У.бр.74/2021

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеи 1 и 3 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 2 мај 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето од Илир Рушани од с. Зајас, Кичево, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност, за која смета дека е повредена со Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител, донесена од Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 25.12.2019 година, број 08-7050/1 од 25.12.2019 година, објавена на 26.12.2019 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 271/2019.

2. Илир Рушани од с. Зајас, Кичево, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, со наводи дека со Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител, донесена на 25.12.2019 година од Собранието на Република Северна Македонија, е дискриминиран по основ на политичка припадност.

Во барањето наведува дека во 2019 година конкурирал на објавен оглас за избор на заменици на Народниот правобранител за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, а условите коишто треба да ги исполни едно лице за да може да биде избрано за заменик на Народниот правобранител, се пропишани во Законот за Народниот правобранител („Службен весник на Република Македонија” број 60/2003, 114/2009, 181/2016, 189/2016 и 35/2018). При спроведувањето на постапката по објавениот оглас, поточно при разгледувањето на приложената документација од пријавените кандидати во однос на исполнетоста на условите наведени во огласот и пропишани во Законот за Народниот правобранител, Народниот правобранител утврдил дека за заменик на Народниот правобранител кој ќе работи во подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, биле пристигнати 14 пријави, но констатирал дека само 5 кандидати ги исполнуваат условите, додека 9 кандидати не ги исполнуваат условите или пријавите не биле комплетни. По спроведената постапка, Народниот правобранител до Собранието на Република Северна Македонија, доставил предлог-кандидати за избор на заменици на Народниот правобранител, меѓу кои и предлог-кандидат за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево.

Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 25.12.2019 година, донело Одлука за избор на заменици на Народниот правобранител, објавена на 26.12.2019 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 271/2019, со која за заменик на Народниот правобранител кој ќе работи во подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, е избрано лицето И.Р., дипломиран правник од Кичево.

Подносителот наведува дека тогашниот Народен правобранител ја повредил постапката за избор по огласот и извршил негово дискриминирање по основ на политичка припадност, од причини што кандидатот (лицето И.Р.) предложен од Народниот правобранител, а потоа и избран од Собранието, не ги исполнува потребните услови за вршење на работите заменик на Народниот правобранител пропишани во Законот и наведени во огласот, што е констатирано и од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата во Одлуката бр.12-88/10 од 22.10.2020 година, а по претходно извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.

Според подносителот, Одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата недвосмислено посочува на одредени незаконити дејствија сторени од страна на тогашниот Народен правобранител бидејќи до Собранието на Република Северна Македонија, доставил предлог за избор на заменик на Народниот правобранител со кандидат кој не ги исполнува законски предвидените услови.

Подносителот смета дека тогашниот Народен правобранител во постапката за предлагање на заменик на Народниот правобранител за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и несовесно постапил во службата бидејќи како предлог за избор на заменик на Народниот правобранител до Собранието на Република Северна Македонија, предложил кандидат кој не ги исполнува предвидените законски услови, иако тогашниот Народен правобранител во постапката за отворање и разгледување на добиените пријави по огласот, е должен да утврди кои од кандидатите ги исполнуваат условите, а кои не (како што направил за девет кандидати), па како предлог до Собранието да достави име на кандидат кој ги исполнува условите.

Со писмен допис од 09.01.2020 година, подносителот се обратил до тогашниот Народен правобранител со барање да биде известен врз основа на кои критериуми е извршено рангирање на кандидатите кои конкурирале за заменик Народен правобранител за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, но, не бил известен, а по поднесената ургенција од 14.02.2020 година, добил одговор дека барањето е беспредметно, и му е вратена целокупната документација, иако тој не ја барал.

Како факти и докази на кои го заснова своето барање за заштита од дискриминација по основ на политичка припадност, подносителот изнесува хронологија за работите на кои бил ангажиран како дипломиран правник (CV).

Со дополнителен поднесок за прецизирање на барањето за заштита на слободите и правата, подносителот појаснува дека предложениот и избран кандидат за заменик на Народниот правобранител за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, е активист/член на партијата на власт, односно политичката партија ДУИ, но, не само што е активист/член на партијата, туку има и конфликт на интереси со лидерот на политичката партија ДУИ, бидејќи избраниот кандидат му е зет за внука од сестра. Од тие причини, избраниот кандидат имал огромна поддршка од политичката партија ДУИ, односно од владината коалиција, да биде избран за заменик на Народниот правобранител за организационата единица на Народниот правобранител во Кичево.

По изнесувањето на причините за поднесеното барање за заштита на слободи и права, подносителот предлага Уставниот суд да ја поништи/укине Одлуката број 08-7050/1 од 25.12.2019 година, објавена на 26.12.2019 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 271/2019, во делот за избор на заменици на Народниот правобранител за подрачната организациона единица на Народниот правобранител во Кичево, како и да донесе решение за запирање на извршувањето на Одлуката во наведениот дел.

3. Со член 110 алинеја 3 од Уставот, се определени слободите и правата на човекот и граѓанинот чија заштита се остварува пред Уставниот суд на Република Северна Македонија и тие се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

Постапката за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, е уредена со Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија (членови 51 – 57).

Согласно член 51 од Деловникот, секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање на дејство со кое е сторена повредата, но, не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање.

Во барањето, според член 52 од Деловникот на Судот, потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд.

Испитувајќи го барањето од аспект на исполнетоста на условите предвидени во погоре наведените членови 51 и 52 од Деловникот на Уставниот суд, Судот утврди дека истите не се исполнети.

Имено, Судот утврди дека Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за акт на изборно дејствие што согласно член 68 став 1 алинеја 16 од Уставот, го врши Собранието.

Дополнително, треба да се има во вид дека кај барањата за заштита на слободи и права од значење е да не се пречекори рокот утврден во член 51 од Деловникот на Судот за поднесување на барања до овој суд, бидејќи тоа претставува процесна пречка за постапување по барањата и причина за отфрлање на истите согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот. Во конкретниот случај, предметното барање до овој суд е поднесено на 28.05.2021 година (по пошта), што значи, по повеќе од една година од донесувањето (дознавањето) на одлуката за избор.

Судот ги имаше предвид останатите наводи во барањето, меѓутоа, тие наводи се исклучиво во контекст на оспорување на законитоста на Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител донесена од Собранието, што е надвор од уставно утврдените надлежности на Уставниот суд и дополнителна причина за отфрлање на барањето согласно член 28 алинеја 1 од Уставот, поради ненадлежност.

Имено, Уставот со член 50 став 2, на граѓаните им гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Во време на донесувањето на Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител од страна на Собранието на Република Северна Македонија (25.12.2019 година), во примена е претходниот Закон за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” број 62/2006 и 150/2010), којшто со член 2 став 1 уредува дека во управен спор се одлучува за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон. Во член 9 од погоре наведениот закон, се пропишува за кои акти не може да се поведе управен спор, а во тие акти не спаѓаат и одлуките на Собранието за именување и разрешување, а како што уредува член 9 став 1 точка 2) од Законот, дека управен спор не може да се поведе за работи за кои врз основа на уставни овластувања директно одлучува Собранието и претседателот на Република Македонија, освен за одлуки за именување и разрешување, од што произлегува дека против одлуките на Собранието за именување и разрешување, може да се поведе управен спор.

Оттука, за испитување на законитоста на ваквите акти, воспоставена е надлежност на Управниот суд, како со претходниот Закон за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” број 62/2006 и 150/2010), така и со сега актуелниот Закон за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” број 96/2019), а во конкретниот случај преку уставниот инструмент барање за заштита на слободи и права, всушност се оспорува законитоста на Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител, донесена од Собранието на Република Северна Македонија, за што Уставниот суд не е надлежен.

4. Имајќи ги предвид наведените недостатоци, Судот констатира процесни пречки за постапување по барањето, што е причина за отфрлање на истото согласно член 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Судот.

5. Поради изнесеното, Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.74/2021
2 мај 2023 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 1 dhe 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 2 maj 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. U REFUZUA kërkesa nga Ilir Rushani nga fshati Zajas, Kërçovë, për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nga neni 110 paragrafi 3 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, të cilat i referohen ndalimit të diskriminimit në bazë të përkatësisë politike, të cilin ai e konsideron të cenuar me Vendimin për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit, e miratuar nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 25.12.2019, me numër 08-7050/1 të datës 25.12.2019, të publikuar më 26.12.2019 në “Gazetën Zyrtare të Republika e Maqedonisë së Veriut” numër 271/2019.

2. Ilir Rushani nga fshati Zajas, Kërçovë, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka dërguar kërkesë për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nga neni 110 paragrafi 3 i Kushtetutës, me pretendimin se me Vendimin për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit, të miratuar. më 25.12.2019 nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, është diskriminuar në bazë të përkatësisë politike.

Në kërkesë ai thekson se në vitin 2019 ka konkuruar në konkursin e publikuar për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit për njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë dhe kushtet që duhet t’i plotësojë një person për t’u zgjedhur zëvendës i Avokatit të Popullit janë të përcaktuara në Ligjin për Avokatin e Popullit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 60/2003, 114/2009, 181/2016, 189/2016 dhe 35/2018). Gjatë zbatimit të procedurës pas shpalljes së konkursit, më saktësisht gjatë shqyrtimit të dokumentacionit të bashkangjitur nga kandidatët e paraqitur në lidhje me plotësimin e kushteve të përcaktuara në konkurs dhe të parapara në Ligjin për Avokatin e Popullit, Avokati i Popullit ka përcaktuar se për zëvendës të Avokatit të Popullit i cili do të punojë në njësinë organizative rajonale Avokati i Popullit në Kërçovë kanë arritur fletparaqitje, por ka konstatuar se vetëm 5 kandidatë i plotësojnë kushtet, ndërsa 9 kandidatë nuk i kanë plotësuar kushtet ose fletëparaqitjet nuk kanë qenë të kompletuara. Pas procedurës së zbatuar, Avokati i Popullit ka dërguar në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut propozim kandidatë për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit, ndër të cilët edhe kandidadti i propozuar për njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë.

Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 25.12.2019, miratoi Vendim për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit, të publikuar më 26.12.2019 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut. nr. 271/2019, me të cilin zëvendës i Avokatit të Popullit i cili do të punojë në njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë, është zgjedhur personi I.R., jurist i diplomuar nga Kërçova.

Parashtruesi thekson se ish Avokati i Popullit ka shkelur procedurën e përzgjedhjes pas konkursit dhe ka bërë diskriminim ndaj tij në bazë të përkatësisë politike, për arsye se kandidati (personi I.R.) i propozuar nga Avokati i Popullit, e më pas i zgjedhur nga Kuvendi, nuk i plotëson kushtet e nevojshme për kryerjen e detyrës së zëvendësit të Avokatit të Popullit të përcaktuara në Ligj dhe të theksuara në konkrs, që është konstatuar edhe nga Komisioni Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit me Vendimin nr. 12-88/10 të datës 22.10. 2020, dhe pas një mbikëqyrjeje të jashtëzakonshme inspektuese të kryer më parë nga Inspektorati Shtetëror Arsimor.

Sipas parashtruesit, Vendimi i Komisionit Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit pa mëdyshje tregon për disa veprime të kundërligjshme të kryera nga ish Avokati i Popullit për shkak se në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dërguar propozim për zgjedhjen e zëvendës Avokatit të Popullit me kandidat i cili nuk i plotëson kushtet e përcaktuara me ligj.

Parashtruesi konsideron se ish Avokati i Popullit, në procedurën për propozimin e zëvendës Avokatit të Popullit për njësinë rajonale organizative të Avokatit të Popullit në Kërçovë, ka keqpërdorur pozitën dhe autoritetin zyrtar dhe ka vepruar në mënyrë të pa ndërgjegjshme në shërbim, sepse si propozim për zgjedhjen e zëvendës Avokatit të Popullit në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka propozuar kandidatin i cili nuk i plotëson kushtet e parapara me ligj edhe pse ish Avokati i Popullit, në procedurën e hapjes dhe shqyrtimit të fletëparaqitjeve të pranuara pas shpalljes, është i obliguar të përcaktojë se cilët prej kandidatëve i plotësojnë kushtet dhe të cilët jo (siç ka bërë për nëntë kandidatë), dhe si propozim në Kuvend të paraqesë emrin e kandidatit që i plotëson kushtet.

Me një shkresë me shkrim të datës 09.01.2020, parashtruesi i është drejtuar ish Avokatit të Popullit me kërkesë që të informohet se në bazë të cilave kritere është bërë renditja e kandidatëve të cilët kanë konkuruar për zëvendës të Avokatit të Popullit për njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë, por, nuk është njoftuar dhe pas urgjencës së dërguar të datës 14.02.2020 ka marrë përgjigje se kërkesa është e pakuptimtë dhe i është kthyer i gjithë dokumentacioni edhe pse nuk e ka kërkuar.

Si fakte dhe prova mbi të cilat ai e mbështet kërkesën e tij për mbrojtje nga diskriminimi në bazë të përkatësisë politike, parashtruesi paraqet një kronologji të punëve me të cilat ka qenë i angazhuar si jurist i diplomuar (CV).

Me parashtresën plotësuese për saktësimin e kërkesës për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, parashtruesi sqaron se kandidati i propozuar dhe i zgjedhur për zëvendës të Avokatit të Popullit për njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë, është aktivist/anëtar i partisë në pushtet, respektivisht partisë politike BDI, por jo vetëm që është aktivist/anëtar i partisë, por ka konflikt interesi edhe me liderin e partisë politike BDI, pasi kandidatin e zgjedhur e ka dhëndërr nga mbesa – vajza e motrës. Për këto arsye, kandidati i përzgjedhur kishte përkrahje të madhe nga partia politike BDI, përkatësisht nga koalicioni qeveritar, për t’u zgjedhur zëvendës i Avokatit të Popullit për njësinë organizative të Avokatit të Popullit në Kërçovë.

Pas paraqitjes së arsyeve të kërkesës së paraqitur për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, parashtruesi i propozon Gjykatës Kushtetuese të anulojë/shfuqizojë Vendimin nr.08-7050/1, të datës 25.12.2019, publikuar më 26.12.2019 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 271/2019, në pjesën për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit për njësinë organizative rajonale të Avokatit të Popullit në Kërçovë, si dhe të merret vendim për ndalimin e realizimkit të Vendimit në pjesën e përcaktuar.

3. Me nenin 110 alineja 3 të Kushtetutës përcakton liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit, mbrojtja e të cilëve ushtrohet para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe ato i referohen lirisë së besimit, ndërgjegjes, mendimit dhe shprehjes publike të mendimit, shoqërimit politik dhe veprimit dhe ndalimit të diskriminimit të qytetarëve në bazë të gjinisë, racës, fesë, përkatësisë kombëtare, sociale dhe politike.

Procedura për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nga neni 110 alineja 3 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është rregulluar me Rregulloren e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (nenet 51 – 57).

Në bazë të nenit 51 të Rregullores, çdo qytetar i cili konsideron se me akt apo veprim të vetëm i është cenuar e drejta apo liria e tij e përcaktuar me nenin 110 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, mund të kërkojë mbrojtje nga Gjykata Kushtetuese brenda 2 muajsh nga dita e dërgimit të aktit përfundimtar ose të formës së prerë, pra nga dita kur mësohet për marrjen e një veprimi që ka kryer shkeljen, por jo më vonë se 5 vjet nga dita e marrjes së tij.

Në kërkesë, sipas nenit 52 të Rregullores së Gjykatës, duhet të theksohen arsyet për të cilat kërkohet mbrojtja, aktet apo veprimet me të cilat cenohen ato, faktet dhe provat në të cilat mbështetet kërkesa, si dhe si të dhëna të tjera të nevojshme për vendimin e Gjykatës Kushtetuese.

Gjykata, duke e shqyrtuar kërkesën nga pikëpamja e plotësimit të kushteve të parashikuara në nenet 51 dhe 52 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, konstatoi se ato nuk ishin plotësuar.

Konkretisht, Gjykata konstatoi se Vendimi për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit nuk paraqet akt individual që vendos për liritë dhe të drejtat individuale të qytetarëve, përkatësisht për kufizimin ose privimin e disa lirive dhe të drejtave të garantuara me Kushtetutë, por bëhet fjatë për akt të veprimit zgjedhor që sipas nenit 68 paragrafi 1 alineja 16 të Kushtetutës e kryen Kuvendi.

Gjithashtu, duhet pasur parasysh se në rastin e kërkesave për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, është e rëndësishme që të mos kalohet afati i përcaktuar në nenin 51 të Rregullores së Gjykatës për paraqitjen e kërkesave në këtë gjykatë, pasi kjo përbën pengesë procedurale për trajtimin e kërkesave dhe arsyen e refuzimit të tyre në pajtim me nenin 28 paragrafi 3 të Rregullores së punës. Në rastin konkret, kërkesa në fjalë i është dërguar kësaj gjykate më 28 maj 2021 (me postë), që do të thotë, më shumë se një vit pas miratimit (njoftimit) të vendimit të përzgjedhjes.

Gjykata ka marrë parasysh edhe pretendimet e tjera në kërkesë, por ato pretendime janë ekskluzivisht në kontest të kontestimit të ligjshmërisë së Vendimit për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit të miratuar nga Kuvendi, që është përtej kompetencave të përcaktuara me kushtetutë të Gjykatës Kushtetuese dhe arsye shtesë për refuzimin e kërkesës në pajtim me neni 28 alineja 1 të Kushtetutës për shkak të moskompetencës.

Gjegjësisht, Kushtetuta, me nenin 50 paragrafi 2, u garanton qytetarëve mbrojtjen gjyqësore të ligjshmërisë së akteve individuale të administratës shtetërore dhe institucioneve të tjera që ushtrojnë kompetenca publike.

Në kohën e miratimit të Vendimit për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut (25 dhjetor 2019), zbatohej Ligji i mëparshëm për kontestet administrative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 62/2006 dhe 150/2010), i cili me nenin 2 paragrafi 1 përcakton se në një kontest administrativ vendoset për ligjshmërinë e akteve individuale të miratuara në procedurën zgjedhore dhe të akteve individuale për zgjedhjet, emërimet dhe shkarkimet e bartësve të funksioneve publike, nëse kjo përcaktohet me ligj, si dhe për aktet e emërimit dhe shkarkimit të nëpunësve udhëheqës shtetëror, nëse me ligj nuk përcaktohet ndryshe. Në nenin 9 të ligjit të lartpërmendur është paraparë se për cilat akte nuk mund të fillohet kontesti administrativ dhe në ato akte nuk përfshihen vendimet e Kuvendit për emërimin dhe shkarkimin dhe siç rregullohet me nenin 9 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit, se kontest administrativ nuk mund të iniciohet për çështje për të cilat vendos drejtpërdrejt Kuvendi dhe Presidenti i Republikës së Maqedonisë në bazë të kompetencave kushtetuese, përveç vendimeve për emërim dhe shkarkim, nga ku del se kundër vendimeve të Kuvendit për emërimin dhe shkarkimin, është e mundur të fillohet kontest administrativ.

Së këndejmi, për shqyrtimin e ligjshmërisë së akteve të tilla, është përcaktuar juridiksioni i Gjykatës Administrative, si me Ligjin e mëparshëm për kontestet administrative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 62/2006 dhe 150/2010), si dhe me Ligjin aktual për kontestet administrative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 96/2019), dhe në këtë rast, përmes instrumentit kushtetues, kërkesë për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, në të vërtetë kontestohet ligjshmëria e Vendimit për zgjedhjen e zëvendësve të Avokatit të Popullit, i miratuar nga Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, për të cilin nuk është kompetente Gjykata Kushtetuese.

4. Duke marrë parasysh mangësitë e cekura, Gjykata konstaton pengesa procedurale për procedimin e kërkesës, që është arsyeja për refuzimin e të njëjtës në pajtim me nenin 28 alinetë 1 dhe 3 të Rregullores së Gjykatës.

5. Për shkak të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.74/2021
2. maj 2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska