На XXIV-та седница на Судот која се одржа на 21 јуни 2023 година со почеток од 9,30 часот, беше одлучено следното:
- Реферат У.бр.65/2022 и 90/2022
- Не се поведува постапка за оценување на законитоста на член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2020).
- Се отфрлаат иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 273/2022 и 65/2023).
Подносител на иницијативата: Сузана Цветкова од Штип
- Реферат У.бр.33/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 46 став 5 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 233/2018), Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020) и член 4 став 3 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2019).
Подносител на иницијативата: Владо Мицковски од Кичево
- Реферат У.бр.25/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.281/2022).
Подносители на иницијативата: Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски, сите од Скопје
- Реферат У.бр.63/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1 од 15 март 2023 година („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.19/2023).
Подносител на иницијативата: Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица
- Реферат У.бр.13/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев 2. бр.120/2022 од 29.11.2022 година.
Подносител на иницијативата: Анета Батева од Скопје
Напомена: ова соопштение содржи податоци само за одлученото на 24. седница и ќе биде дополнето во следните денови со аргументите на Уставниот суд за секој предмет поединечно.