По одржаната 21. седница на која се дискутираше по четири иницијативи за оценување на уставност Уставниот суд го одлучи следното:
- Реферат У.бр.16/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008, 50/2010, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).
Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова, адвокат
- Реферат У.бр.95/2022 и 99/2022
Не се поведува постапка за оценување на законитоста на член 19 став 1 и став 2 алинеја 4 од Правилникот за технички преглед на возила („Службен весник на Република Македонија“, број 81/2010 и 49/2013).
Подносители на иницијативи: Ванчо Иванов и Мите Димоски
3.Реферат У.бр.6/2023
1.Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид бр.08-804/17 од 31 јануари 2023 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 31.01.2023 година.
- Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид бр.08-653/5 од 31.01.2022 година објавена во “Службен гласник на општина Охрид “ бр.1 од 01.02.2022 година.
Подносител на иницијативата: Коста Антовски
- Реферат У.бр.61/2023
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука на Советот на општина Македонска Каменица бр. 08-398/1 од 27.02.2023 година („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.19/2023).
Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски
Напомена: Ова соопштение содржи податоци само за одлученото на 21. седница и ќе биде дополнето во следните денови со аргументите на Уставниот суд за секој предмет поединечно.