Уставниот суд ќе ја одржи 23. седница на 14 јуни (среда) во 9:30 часот со дневен ред на кој ќе се разгледува една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани.
I РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1.Реферат У.бр.65/2022 и 90/2022
Подносител на иницијативата: Сузана Цветкова
Оспорен: Член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр.104” од 23.05.2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр.79” од 26.03.2020 година).
Од наводите во иницијативата:
Според подносителката на иницијативата во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1 и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање.
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ НА ПРОГРАМА И СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ
2. Реферат У.бр.87/2022
Оспорени: Статутот и Програмата на Здружението „КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ”
Подносител: Политичката партија „Левица”
Подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.