shkallës së pare, ose ta shfuqizojë aktgjykimin e shkallës së parë, ose ta shfuqizojë aktgjykimin e shkallës së parë për shkak të shkeljeve thelbësore dhe ta kthejë çështjen në rivendosje ose ta shfuqizojë aktgjykimin e shkallës së parë dhe të mbajë seancë”.
Në bazë të nenit 322 paragrafin 1 të Ligjit për procedurë kontestimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 dhe 124/2015) “Aktgjykimi që nuk mund të kundërshtohet më me ankimim bëhet i plotfuqishëm nëse me të është vendosur mbi kërkesën e padisë ose kundërpadisë”.
Nga analiza e tërësisë së nenit 99 të Ligjit për gjykatat, i cili e përmban edhe dispozitën e kontestuar, rezulton se është një dispozitë komplekse që rregullon sistemin informativ të gjykatës dhe funksionimin e tij, e cila ndër të tjerash e rregullon kompetencën e Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut të themelojë një qendër për teknologji informative përgjegjëse për menaxhimin teknik të sistemit të automatizuar kompjuterik për menaxhimin e rasteve gjyqësore, portalin gjyqësor dhe bazat e të dhënave që rezultojnë nga puna e gjykatave, përkatësisht themelimin e trupit punues për standardizimin e procedurave gjatë përdorimit të sistemit kompjuterik të automatizuar sistemin për udhëheqjen e lëndëve gjyqësore, si dhe funksionimin e sistemit informatik në të gjitha gjykatat, të cilin kryetari i Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut e përcakton me akt nënligjor, pas pëlqimit të marrë paraprakisht nga seanca e përgjithshme e Gjykatës Supreme të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Si rrjedhojë, rezulton se pjesa e kontestuar e nenit 99 paragrafi 5 i Ligjit parashikon zbatimin e sistemit informatik gjyqësor në udhëheqjen e lëndëve gjyqësore në gjykata dhe publikimin e tyre në ueb-faqen e gjykatave.
Përmes analizës së nenit 13 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, mund të konstatohet se krijuesi i Kushtetutës ka paraparë se personi i akuzuar për vepër penale do të konsiderohet i pafajshëm derisa të konstatohet fajësia e tij me vendim gjyqësor të plotfuqishëm.
Me publikimin e vendimeve që nuk janë të plotfuqishme në ueb-faqet e gjykatave, sipas Gjykatës, mund të ndikohet publiku i gjerë, por edhe gjykatat më të larta, kështu që janë të mundshme disa implikime të caktuara me publikimin e vendimeve gjyqësore që nuk janë të plotfuqishme. Është e një rëndësie të veçantë që, në procedimin penal, në këtë mënyrë do të bëhej shkelje e drejtpërdrejtë e institucionit kushtetues të prezumimit të pafajësisë, i cili është një nga bazat ligjore sipas të cilit çdo i dyshuar apo i akuzuar për një vepër penale konsiderohet i pafajshëm për aq kohë sa me vendim të plotfuqishëm gjyqësor nuk vërtetohet se ai është fajtor. Një nga parimet themelore mbi të cilat bazohet Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut është garantimi dhe mbrojtja e lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Në rastin konkret, për parashtruesen e iniciativës pjesa e kontestuar e nenit 99 paragrafi 5 i Ligjit për gjykatat është problematike në aspektin e kushtetutshmërisë sepse publiku nuk ka pasqyrë në mënyrën e marrjes së vendimeve gjyqësore, përkatësisht ka pasqyrë vetëm në vendimet e plotfuqishme. Gjykata konstatoi se pretendimet e paraqitura në këtë mënyrë janë të pabaza, pasi neni 102 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut garanton se seancat para gjykatave dhe shpallja e aktgjykimeve janë publike, dhe publiku mund të përjashtohet në rastet e përcaktuara me ligj. Gjegjësisht, publiku mund të marrë pjesë në seancat e caktuara dhe në në shpalljen e aktgjykimit, që është qasje e drejtpërdrejtë në mënyrën e punës së gjykatave, me përjashtim të rasteve kur publiku mund të përjashtohet në rastet e përcaktuara me ligj, sipas dispozitës kushtetuese të cituar, ndërsa sipas rregullave të parapara procedurale për çdo lloj procedure. Përpara plotfuqishmërisë, publiku nuk ka shqyrtim në arsyet e plota mbi të cilat është udhëhequr gjykata në marrjen e çdo vendimi konkret.
Kjo çon drejt konstatimit se në këtë rast bëhet fjalë për normë të qartë dhe të saktësuar, e cila i referohet vendimeve ligjërisht të detyrueshme të cilat gjykatat duhet t’i publikojnë në ueb-faqen e gjykatës në afat prej shtatë ditësh nga dita e plotfuqishmërisë, përmes së cilës garantohet qasja e lirë drejt informacioneve, liria e pranimit dhe transmetimit të informatave, si dhe fakti që seancat gjyqësore para gjykatave dhe shpallja e aktgjykimeve janë publike në pajtim me nenin 16 dhe nenin 102 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Si rrjedhojë e kësaj, rezulton se dispozita e kontestuar e nenit 99 paragrafi 5 në pjesën “të plotfuqishme” të Ligjit për gjykatat është në përputhje me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe i njëjti nuk e kufizon të drejtën për qasje të lirë drejt informacioneve, as nuk e pengon publikun të marrë informacione për proceset apo vendimet gjyqësore. Përkundrazi, dispozita në fjalë e afirmon transparencën e sistemit gjyqësor, nga ku qasja në vendimet gjyqësore të plotfuqishme për të gjithë personat e interesuar është i lirë.
Në lidhje me pretendimet në iniciativë ku citohen neni 6 dhe neni 10 i Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 110 alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nuk ka kompetencë të vlerësojë nëse një ligj i caktuar ose dispozitat e tij janë në përputhje me akte të caktuara ndërkombëtare, pavarësisht nëse ato janë ratifikuara apo jo.
Sipas nenit 6 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, garantohet e drejta për procedure gjyqësore të drejtë, ndërsa sipas nenit 10 të kësaj Konvente garantohet liria e shprehjes. Duke e pasur parasysh se nenet e Konventës janë transponuar në mënyrë përkatëse në legjislacionin vendor dhe janë pjesë e rendit të brendshëm juridik të Republikës së Maqedonisë së Veriut në përputhje me nenin 118 të Kushtetutës dhe bazuar në kompetencat e përcaktuara me kushtetutë të Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Lidhur me propozimin në iniciativë, deri në marrjen e një vendimi përfundimtar, që Gjykata Kushtetuese të marrë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës së kontestuar, Gjykata përcaktoi se nuk janë plotësuar kushtet e nenit 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për pranimin e një kërkese të tillë.
5. Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.
6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.16/2023
31 maj 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese së Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska