У.бр.31/2022

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 23 мај 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021–2023 година УП1 бр.08-62/20 од 15.04.2021 година и Решението за утврдување на регулаторна тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид за регулиран период 2021–2023 година УП1 бр.63/20 од 15.04.2021 година.

2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

3. Министерството за транспорт и врски – Државен комунален инспекторат Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на актите означени во точката 1 од ова решение.

Подносителот во иницијативата наведува дека согласно годишната, односно месечната Програма за работа за 2021 година, за вршење редовен, вонреден и контролен инспекциски надзор врз субјектите кои вршат комунална дејност, односно ЈП „Водовод“ Охрид и ЈП „Нискоградба“ Охрид, од страна на Државниот комунален инспекторат, биле констатирани одредени неправилности.

Во таа насока, се наведува дека согласно член 13 став 14 од Законот за утврдување на цени на водни услуги и член 14 став 7 и член 16 став 1 од Правилникот за начинот и постапката за утврдување на тарифа за водна услуга и на регулаторна тарифа за водни услуги, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со Решението број УП1 бр. 08-62/20 од 14.01.2021 година, објавила започнување на постапка за регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година, односно со Решението број УП1 бр. 08-63/20 од 14.01.2021 година објавила започнување на постапка за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид.

Во иницијативата се наведува дека во двете горенаведени решенија биле присутни ставки за фиксни месечни надоместоци, односно за ЈП „Нискоградба“ Охрид во износ од 57,12 денари по приклучок за 2021 година, 62,46 денари по приклучок за 2022 година и 66,92 по приклучок за 2023 година и за ЈП „Водовод“ во износ од 100 денари за категорија домаќинства и 120 денари за категорија останати за период 2021-2023 година, со напомена дека тарифите се без ДДВ.

Исто така, во иницијативата се наведува дека согласно член 24 ставови 1 и 3 од Законот за комунални дејности, надоместокот за користење на комуналните услуги од индивидуалната комунална потрошувачка, конкретно за снабдување и испорака на вода за пиење и одведување и прочистување на отпадни води се утврдува единствено со метри кубни, односно не биле предвидени никакви месечни паушали. Што се однесува на член 6 став 8 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, исто така, цената која ја определува давателот на услугата со претходна согласност од основачот и решение на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, не предвидува никакви месечни паушали.

Во иницијативата се наведува дека оспорените решенија биле во спротивност на член 8 од Уставот, односно владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок.

Понатаму се наведува дека со оспорените решенија се повредени одредбите од член 54 ставови 1 и 3 и член 55 од Уставот.

Имајќи го предвид изнесеното, иницијаторот бара од Уставниот суд да ја оцени уставноста на оспорените решенија и истите да ги укине.

4. Судот на седницата утврди дека Регулаторната комисија на 15.04.2021 година донела Решение за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021–2023 година УП1 бр.08-62/20 и Решение за утврдување на регулаторна тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид за регулиран период 2021–2023 година УП1 бр.63/20.

5. Според член 110 алинеja 2 од Уставот на Ре­публика Север­на Македонија, Устав­ниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија е регулаторно тело основано со Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ брoj 36/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), заради регулирање и контролирање на начинот на вршење на енергетските дејности.

Согласно член 32 став 6 од Законот за енергетика, се предвидува дека против одлуките и решенијата на Регулаторната комисија за енергетика, може да се поведе управен спор од страна на засегнатите вршители на енергетски дејности и од другите засегнати страни.

Регулаторната комисија за енергетика, како независно и самостојно регулаторно тело предвидено со Законот за енергетика, е надлежна за регулирањето на прашањата поврзани со вршењето на енергетските дејности определени со Законот за енергетика. Заради извршување на работите од својата надлежност, Регулаторната комисија за енергетика, помеѓу другото, донесува решенија со кои одлучува по поединечни работи во согласност со овој закон и прописите донесени во согласност со овој закон. Во постапката за донесување на овие решенија, Регулаторната комисија за енергетика го применува Законот за општата управна постапка, ако со овој закон е предвидена поинаква постапка. За законитоста на актите на Регулаторната комисија за енергетика се одлучува во управен спор.

Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, оспорените акти ги донела врз основа на член 16 од Законот за утврдување на цени на водните услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2016) и член 16 од Правилникот за начинот и постапката за утврдување на тарифа за водна услуга и на регулаторна тарифа на водна услуга („Службен весник на Република Македонија“ број 63/2017).

Во конкретниот случај, Судот оцени дека оспорените решенија претставуваат акти на Регулаторната комисија за енергетика, против кои може да се поведе управен спор и нивната законитост да се оцени од страна на Управниот суд, а не во постапка пред Уставниот суд.
Во оспорените акти постои правна поука со која се наведува дека против наведеното решение незадоволната странка има право да поведе судски спор пред Управен суд и со тоа да бара оценување на законитоста на наведеното решение.
Оттаму, Судот оцени дека оспорените акти не се пропис во смисла на член 110 од Уставот, поради што Судот не е надлежен да ја оценува уставноста и законитоста на оспорените решенија и поради тоа се настапени деловничките претпоставки од член 28 алинеја 1 за отфрлање на иницијативата.

6. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.31/2022
23.05.2023 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

Издвоено мислење по предметот У.бр.31/2022

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 23 maj 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. REFUZOHET iniciativa për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Aktvendimit për përcaktimin e tarifës rregullatore për furnizimin me ujë të pijshëm ose furnizimin me ujë të NP “Vodovod” Ohër për periudhën e rregulluar 2021-2023 PU1 Nr. 08-62/20 e datës 15.04.2021 dhe Aktvendimin për përcaktimin e tarifës rregullatore për grumbullimin dhe largimin e ujërave të zeza urbane të NP “Niskogrubanda” Ohër për periudhën e rregulluar 2021-2023 PU1 nr.63/20, datë 15.04.2021.

2. Ky vendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

3. Ministria për Transport dhe Lidhje – Inspektorati Shtetëror Komunal Shkup, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, dërgoi iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së akteve të përcaktuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.

Parashtruesi në iniciativë thekson se në përputhje me Programin vjetor, përkatësisht mujor të punës për vitin 2021, për mbikëqyrje inspektuese të rregullt, të jashtëzakonshme dhe kontrolluese ndaj subjekteve që kryejnë veprimtari komunale, gjegjësisht NP “Vodovod” Ohër dhe NP “Niskogradba” Ohër, nga ana e Inspektoratit Shtetëror Komunal, janë konstatuar parregullsi të caktuara.

Në atë drejtim thuhet se në pajtim me nenin 13 paragrafi 14 të Ligjit për përcaktimin e çmimeve të shërbimeve të ujit dhe nenit 14 paragrafi 7 dhe nenit 16 paragrafi 1 të Rregullores për mënyrën dhe procedurën e përcaktimit të tarifës për shërbimet e ujit dhe tarifën rregullatore për shërbimet e ujit, Komisioni Rregullator për Energjetikë dhe Shërbime të Ujit të Republikës së Maqedonisë së Veriut me Aktvendimin numër PU1 nr. 08-62/20 të datës 14.01.2021, ka njoftuar fillimin e procedurës për tarifë rregullative për furnizimin me ujë të pijshëm apo furnizimin me ujë të NP “Vodovod” Ohër për periudhën e rregulluar 2021-2023, gjegjësisht me Aktvendimin numër PU1 nr. 08-63/20 të datës 14.01.2021 ka njoftuar fillimin e procedurës për grumbullimin dhe largimin e ujërave të zeza urbane në NP “Niskogrubanda” Ohër.

Në iniciativë thuhet se në dy vendimet e lartëpërmendura ka pasur zëra për tarifa fikse mujore, përkatësisht për NP “Niskogradba” Ohër në vlerë prej 57,12 denarë për kyçje për vitin 2021, 62,46 denarë për kyçje për vitin 2022 dhe 66,92 për kyçje për vitin 2023 dhe për NP “Vodovod” në vlerë prej 100 denarë për kategorinë amvisëri dhe 120 denarë për kategorinë tjetër për periudhën 2021-2023, me shënim se tarifat janë pa TVSH.

Gjithashtu, në iniciativë thuhet se në pajtim me nenin 24 paragrafët 1 dhe 3 të Ligjit për veprimtaritë komunale, tarifa për shfrytëzimin e shërbimeve komunale nga konsumi individual komunal, konkretisht për furnizimin dhe shpërndarjen e ujit të pijshëm dhe heqjen dhe pastrimin e ujërat e zeza përcaktohen vetëm me metër kub, pra nuk ishin parashikuar tarifa fikse mujore. Lidhur me nenin 6 paragrafi 8 të Ligjit për furnizim me ujë të pijshëm dhe largim të ujërave të zeza urbane, gjithashtu, çmimi i përcaktuar nga ofruesi i shërbimit me pëlqim paraprak të themeluesit dhe me vendim të Komisionit Rregullator për Energjetikë dhe Shërbime të Ujit të Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk parashikon asnjë shumë mujore paushall.

Në iniciativë thuhet se vendimet e kontestuara kanë qenë në kundërshtim me nenin 8 të Kushtetutës, përkatësisht sundimin e së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues.

Më tej, thuhet se vendimet e kontestuara janë në kundërshtim me dispozitat e nenit 54 paragrafët 1 dhe 3 dhe nenin 55 të Kushtetutës.

Duke marrë parasysh atë që u prezantua, iniciatori i kërkon Gjykatës Kushtetuese vlerësimin e kushtetutshmërisë së vendimeve të kontestuara dhe shfuqizimin e tyre.

4. Gjykata në seancë konstatoi se Komisioni Rregullator më datë 15.04.2021 ka miratuar Aktvendim për caktimin e tarifës rregullatore për furnizimin me ujë të pijshëm ose furnizim me ujë të NP “Vodovod” Ohër për periudhën e rregulluar 2021-2023 UP1 nr.08 -62/20 dhe Aktvendim për vendosjen e tarifës rregullatore për grumbullimin dhe largimin e ujërave të zeza urbane të NP “Niskogradba” Ohër për periudhën e rregulluar 2021-2023 PU1 nr.63/20.

5. Sipas nenit 110 alineja 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 28 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.

Komisioni Rregullator për Energjetikë i Republikës së Maqedonisë së Veriut është organ rregullator i themeluar me Ligjin për energjetikë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 36/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 96 /19 dhe 236/22), për rregullimin dhe kontrollin e mënyrës së kryerjes së veprimtarive energjetike.

Në pajtim me nenin 32 paragrafit 6 të Ligjit për energjetikë, është paraparë që kundër vendimeve dhe aktvendimeve të Komisionit Rregullator për Energjetikë, mund të inicohet kontest administrativ nga kryerësit përkatës të veprimtative energjetike dhe nga palët tjera të tanguara.

Komisioni Rregullator për Energjetikë, si organ rregullator i pavarur dhe i mëvetësishëm me Ligjin për Energjetikë, është përgjegjës për rregullimin e çështjeve lidhur me kryerjen e aktiviteteve energjetike të përcaktuara me Ligjin për Energjetikë. Komisioni Rregullativ për Energjetikë, për kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, ndër të tjera miraton vendime me të cilat vendos për çështje individuale në pajtim me këtë ligj dhe rregullat e miratuara në pajtim me këtë ligj. Në procedurën për marrjen e këtyre aktvendimeve, Komisioni Rregullator për Energjetikë zbaton Ligjin për procedurën e përgjithshme administrative, nëse ky ligj parasheh procedurë tjetër. Për ligjshmërinë e akteve të Komisionit Rregullator për Energjetikë vendoset në kontest administrativ.

Komisioni Rregullator për Energjetikë i Republikës së Maqedonisë së Veriut aktet e kontestuara i miratoi në bazë të nenit 16 të Ligjit për përcaktimin e çmimeve të shërbimeve të ujit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 7/2016) dhe nenit 16 të Rregullores për mënyrën dhe procedurën për përcaktimin e tarifës për shërbimin e ujit dhe tarifën rregullatore për shërbimin e ujit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 63/2017).

Në rastin konkret, Gjykata konsideroi se vendimet e kontestuara paraqesin akte të Komisionit Rregullator për Energjetikë, kundër të cilave mund të inicohet kontest administrativ dhe ligjshmëria e tyre të vlerësohet nga Gjykata Administrative, e jo në procedurë para Gjykatës Kushtetuese.

Në aktet e kontestuara ekziston një udhëzim juridik në të cilin thuhet se kundër vendimit në fjalë pala e pakënaqur ka të drejtë të iniciojë kontest juridik në Gjykatën Administrative dhe në këtë mënyrë të kërkojë vlerësimin e ligjshmërisë së aktvendimit në fjalë.

Nga aty, Gjykata vlerësoi se aktet e kontestuara nuk janë rregulluar në kuptim të nenit 110 të Kushtetutës, për këtë arsye Gjykata nuk është kompetente për të vlerësuar kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e aktvendimeve të kontestuara dhe për këtë shkak janë bërë edhe supozimet procedurale nga neni 28 alineja 1 për refuzimin e iniciativës.

6. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash, në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.31/2022
23.05.2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska