Уставниот суд денеска ја одржа 20. седница со дневен ред на кој се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставност и одлучи:
Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) во целина и посебно оспорените член 4 став 2 и член 29 ставови 2 и 3 од означениот закон.
- Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на:
-Указ за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020);
– член 110 ставови 1, 2 и 3 и член 113 од Закон означен во точката 1 од ова решение и
– деловите на иницијативите со кои се бара меѓусебна оцена на согласноста на означените акти во точката 1 и точка 2 алинеи 1 и 2 од ова решение со одредбите од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 91/2008, 119/2010 и 23/2013) и одредбите од Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 64/2003, 67/2003, 51/2006, 5/2007, 15/2007, 26/2007, 30/2007, 58/2007, 105/2007, 116/2007, 129/2007, 157/2007, 29/2008, 51/2008, 86/2008, 114/2008, 42/2009, 62/2009, 141/2009, 162/2009, 40/2010, 83/2010, 166/2010, 172/2010, 95/2011, 151/2011, 170/2011, 67/2013, 145/2014, 62/2015, 41/2016 и 153/2016).
Судот цени дека уставните одредби не ја регулираат постапката која им претходи на донесувањето на законите и прашањата кои би значеле оценување на согласноста на конкретниот закон и на Деловникот на Собранието, во кој е разработена постапката за носење на законите, што значи дека нема надлежност да врши такво оценување. Што се однесува до прашањето на донесувањето на Законот за јавното обвинителство, од направената анализа произлезе дека оспорениот Закон е донесен со потребното двотретинско мнозинство.
Судот ги отфрли наводите за испитување на уставност на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство бидејќи не претставува претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот.
Подносители на иницијативите: Тодор Петров како претседател на Светскиот македонски конкрес, Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе и Михајло Маневски од Скопје.
- Реферат У.бр.131/2022
Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 6 став 2 во делот: „во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка од член 5 став 3 од овој закон“ од Законот за финансиска подршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.246/2022).
Содржина на оспорените одредби (Член 6 став 2):
„Корисникот кој не е на списокот од член 5 став 3 од овој закон, а кој смета дека ги исполнува условите како корисник на правото од член 2 од овој закон, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка од член 5 став 3 од овој закон”.
Судот изрази сомнеж дека може да се постави прашањето за уставноста на оспорениот дел од одредбата кој утврдува краток рок со кој се оневозможуваат граѓаните да остварат законско право.
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
- Реферат У.бр.31/2022
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021 – 2023 година УП1 бр.08-62/20 од 15.04.2021 година, и Решението за утврдување на регулаторна тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид за регулиран период 2021 – 2023 година УП1 бр.63/20 од 15.04.2021 година.
- Реферат У.бр.109/202
Се укинуваат член 152 став 1 точка 2) во делот: „став (4)” од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија”, број 130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 144/2012, 25/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015 (две измени), 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018 и 168/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 244/2019, 18/2020, 279/2020 и 227/2022).
Напомена: Со оглед на јавниот интерес за дел од предметите Уставниот суд информира накусо кои се дел од аргументите за одлученото, а подеталните образложенија ќе бидат објавени во наредните денови на веб страницата на Судот.