Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставност и законитост и го одлучи следното:
Реферат У.бр.28/202
- -Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 155-а од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 32/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 27/2019, 98/2019, 146/2019, 42/2020, 72/2020, 160/2020, 74/2021; 215/2021).
- Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 153-а од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 32/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 27/2019, 98/2019, 146/2019, 42/2020, 72/2020, 160/2020, 74/2021; 215/2021).
Подносител на иницијативата: Страхил Гавритов
- Реферат У.бр.36/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 5-а од Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Македонија“ бр.110/2007, 103/2008, 161/2008, 153/2009, 67/2010, 97/2010, 135/2011, 231/2015 и 248/2018).
Подносител на иницијативата: Адвокат Владимир Николоски
- Реферат У.бр.20/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за извршување на Буџет на Општина Македонска Каменица донесена од Советот на Општина Македонска Каменица бр. 2489/1 од 28.12.2022 година, објавена во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.16/2023.
Подносител на инцијативата: Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица
По однос на предлогот за одлучување со нацрт-одлука за предметот У.бр.32/2022 Уставниот суд објави дополнително соопштение.
Напомена:Ова соопштение содржи податоци само за одлученото на 21. седница и ќе биде дополнето во следните денови со аргументите на Уставниот суд за секој предмет поединечно.